А зошто прифаќате во матично за после пак да си го вратите старото презиме или да сте со двете? Кога од старт не сакате да го направите тоа. Кој фактор се родителите на партнерот за вие да си го промените идентитетот? Не се однесува на последната членка која пишала, туку на сите кои размислуваат и го прават тоа.
Живи глупости, јас си го задржав моето, и додека траеше церемонијата ме прашува матичарот и викам си го задржувам своето и во позадина почна да се слушаат гласови одма реакции од присутните Сметам дека земањето презиме треба да се искорени, за мене тоа е менување идентитет без потреба, презимето не го држи бракот
Дали некоја сега брзо менувала документи заради промена на презиме да каже како оди постапката? Дали бараат извод на родени нов и колку време треба да се добие личната карта?
На шалтер кај што издаваат изводи. Молбата, уплатница и изводот од венчани. Плус документот од матично за склучен брак. Кога ќе го добиеш изводот закажуваш за лична карта и пасош. Во рок од 30 дена од склучен брак мора да закажеш. Јас бев во МТВ. Сега мислам дека се поделени по општини.
Јас менував. Од еден во друг град се пријавував, прво се одјавив и ми требаше извод на родени. Чекав за решение неколку дена за да ме пријават во тој град. Лична карта кога ќе закажеш тогаш одиш да се сликаш. Јас ја земав за 10 дена.
Јас го земав на сопругот презимето. Нити притисок нити некој бараше од мене. Моминското ми е многу долго и комплицирано и често го грешеа, а сега ми е многу покусо и едноставно и ми се допаѓа како звучи. Јас така решив и им кажав на сите. И секако во женски род. Една од одликите на нашиот јазик е род во имињата и јас како јазичар се залагам да се сочуваат тие одлики дека не прават уникатни. Според мене не е губење на идентитет, туку надополнување, нешто како upgrade, v. 2.0 Уффф, само кога презимето би бил единствениот проблем во бракот...
Јас па не ни го прашав шо и како ќе праиме со презимето. Го земав неговото, со -ска, а матичарот кога го праша кое презиме он ќе го носи, рече нејзиното новото... сите заќутеа и мислам не баш сфатија.
Јас и моето и неговото ми беше желба од секогаш сакав и убаво што го земав со јатрвата имаме исто име
Го додадов неговото во женски род. Немаше негодувања - само еден муабет од свекрва ми пред свадбата демек некој маж ја оставил невестата во матично зашто решила да додаде презиме. Јас и одговорив дека ако син и тоа го направи јас ќе си заминам и тоа беше крај на муабетот - никој не ми се мешаше во изборот. Мм рече ти ќе го носиш - ако сакаш две долги презимиња слободно, сакаш твоето, сакаш само моето сакаш трето измисли си
Јас двете ги имам. Така ми бил планот уште пред да го запознаам сопругот, може сум пишувала порано на темава, не се сеќавам. Никој ништо не ми рече од блиските, ме знаат дека не е паметно за такви работи да ме рчкаат. Се најде по некој рандом да ми рече е што сега со две презимиња. Цел живот се расправам за презимето, ми го грешат, е сега не го давам. Неговото го додадов за да имам исто презиме со децата. И поубаво ми звучи со двете презимиња. А мажи/свекрви/кој и да е што се осеќаат помалку вредни зошто новиот член на фамилијата не сака да го смени презимето, си имаат некој личен проблем. Да не е маж ми помалку вреден што жена му има две презимиња? Или брат ми што снаа ми си го задржа своето? Ова го изедначувам со муабетот дека свекрвата треба да ја викаш мама. Живи глупости. Како сакам така ќе се викам.
Типично патријархално, мажот ја оставил невестата... Се да им се угоди де и песна по желба само да те удостојат за жена да те земат, нај јак фактор се они во цела приказна. Посебно тоа свекрвиштата македонски што си мислат дека си нивна сега. Со закон треба да се заштити и кај нас моминското презиме, не гледам воопшто причина да се менува. Како да си некој предмет што преоѓаш од една во друга сопственост. Ама уште многу време ќе помине додека македонската нација сфати што всушност претставува брак. Иначе најмногу во темава ме иритира тоа што свекрвиштата и остали се дрзнуваат да кажат мислење за нечие презиме. Ни толку немаат за право.
Нема врска и во Кина да се венчаш како ќе го пишеш презимето, така ќе те пишат во изводот на матична за венчани. Во Србија нема машки и женски род на презиме и пример кога во некоја институција ги прозиваат по презиме и пример повикауваат жена, нема да каже Стојановиќ бидејќи нема да знаат дали маж викаат или жена затоа они додаваат Стојановиќ/ка. За да се знае дека жената ја вика а не мажот. Ова само разговорно го применуваат. Во документи си е исто.
И јас сум за тоа секој да си остане со своето презиме. Јас сум во процедура да го вратам моето. Неговото често го грешат. Маж се лути, ама баш ми е гајле.