Јас имам многу вообичаено моминско презиме, а мм уникатно. Па така си се откажав од моето и го зедов неговото. А пред тоа планирав да си го задржам.
Jas ne samo sto si go zadrzav tuku i toj go zema moeto sto znaci isto e pa zatoa i maticarot ne ne p rasa
Зависно од ситуацијата има две опции 1.или на моето ќе го додадам на мажот во оригинална форма 2.или само на мажот ,оригинал(ако биде послушен )
ќе го земам неговото, да не е татко ми претседател па да го задржам моето? тоа го прават само повисоките личности со поголеми презимиња.
Јас си го задржав моето,а тој неговото (од оправдани причини),без никакви додавки. Па кога сакаш,тогаш можеш да промениш не само презиме туку и име.
Нелогично и антипатично ми звучат две презимиња . Одбивни ми се таквите луѓе , само што ќе слушнам ми остава впечаток на несигурност и желба да за истакнатост во општеството , да се биде уникатен, несекојневен затоа што еве јас лично ретко познавав парови кои се одлучиле на таков чекор , а во последно време мода станало . Јас ќе си стојам на зборот , го земам неговото
Порано и јас си мислев дека нема шанси да го сменам моето презиме, а не сакам да имам две. Ама сега се ставив во дилема, т.е. Хајди Клум ме стави. Таа има ќерка Хелена од Бриаторе, која го носеше нејзиното презиме. Потоа се ожени со пеачот Сил Семјуел и со него има три други деца, кои се презиваат Семјуел. Тој несакајки Хелена да се дели од двата браќа и сестрата по презимето и го даде неговото презиме и сите деца им се презиваат Семјуел и само Хајди остана со презимето Клум. Подоцна и таа го смени во Семјуел, а неубаво е кога и сопругот и децата имаат едно, а ти друго презиме.
Имам често презиме, тоа е едната причина што не планирам да го задржам моето презиме.Плус имам брат кој ќе го продолжи векот на тоа презиме.А и да не заборавам, некако ич не ми се допаѓа две презимиња. Јас ако си го задржам моето и го додадам на мажот презимето, тогаш ќе ми треба тетратка А4 формат да се потпишам.... Во секој случај, си го земам на мажот ми презимето, јас сакам во оригинална форма, завршува на в, но некако тој се мурти за тоа, ми вика дека е клише Ај може ќе го разубедам...
Tреба да разговараат и двајцата партнери во врска со ова.да нема лутење после.нема ништо лошо да си го задржиш своето презиме или да го додадеш неговото,но секој со своите размислувања. јас лично би го задрзала и моето и би го додала неговото.иако и двете презимиња се долги,сепак премногу си го сакам моето презиме и несекојдневно е,а плус две сестри сме нема кој даго продолзи презимето.тато не е жив па затоа нема шанси да се откажам од неговото презиме
Имам специфично презиме во Македонија само моето семејство се презива така и немам брат кој би го продолжил презимето меѓутоа не би го задржала иако дечко ми ми вика задржи го сепицифично е,која е поентата за продолжување кога после мене пак нема да се продолжи,но сепак секој со свое мислење.Инаку не ми се допаѓа со две презимиња зошто тогаш би изгледало како да имам две имиња и едно презиме,зборам за мојот случај
Моментално сум трета година на Стоматолошки факултет (5 години ми е се на се ) а имам план да продолжам со специјализација после тоа уште 2 години. Ако соберам се на купче, имам школување кое ми одземало речиси 20 години од животот (рачунам од прво одделение, пошо и тоа се важи ). И од кога памтам ги корегирам луѓето за моето презиме, еден човек не се најде да ме прочита како што треба . После сето тоа, да станам д-р Нечија Жена... па некако не ми иде... Како што вика Неда Украден, цел живот се мачев со имево, сега гордо ќе си го носам Би го додала неговото презиме, од љубов и почит, за црна овца дека би била не се секирам нешто многу. Како идол на темава мажено презиме си ја земам една од најмоќните професорки на катедрата по анатомија, појава е жената. Моминско презиме и е Наќева, го има додадено и на маж и презимето, ама да ме утепаш не го знам кое е Ние со нејзиното си ја ословуваме
Баш пред некој ден ова го дискутиравме во друштво бидејќи имаме тазе венчан пар. Слушнав мислење дека било срамота жената да го задржи своето презиме.Но сметам дека тоа воопшто не е срамота туку право на личен избор кое треба да се почитува.Е сега би можело жената на своето да го додаде и презимето на мажот,чисто ради децата,бидејчи јас имам различно презиме од моите родители и знам колку незгодни ситуации може да донесе тоа. Што се однесува лично до моето презиме не го сакам многу така да сигурно ќе го сменам
Па зарем луѓето ги цениш по презимето ? Ако некоја жена е добра,паметна итн ама носи две презимиња и ти само заради тоа ја сметаш за ОДБИВНА ? Јас дефинитивно ќе си го задржам моето,а би сакала да го имам и неговото небитно дали во оригинална форма или не, но за тоа кога ќе дојде време
Многу си го сакам презимето, а нема друг од семејството кој ќе го наследи. Имам ужасна желба да го задржам, но не по секоја цена. А не сакам да носам две презимиња, јас би играла на варијантата - или моето, или неговото. Две презимиња не носам од практични причини, освен ако не направам некоја толку голема работа со себе, па да се запамети моето постоење. Во секој случај, ако му значи на идното маже да го носам неговото презиме (а да не се лажеме, во Македонија на 98% им значи и тоа многу) ќе го земам. Со ќејф, од Љубов
Јас сакам и моето да си го задржам бидејќи немам брат несакам презимето по вода да ми појде ионака презимето ми се состои од две па и тоа од мажот и некој ако сака да ми се обрати една минута ќе му треба дури да ми ги каже презимињата
Имам често размислувано на темава , (поготово додека сум со дечко ) Ако здравје боже направам успешна кариера, секако би го задржала своето. Но би го земала и презимето на партнерот, во буквална форма. Со должна почит кон Македонската традиција и говор, но мене еднопрезименоста убаво ми звучи.
Јас би ја испочитувала традицијата и сопругот, секако дека ќе се согласам да го земам неговото презиме. А доколку би била единствена која би можела да го продолжи моето презиме не знам, ќе барав некој компромис. Секако нема да ми биде сеедно така да пропадне. Среќа, тоа не е случај.
Па немам многу размислувано на темава,рано ми е уште Ама кога ќе се мажам,би го избрала тоа презиме што ми е поубаво и така.
Јас ќе го додам неговото презиме на моето и не знам зошто него би го повредувало тоа, зашто неговото презиме сепак ќе го носам. Јас сум пред се своја (и на мама и тато), а после негова жена, така што моето па неговото презиме ми има логика, не можам да менувам име јас само зашто сум станала нечива сопруга, зарем треба да не ме препознаваат луѓето што ме знаат кога ќе го прочитаат моето име? И на моето ќе го додадам неговото ама со наставка -а, а не ко овие модерниве што имаат машко презиме, не ја сфаќам смислата на тоа, а и граматички е неточно. Мислам, чуму сето тоа?