Еве што си пишала: Јас прашувам како "немаш избор" кога лично те прашуваат. Под кои околности според тебе некој нема избор за да продолжи да се перзива исто?
Κога неκој нема избоρ тоа значи деκа тој неκој е фатен во тесно. Ваκви ситуации има многу сеκојдневно. Нема ништо збунувачκо во мојата κонстатација. Не можеме ние сите да ги избеρеме ситуациите во κои ќе се најдеме во животот.
Оваа ситуација конкретно зависи само од мене. Да не ме остави случајно ако не сакам да го носам неговото презиме?
Aко стигнете до тоа да немате избор за презимето, сте направиле лош избор за нешто многу побитно од тоа.
И да си го задржиш. И јас го задржав моето и го додадов од сопругот. Цел живот сум со тоа презиме, си го сакам и неможев да се замислам без него. Сопругот воопшто не се побуни околу мојата одлука. Е сега многу е комплицирано кога се потпишувам. Долго име и двете презимиња долги. Но, во иднина можеби формуларите и другите документи ќе бидат со подолги линии ( простор за потпишување ).
Тоа со преземање на неговото презиме во машки род знам се прави ако планираат да живеат во странство. Не знам детали, знам некаде бараат сопружниците да се со скрос исто презиме, без буква разлика. Кажуваше некоја членка. Јас во иднина искрено не знам како ќе постапам. Не сакам да се откажам од моето, а ем сакам да го носам и негово. Веројатно ќе го додадам
Јас го додадов неговото на моето моминско. Негова желба беше да го земам само неговото. Тоа би го направило него среќен. Мене не. Се двоумев меѓу двете опции: 1. Да го задржам моето какво што е, моминско, или 2. Да го додадам неговото. На почетокот бев за првата опција, бидејќи- Со тоа име сум се родила, сум порасната, сѐ што сум направила како личност стои под тое име и презиме. Сметам дека е апсурдно, комплетно да го менувам сопствениот идентитет поради новата фаза во животот. Со превзимањето само на неговото презиме, јас лично би чувствувала, како да не сум претходно постоела, како сега би била нечија "сопственост"само поради што и ДВАЈЦАТА сме се согласиле на заеднички живот. Ми беше незамислива опција. Бев повеќе среќна да остане како што е. А од друга страна, сакав да земам и во предвид како и тој ќе се чувствува, иако денови пред венчавката ме убедуваше да го задржам само своето, бидејќи знаеше кој став го имам, и што би ме направило вистински среќна. На крај, се решив да не биде само тоа и јас што сакам, туку компромис, да го додам и неговото. На крај, во околностите во кои живеам, користено ми е само моето моминско. Совет: Во ред е да ги прашате идниот сопруг, сопствените родители, или фамилија што мислат на оваа тема. Битно е ВИЕ како ќе се чувствувате за овој избор кој останува до крајот на животот. Важно е да знаете што дефинитивно НЕ сакате, за се друго се наоѓа некаква златна средина
Јас од секогаш во животот сум знаела дека сакам моето моминско да ми остане и плус да го додадам на мажот, а за тоа немам што да прашувам некој или да се консултирам. Законот е јасен и кога читаат имаш опции кој сакаш да си ги прифатиш лично ти како особа, а не како некој друг мисли дека треба.
Јас си го задржав моето од естетски причини: неговото го има секој втор. Децата имаат едно мое, едно негово презиме. Да ми беше презимето некое смотано, ќе го земев неговото. Не гледам шовинизам во тоа, кај жените кои се одлучиле на овој чекор. Тоа е обична традиција, небитна за денешнината, ако сакаш ја прифаќаш, ако сакаш не. И не гледам зошто би се жестеле околу тоа некои луѓе. Не можете да барате во се сексизам. Рамноправноста не е во презимето. Многу жени си го задржале своето презиме, па се потчинети на мажот и обратно. Тоа со презиме женско што завршува на "и" мене лично не ми се допаѓа и според мене така се губи смислата на женскиот род, но штом државата го дозволила тоа и жените го прават често, нека им биде, не е моја работа да судам.
А зошто мажот не го додаде женското презиме? И децата ќе имаат по две презимиња. Ако во иднина нејќе да го додаде моето презиме, јас ќе го зачувам моето.
Претпоставувам дека сите други не сме биле комплетно сигурни во дефинитивниот избор како тебе. :З) Затоа го спомнав ова. Јас лично ги прашав за мислење, бидејќи едноставно сакав да ги прашам, а на крај краева, тоа беа маж ми и сопствените родители. Не значи дека ќе биде прифатено тоа што ќе кажат. Ме интересираше нивниот начин на размислување. Последната одлука беше мојата, и сум моментално среќна со таа. Го имам и неговото, моето моминско се користи повеќе, а неговото е дел од мојот живот сега. Не е комплетно превземено. Имав "позитивни и негативни страни" и за двете опции, и јас се одлучив за таа со која ќе можам за цел живот да се носам. Советот го спомнав за сите кои се ваква иста ситуација, на мене што "ми помогна", ако е јасно како кај тебе, можат комплетно да го игнорираат моето мислење и да скролаат надолу
Ова од секогаш ме интересирало, каква е процедурата кај нас детето да го има и моето и неговото презиме? Така го пријавуваш детето или некоја посебна постапка?
Како што го пријавуваш уште на почеток како се вика, така го пријавуваш и како се презива. Немаше мислам некоја посебна процедура. Додуше првото се презива како татко му, а сега второто со кое сум бремена, ќе се презива како мене. За две презимиња би требало да е исто, дури и полесно. Ако е веќе пораснато и не е од старт пријавено со двете, во матично мислам дека треба да си аплицирате и да му се смени цела документација досегашна.
Јас би си го земала презимето на мажот или би го додала неговото, не сакам да имаме различни презимиња. @Poyraz Karayel што е тука малограѓански жити се?