Исто така граматички нема смисла Ангела Ружин и Маја Ивановиќ, како и професор Тања Марковска. Тоа не ги прави граматички неточни. Вториот дел, за тоа како звучи, е секако субјективна работа.
Зборуваме за -ска/-ова презимиња, така што овие што ги спомна воопшто не ни спаѓаат во таа категорија. За професор и професорка е сосема друга тема и нема врска со помодарското одродување на женските презимиња. Знам дека сакате да си најдете изговор, ама фактот е тој - неписмено е.
Ружин и Ивановиќ се исто толку придавки колку Марковски и Ангелов. Според поклопувањето на родот треба да биде Ружина и Ивановиќева. Но не е, и тоа е во ред, не е ниту неписмено, ниту се коси со правило за презимиња во македонскиот јазик, од причина што такво правило официјално не постои. Професор и професорка не е друга тема, бидејќи темата моментално ни е родово поклопување на атрибут и именка. Немам ништо против твојот став за таквите презимиња, патем и јас имам презиме што завршува на -а, не планирам да го менувам. Само кажувам дека граматиката нема голема улога кај презимињата и дека веројатно со тек на време и таквите презимиња ќе се нормализираат исто како Ружин и Ивановиќ.
Ружин и Ивановиќ не се презимиња со македонски корен. За нив нашите граматички правила не важат. Важат за оние со македоснки корен. Си има граматички правила и отстапки од истите.
Како кај сите јазици, така и кај нас нема граматичко правило за презимиња. Ако сметаш дека има, мислам дека е фер да го цититаш овде со извор.
Мене не може да ми се смени идентитет по кој сум позната 27год. затоа што се мажам. Ако се мажам, не значи дека како на предмет (автомобил) треба да ми се наметне туѓо име/презиме, да се знае дека е негова сопственост. Го додавам затоа што сум и дел од таа фамилија, но нема причини зашто да го исфрлам моминското. Кога ќе слушнам за оној селски менталитет, моралааа да го земе само неговото презиме - ми се лоши. И што е најтрагично до кавги доаѓа. Децата си го земаат татковото, како што и јас го имав само тоа.
Секој си има право да си избере јас тоа не го ни оспорувам. Само чудни ми се ситуациите во кои децата имаат 2 презимиња. Затоа и го напишав коментарот на ваков начин.
Повели. Знам дека е новинарски текст ама има правила во новиот правопи. најди го правиписот и читај: http://vesti.mk/read/news/10152450/3556844/koi-preziminja-ja-krshat-makedonskata-jazichna-norma Ова го најновиот Правопис на веб: http://pravopis.mk/
Токму бидејќи го имам веќе прочитано и немам сретнато такво правило, те повикав ти да го цитираш. Како и да е, веројатно делот со препораки не бил изгласан да помине во печатење. Сепак, дури и да беше, има причина зошто би бил кај препораките, а не кај правилата. Ако евентуално успееш да најдеш правило, било во правопис, било во граматика, очекувам да ме известиш.
Кај личните имиња има отстапувања од сите граматички правила и прописи. Може ете на некој баш таа +/- буква на некој му е ќејф да му стои во името или презимето и тоа си е негово лично право.
Јас се зезнав на времето кога се мажев, го додав неговото презиме во машка форма, да ме прашаш појма немам зошто така постапив, а сега се каам ептен, и би сакала да можам да го исправам стореното, но еден куп документи ќе треба да менувам, инаку одма би, и потполно се сложувам со тебе.
Го зедов неговото презиме. Во женски род си е. Неговото ми беше поубаво. Иста сум со било кое презиме, ДНК-та не ја сменав, затоа што го сменав презимето. Сосема ми е ок, секоја да си одлучи за себе, а што некој мисли за мојата одлука, ич не ми е гајле.
Го зедов само неговото. Некако долго ми стоеше името+презимето мое+ неговото презиме. А и немаше потреба.
Ќе го земам неговото презиме, во женски род се разбира. Моето + неговото презиме само ќе ми бидат уметнички. Од таа гледна точка, не би сакала да го „избришам“ трагот на моето моминско презиме.
јас го земав презимето од сопругата, нормално со -ска на крајот Роберт Петковска...преубаво, и законот ми го дозволува тоа, нели? " са молат Господин Петковска и Госпоѓа Цветков да повелат.....бла бла "
Само една мала корекција....не се работи за селски менталитет туку за Македонска традиција, нешто кое е само еден мал дел од идентитетот т.е. не прави поразлични од другите...
Го задржав своето и го додадов неговото на моето презиме.така сакавме и двајцата и немаше никаков проблем