Мене реално никој не ми се мешаше во одлуката за презимето . И неговите и мојте родители се млади ( мислам , млади , околу 50-59 се мојте , неговите се нешто помлади ) така да , сите се согласија да си одберам јас како сакам така . Јас сама го избрав неговото презиме , бидејќи ако ги задржев и двете , тоа ќе беше релативно дооооолго за претставување , потпишување и помнење воопшто , како што веќе и напишав предходно . А и поубаво е неговото дека српско , а јас отсекогаш сум сакала презиме кое нема род .
Јас се мислам што да кажам дали да го задржам или да го прифатам исти ни се или да одам на СКИ на крај ?
Мене девојачко ми е ептен ретко и специфично, само 5 фамилии сме, од наша страна немаме машко за да го продолжи. Кога маж ми го прочита презимето прв пат кога ме виде секогаш кажува се збунал, гледа Македонско име ама презимево чудно. Секогаш ме викаше по презиме, не ни помислив да го задржам ама сам ми предложи, ќе ги израдуваш твоите рече,една те имаат, а не би имал никаков проблем и децата да ги имаат двете презимиња. За првиот предлог се сложив, кога виде татко ми на венчаницата солзи, за вториот секако одлучив беба да носи негово презиме. Иначе и јас и беба сме со -СКИ. А за маж ми си останав со девојачкото презиме упорно нагалено така ме вика.
Си го засежав своето и воопште не ми е грижа што другите мислат. Се мажам а не се потурчувам па да менувам идентитет. Многу ми е глупаво тоа.
Секој има право на избор, плус менување презиме не е менување идентитет, тоа се скроз различни работи. Јас своето презиме не го задржувам, да бев доктор, адвокат, па да ме памтеле по презиме, вака нема потреба, неговото е српско и повеќе ми се допаѓа, нема да се потпишувам пола саат, се знае едно презиме доволно е. Тоа е лично мој избор.
Менување презиме е индид менување на идентитет, тоа е скроз иста работа. На папир, а и во реален живот. И секој со својот извор де.
Се повеќе гледам жени со преземено презиме од мажот во машки род. Како нешто нова мода е тоа или жениве од збес веќе не знаат што друго да направат? Дури и тоа што не' прави поразлични од другите националности не знаеме да го истакнеме и да бидеме горди на тоа. Страшно.
Реално . Јас само поради тоа што името и моето презиме девојачко се предолги ( 8 букви име , 11 презиме и 8 неговото презиме , каде ќе беше крајот ) , го земав само неговото . И дека без род е иќ за мажи , иќ за жени .
Јас го додадов неговото и го зачував моето, ама по обратен редослед, неговото прво моето второ. Така ми е позвучно, полесно за изговарање, а и плус сега кога треба да пишам име и презиме некаде, неговото презиме можам да го пишам и само со една буква/иницијал, како средно име, не мора цело и ми заштедува време и го немам чувството на сменет идентитет.
Кој како сака нека си прави, ама ниту би го земала презимето на сегашниов ниту на некој во иднина. Нема маж на светов што ќе го заслужи тоа од моја страна..
Налетав случајно на темава. Не би имала дилема, бидејќи со дечко ми имаме исто презиме (не сме роднини). Некогаш се зафркаваме дека ќе си го задржам и моето, та и неговото за да биде истото два пати. Некаде ќе го запишат еднаш на грешка и ќе ги тужиме за оштета, па ете ни бизнис. Инаку, ако ете не не спои судбината со него, би го избрала само неговото презиме (во женски облик). И јас имам размислувано на оваа тема. Тоа го правеле затоа што не се мажеле за свекрвите. Според мене е глупост, но секој како си сака.
Ако треба таков "малограѓански доказ", нема подобра опција од таа да се задржи своето презиме (ни додавање, ни откажување)
Буквално. Јас лично сум против тоа. Па и што потреба од старт такво мислење за свекрвите. Не секоја свекрва е лоша, нели? Мајката на дечко ми ми е далеку од свекрва моментално, но имаме предобар однос (да не речам ко мајка-ќерка). Ме вика злато, душо и секогаш е насмеана кон мене. До скоро дури и и персирав. Еднаш уз разговор случајно спомна дека персирањето ја асоцира на постара и недобро ми падна иако и персирав од почит. Значи девојки, презимето е најмал проблем и нема потреба од анти-свекрви политика.
Ништо не е најмал проблем кога треба да почнат од некаде за да се (снаа, свекрва) изборат за автократија
Не знаев дека ова е причината за земање презиме во машки род. Презимето ми е гордост да е во мојот, женски род, сепак секој со своите желби и избори.