Јас го зедов презимето на сопругот. Моето презиме беше српско и едвај чекав да се омажам да го сменам. Инаку сегашново презиме ми е со И на крај. Имав желба и за тоа. Ајде судете ме и мене за тоа.
Никој не треба да суди на никој а секој треба да има право на избор на крај краева. Не смее да се наметнува, да се врши притисок за нешто што е законски уредено. А што се случува на нашиот балкан е што би самиот младоженец толку не се замара за презимето колку неговите родители. Нека си избере девојката сама. Јас лично не сакам да го сменам прво што еден куп бирократија ме чека и замарање и второ не сакам моето да го снема зашто многу си го ценам.
И сега ќе ти речат што ако, пошо секако децата со презимето на таткото ќе бидат, ќе го снема твоето со тебе Абе како сакате така викајте се. Мене во машка форма ми е безвезе. На друг моите две презимиња им се безвезе. И така. И онака ако сакам утре ќе одам ќе се сменам во Петранка, кој може да ме застане.
Јас останав само со своето презиме. Зборував со маж ми и му кажав, ако сакаш и двајцата ќе имаме две презимиња, ако сакаш да одбереме трето наше ново, ако не си останувам со своето. Рече јас не сакам ново,а ти како сакаш. За да не се довлоши ситуацијата во семејството, отворено му кажав на дедото по татко на маж ми дека ќе си останам така како што сум си била 25 години. Рече добро, а потоа го прашувал маж ми да не е поради лошите односи со неговите родители. Славни личности го правеле тоа, хаха. Единствено ме боли што син ми не го носи и моето презиме. Но, уште една војна не можам да водам, а знам дека треба.
Јас би си го земала само на дечко ми, иден маж де, од причина што многу долго ќе дојде со две презимиња, плус од секогаш сум била заљубена во неговото презиме. Моминското на мајка ми е исто како неговото, само завршува на -ва, а неговото е -вски, уште од мала и викав мамо ма, сакам да се презивам ко тебе. И ете, ќе ми се исполни желбата.
Не ми е поентата дали ќе се продолжи, туку ми е од сентименталност. Јас потекнувам од таа фамилија, таа крв, тие гени и тоа презиме нека си стои. А не паѓам во транс дали ќе се продолжи лозата итн.Тие работи ама ич не ми битни и напротив ми е логично да го имаат неговото презиме. Они што сакаат нека речат . Најголем компромис што можам да го направам е да го додадам неговото во оригинална форма онака ради реда и тоа кога ми истече пасошот или да се стваи некое трето за двајцата. Стапување во брак е а не посвојување
Завршив таа работа јас. Сакав првично да го оставам моето само, но на крај го додадов и тоа на сопругот и сега имам две презимиња. Го направив тоа поради него, поради тоа што тој направил големи работи за мене и знам дека во неговиот крај се тврдокорни конзервативци и не сакав да го изложувам на потсмев. Неговите реагираа и ме фати инат го оставив во машка форма иако и мене не ми е мн логична граматички таа верзија. Инаку презимето може да се смени и после, дали старото ќе го вратиш, дали сосем трето, се оди во МВР и они завршуваат тоа. Само треба мислам и потврда дека сте криминално чисти, нешто така... Многу погрешно е тоа дека одиш во нивна фамилија и треба нивното да го земеш, сеа си нивна. Не не сум нивна, на мајка ми и татко ми сум, и не одам во нивна фамилија туку создавам своја. Исто така немам ништо против и кон тие што го земале презимето на сопругот, секој си има свои причини. Ама родителите негови се никаков фактор да кажуваат како треба.
Јас ќе го сменам и ќе го вратам само моето. Само уште документи да средам. Освен лична карта и извод се друго ми е со старото презиме. А и ова го грешат. Изгледа ги мрзи да читаат.
Абе види, ако ти се добри односите со сопругот би ти препорачала да не го бришеш неговото. Додај го твоето евентуално. Како што те читав, имаш и дечиња па на твое место јас би оставила како што е. Те читав дека со неговите не стоиш добро ама немој поради нив да си ствараш тензии со сопругот. И јас имам пишувано во тема снаа свекрви дека и моите се со старински сваќања и се мислат дека се многу главни па и за презимето си земаа за право да кажат. Ама кој ги врти, со дигната глава во матично си кажав дека го задржувам и моето. Неговото го додадов само поради него, му значеше.
И во тој случај, можеш да го смениш и да биде само твоето. И трето некое ако сакаш можеш да ставиш. само мислам дека секако се бара потврда дека не си осудувана
Јас сакав да го земам неговото, многу е позвучно и пократко од моето. Ама поради тоа што сме во странство, и тука се венчавме, ќе ми беше многу комплицирано да се враќам, да ги менувам сите документи, па потоа овде да проверам дали треба да правам некои промени дека со ново презиме... Многу ни беше комплицирано, и одлучивме сега за сега да си е вака. Па здравје понатаму можеби ќе го променам. На мм не му пречи во секој случај, а и неговото семејство не ни се меша за тоа.
При секоја промена на лични податоци (име или презиме) потребна е потврда од казнено-кривична евиденција.