Братучетка на моја другарка има исто моминско презиме со сегашното. Нејзиното е со В, а неговото без В. И го смени во матично. Јас не би менувала само за една буква. Јас го носам презимето од маж ми (голема грешка), ама секој пат ми го грешат. Долго е, па тешко им е за помнење. Само во (одредени) документи ми стои.
Ниту е понижувачко, ниту значи дека си нечија сопственост ако го земиш презимето на сопругот. Ниту пак е менување на идентитет. Ќе го земам неговото, од субјективно значење, и нормално со -ска. Спојлер Немам проблем ако сака тој да го земи моето, ако сака да се вика и презива исто со брат ми.
Јас го зедов презимето од сопругот. Веднаш после потпишувањето се покајав, нормално причина свекрва и свекор. Поминаа неколку месеци свекорот и мене и сопругот не навреди и тоа многу. Утредента јас во МВР да си го вратам моминското презиме. И сега е вака: моето име, моето презиме - презимето од сопругот. Тражили сте гледајте.
Си го задржав моето зошто ми е незамисливо да сменам презиме и идентитет само за покажам припадност кон некого.
Знаеш дека во поголемиот дел до светот Вања е машко име, така? Вујко Вања, ти е пример. Андреа е машко име во повеќето земји каде и име е присутно (не зборувам за тие деца родени во Македонија во последните 5 години со модерни имиња). Бажа се исто однесува на машки личности во земјите како Србија и Хрватска. Тоа со жените што го земаат презимето во машки род е тотално неедуцирано и помодарско. Разбирам причината да беше нешто од типот на бунтување кон хетеронормативноста на нашите презимиња, но не е така. Нашите презимиња имаат значење, т.е симболизираат од каде си или чија си, а јазикот имат род. Презиме во машки род на жена е исто како некој да рече тој девојка.
Маж ми имал дедо Добрица Инаку , јас не го задржав моминското презиме . Ако го задржев, кај ќе ми беше крајот . Бети Канчевска немаше да ми е рамна . Име = осум букви Моминско презиме = единаесет букви Презимето на маж ми = осум букви Додека се потпишам / претставам отиде пола ден Затоа само од маж ми си го земав не заради припадност
Моето презиме нема некое значење, дедо ми си го сменил неговото пред да ја запознае баба ми. Јас би сменила само затоа што сакам и јас и децата и мажот да имаме исто презиме (ако сака он да го земе моето ок, ништо не ми менува) а две презимиња не сакам да носам затоа што моето и онака е долго.
Go zemav negovoto i gorda sum na taa odluka za mene toa nee menuvanje na identitet a najmalce pa sum necija sopstvenost
Па на времето презимињата не биле по дедовците или прадедовците? Инаку јас моето го задржав бидејќи на димпломата ми го пишуваше и веќе ме знаеа по него на професионален план. Ќе ми беше многу комплицирано да го менувам, а немам ништо против земање на неговото, дури сметам дека тој има поубаво презиме.
Би го земала неговото. Ептен е специфично, само неговото семејство го има и одговара со моето име. Не сум нешто посебно врзана со моето презиме, од Х причини дури и ми смета. Всушност, секако би го земала неговото, како и да е. Едвај чекам.
Колку време беше потребно за да го вратиш моминското? Јас го зедов и од сопругот го задржав и своето, но предолго ми е некако сега и би го оставила само неговото, ако не е пренапорна целата процедура
Сериозно заради закачка со свекор ти си го додаде и твоето презиме?!? Ме зачуди причината! Јас го зедов презимето на ММ и навикнав на тоа сосем брзо. Реално и небитно ми беше дали ќе биде неговото или моето. Дури и да се разведам мислам дека на неговото би останала за да одбегнам да менувам документи, е до толку ми е небитно!
1. Прво во градот во кој јас живеам моето име и презиме значат нешто. 2. Од секогаш, значи од најмала возраст кажував дека ќе го задржам моминското презиме. 3. Во рана младост останав сираче, без татко кој што ми го даде презимето по раѓањето. 4. Е, сега ајде атер свекорот за да нема замерки јас на денот на венчавката погазив се погоре напишано. 5. Свекорот( алкохоличар) мене и на маж ми удри по бракот. Е, тука чашата се прелеа.
Јас од секогаш сум знаела и сакала кога ќе се омажам да си го зачувам и своето презиме. Мм е од таква фамилија (типичен балкански менталитет) каде што жената немало зошто да си го задржи нејзиното презиме. Јас за да не си создавам плус главоболки со нив, со мм се договорив дека на денот на свадбата ќе го земам неговото презиме, за да не го направат дека е ,,помал маж''. После тоа ќе си го вратам и моето. Сите среќни и задоволни