Хаха се насмеав, случајно отворив, го немам ова досега чуено Генерално мислам е дека е помодарство, не дека ми смета, ама не гледам друга причина во јазик кој има родови и припадност во јазикот. Во странство никаде не е проблем, можат да се и со различни презимиња, не знам од каде потекнува тој мит дека е полесно за документи. Барем за Европа не е. А ако некој му е ради свекрвата, тогаш нека има на ум дека зема презиме од свекорот со ски
Јас ќе си го задржам моето и плус ќе го превземам на сопругот. Премногу си го сакам презимето моминско, така сум се родила, со тоа сум растела, така се знам целиот живот, и од таа причина решив да си го задржам.
Искрено не можам да замислам да се откажам од презимето. Јас во август уште пишувам 2019, заборавам колку години имам, не па презиме да сменам по своја волја. Неќу, мое си е.
Почита спрема мажот ќе има време да се покажува во секојдневниот заеднички живот, всушност треба да постои обострана почит за да функционира бракот. Еве ако тој те почитува ќе дозволи сама да си одлучиш, зошто во матично тебе те прашуваат да одбереш опција за презиме. И мене не ми беше логично да го тргнам моето презиме само бидејќи се мажам, а го додадов неговото за да имаме заедничко презиме со децата. Не сум писателка а имам две презимиња.
На прашањето во матично за превземање или додавање или задржување на презимето се прашуваат и двајцата брачни другари. И ова е доста интересно во последно време со превземањето на презимето на сопругот во машки род, што јас лично не го оправдувам, а и не е по граматиката на македонскиот јазик. Всушност кога веќе и двајцата сопружници ги прашуваат, може да се случи и сопругот на своето презиме да го додаде моминското презиме на сопругата, или само да го превземе моминското презиме на сопругата, што е всушност законски дозволено,поради еднаквост и рамноправност помеѓу брачните другари. Е сега како би звучело кога сопругот ќе го превземе презимето на сопругата во женски род и како тоа би звучело? Роберт Поповска, на пример, или Роберт Робертовски-Поповска... И одиш на некој семинар или незнам каде и таму те прозиваат, ајде ве молам Г-дин Поповска да се изјасни..!? Мислам дека треба да си ја почитуваме граматиката на нашиот јазик барем кога се работи за стапување во брак помеѓу лица со македонски презимиња, колку толку да си ја зачуваме и традицијата наша.
јас ко што знам треба да има обострано почитување и по закон двајцата брачни другари имаат еднакви права и обврски во добро и во зло... Убаво е да се задржи граматичката традиција, а тоа кој чиво презиме ќе земе или не, законот дозволува комбинации, тука веќе традиција, презиме од маж, не важи.
Да си го задржиш своето или да го задржиш и додадеш неговото е законско право. Почит се покажува со однесување, дела и лојалност, а не со менување на презиме што цел живот си го носел. Дали сериозно во 21 век уште мислите дека 2 презимиња се само за VIP личности? Кој ве лажел толку?
Тие што не ги менуваат пρезимињата, сигуρно имаат многу убави пρезимиња што многу им се допаѓаат. Нели е таκа?
Ја искрено ради уникатноста би си го задржала т.е дека ми се допаѓа да. Со ова презиме сум една Дрим и препознатлива по него, со некое друго шо е почесто у Мкд не би била таа Дрим шо ја знаат по презиме и нема утка која е. Не дека нешо ми значи толку дека цел живот сум со него. Ама и интересно ми личат две презимиња.
Не моето е многу често презиме ништо посебно за другите ама за мене е мое презиме со тоа презиме сум родена со тоа презиме сум 30 години и останува бидејќи јас така сакам.