Абе едни поразлични... освен Шпанците, кои не менуваат презимиња, не знам дали има друг народ кај кој не постои оваа традиција
Ако некогаш дојде време да заврши модата со жени со машко презиме, ќе мислат луѓето матичарите од претходно биле неписмени и дека се работи за грешки. Јас не знам како може некоја сака да се презива Петров? Сигурно има г-ѓа со машко презиме и на форумов, јас се извинувам што ми звучи глупаво. Ноу хард филингс, мое мислење само.
Мене ми звучи симпатично ако е, на пример, Ана Петров. Ана Стојановска Петров/ски ми е веќе ту мач. Знам дека е неправилно според нашиот јазик, но па според мене, или ич, или оргинална форма (машка)
Ја се стварно испричавам ако некој се пронајде ама искрено и мене тоа ми е ептен глупо и нелогично, жена со машко презиме. Па мислам нема смисла сеа, дајте сменете ги нека се тргне таа мода как шо вика Мариголда. Иначе, да би го земала неговото презиме ама ако повеќе ми се аресе од мојто. Ако мојто е поубаво јахаха ке си го задржам
Го зедов неговото така сакавме и двајцата Но сакам да прашам ако знае некој има ли рок до кога можеш да ја користеш личната карта со старото презиме и место на живеење (не сум поднела барање за менување бидејќи сега полагам за возачка дозвола па ако го сменам местото на живеење треба да одам таму да полагам, затоа сакам прво да положам па да менувам док.) и се извинувам ако прашањето не е за овде.
Јас би го заджала своето и би го додала на мажот презимето. Толку моето презиме одговара на моето име што со ниедно друго поубаво не би звучело. Презимето го сметам за идентитет и не гледам причина зошто да го сменам.
Многу мажи се бунат за тоа жената да го земе САМО неговото презиме. Зет ми беше ваков, вика што ќе и е. Мене искрено сеедно ми е дали ќе го земе само моето или ќе го додаде. Не ми игра некоја улога. Дали сум нормален?
Од сегашен аспект би го задржала своето и не би го додала неговото.Сега го имам само неговото,ама нон стоп дебатираме со маж ми дека не го осеќам како свое.Можеби треба време да помине за да го навикнам ама нели 27 години си носел едно презиме така те знаат и препознаваат и мислам до крајот на животот само тоа ќе го осеќам како свое.
Смени ја личната карта со ново презиме, а остани си на старата адреса ако сте од различни градови. Така можеш да полагаш во твојот град.
Затоа го оставив моето. Не би можела да се навикнам без него, слично ми е со името и така се чувствувам и препознавам како јас. Интересно е што на работа побараа само едно презиме да користам, странска фирма е па мачно им е едното да го погодат, а не две и го избрав на сопругот презимето, па ептен ми е чудно, не можам да се навикнам ко ќе ми се обраќаат така- баш како што пишуваш. Инаку маж ми воопшто немаше проблем што го оставив моето, не знам ни зошто некои мажи така реагираат.