Врска нема тоа со дозволата. Родител може да излезе надвор од држава со неговото дете без согласност од другиот родител, освен ако нема забрана за тоа. Си има извод детето во кој си стои кои се родители. А во 5 години заедно со партнерот со различно презиме, во ниту еден хотел на светов не сме добиле одвоени кревети поради тоа.
Jas go napisav svoeto iskustvo. Ti si gi pishuvas tvoeto. Dali ima vrska ili ne toa e tvoeto mislenja I glej si rabota.
Не е тоа мое мислење, законот го кажува тоа. Многу убаво си е дефинирано, само некој треба да прочита Но штом не си ги знаете правата, тоа е.
И јас ќе потврдам дека нема врска презимето со собите во хотел. Си има опција и си бираш..double bed или twin bed Ако одбереш првото добиваш спална за двајца, ако одбереш твин добиваш два одвоени кревети.. Тоа нема апсолутно никаква врска со брачната состојба или презимето. Е сега во некои држави како саудиска арабија а до пред некое време и катар спаѓаше во тие, во добар дел од хотелите бараа извод од м.к на венчани за да спиете заедно без разлика на презимето.. За децата немам коментар затоа што не е точно.. Си има закон за тоа и за среќа е еден од оние што се спроведува и во пракса. Ја пре би ставила некое сосема трето, отколку неговото Не би коментирала зошто, ама ете така
Јас ако уопште склучам брак, си останувам со своето. Некако тоа ми е најлогично за себе. За евентуални деца нека си носат негово презиме. Јас моето за мене си го сакам, ни лоза да делам, ширам, множам, ни бутур
Јас си го сакам многу презимето бидејќи ми е ретко, и сите со моето презиме во светот ми се роднини Дечко ми не сака да слушне за задржување. Ми вели или неговото само или друг маж да си бркам. Сум имала брат, имало кој да го продолжи презиме. Но кој го шиша Неговото не е ни негово, татко му си го сменила кога бил студент, „нема историја“. Цела фамилија имаат едно презиме, само татко му, мајка му и тој друго.
Боже, боже нека ти биде презимето како сакаш твое право е дали ке го задржеш твоето, баарај тогаш друг маж
И тоа како треба дозвола. Имам пишано во некоја тема за случката минатото лето. Се беше во ред на идење во Мкд. без проблем поминавме на 3 аеродроми вклучувајќи го и Ск. аеродром , за враќање кон Сад на аеродром во Скопје и со извод и потпишан документ од татко и правеа проблем, имаме различни презимиња со малата. Низ светот ќе се разбереш, во Мкд на аеродром ни закон ни правило важи, во мојот случај ако веќе требаше да се прави проблем требаше да го сторат тоа кога ја внесував во државата а не кога ја враќав назад од каде што можеби сум ја украдила
Тоа што ние имаме неписмени службеници е едно, закон е друго По закон презиме нема врска. Не мора да сме во брак за деца да имаме и двајцата целосно старателство да имаме
Тоа е затоа што толку знае тој на аеродром што работи. Пријавувајте вакви работи, најсериозно. Од МВР имаат излезено со официјално соопштение за ова. Дозвола не треба и не смее да бара. Едит: Сестра ми е мажена за странец. Внука ми го има неговото презиме, сестра ми го задржа нејзиното. На ниеден аеродром и немаат направено проблем.
Вака дали е можно на пример во иднина : да го земам презимето од маж ми но да го скратам ? Тој да си го има целосно а јас скратено ? На пример он Марковски , а јас Марко ? Дали е можно ?
^ А ако се презива тој Гуштеров, Паунов, Свињарски (сериозно знам за луѓе со вакви презимиња) ќе биде Ана Свиња; Ана Гуштер Ок, нвм, ама не знам, малце ми е чудно.
А на запад ставаат ли наши презимиња? Џонатановски на пример, Милеровски, Смитовски, Франклиновски.. Се прават луѓе поради помодарство, тоест само во оваа наша државичка. Сум прошетала доста и не сум сретнала човек да се срами од своето презиме или име, само тука кај нас. Во ред има стварно незгодни и тешки презимиња и ок да се сменат. Ама да менувам презиме како де Марко или нешто во тој стил ми е смешно и глупо. Секако дека ќе го земам на мажми презимето бидејќи моето има кој да го продолжи. Кога би немало би ги земала двете.
Ана Никола. Место Николова. Ана Стојан. Место Стојановска. Не знаеш дали е трансџендер или се омажила упм
Ја зачитав темава од досада и не ми се верува дека сте озбилни со муабетов кој да го продолжи презимето Не дека земање или не земање ми смета, јас би го задржала, ама од сосема други причини, чудно ми е името без моето презиме. Би додала пример колку да имаме со децата некое заедничко презиме ете. Ова со имало немало кој да го продолжи нема поента освен ако презимето на мајката не го ставате и на децата, што ретко се случува во Македонија. Секако ако ставате презиме од таткото нема да се продолжи. Друга работа @Justicija ако сакаш можеш и име да смениш, па не презиме дали морало како мажот. Можеш како сакаш. Можеш и трето презиме што не е ни од двајцата. И да не се мажиш можеш да смениш презиме, па и име. Мене искрено не ми се допаѓаат премногу варијации на тема презимиња, ама кој како си сака нели.
Уште не сфативте дека треба да го правиме она што не прави среќни? Не, нема децата да ги крстам Стојна по баба ми за да и го продолжам името. Не сфативте дека љубовта и почитта не се во буквите, во лист хартија и слично? Може семејството да го сакам најмн на цел свет, а презимето како сакам така ќе го сменам.