Тоа е друга законска постапка. Со стапувањето на брак дозволено е само да се земе или додаде туѓото презиме, не да се смени па земе. А после брак, слободно, од Марија Стојановска крсти се Ана Корисна Метла. Никој не може да те спречи.
Презимето и онака не е твое. Од татко и е. И децата веројатно од таткото ќе имаат, така да... Премногу врева за ништо.
Да да, така е, при самата регистрација по пропис. Е сега во пракса, знам жена што во сличен формат го зема од мажот како членкава што пиша, колку што знам не менуваше дополнително. Може дозволуваат модификации зошто реално и Марковска да е не е презимето на мажот, модификација е во однос на род. Ама па и знам и едни детето малце со погрешно презиме им го заведоа, така да се е можно во државава, ништо не ме чуди веќе
Тоа го зедов за пример , не е тоа ,зборот ми е дали коа ќе отидеме на матично да се регистрираме дали може тогаш да му го земам неговото презиме во скратена форма?
Кажаа дека не може. И јас би сакала во скратена форма ама не може. Би можело двајцата да го смените во скратена форма откако ќе се регистрирате во матично со долгото презиме ама нека каже некој 100% сигурно.
Хммм... Никола Тимпаре или Тимпарески на пример, и жена му Нада (се извинувам ако вистина постојат, од мал памет ги вадам) Во Охрид не е ништо необично да биде Тимпаре колку што знам. Не се сите презимиња од Стојан, Митре и Јован Ако од Кујунџиев сакаш да бидеш Кујунџија, сменете го заедно и истовремено со мажот ти @Justicija
Се додека некој јаде свинско не можам да разберам како може Свињарски или Свиња да не му е убаво презиме. Не можеш да јадеш нешто што го сметаш за одвратно.
Мораме двајцата да го смениме? Не можи само јас? Во охрид има Чекре , од Чекрески и што е чудно ? Марковски го зедов за пример
Тогаш би требало ти сега да си го смениш твоето што го имаш сега во неговото скратено и на матично да кажеш дека си го задржуваш своето презиме.
Како ви истекнуваат вакви идеи не знам, презимиња во машки род, скратени, извртени . Вршите скрвнавење на македонските презимиња.
Не морате де ако тој нејќе, напрајте како што вели Џокерче. Ништо не е чудно, истото го велам и јас за Охрид, посочувајќи дека нормата за презимиња во Македонија не е само машко име+ски.
Можеш како сакаш да ти биде презиме. Буквално. Ок, ваљда исклучоци има. Не можеш ваљда Пенис да се презиваш.
Македонија име смени, ти за презиме си се фатила. Ако таа може да е Северна и јас можам да сум Марија Исток
Ме заинтересира дали стварно може Пенис да се ставиш Не знам дали Македонија има забрани некои, ама ако можеш Катастрофа да се викаш, што па да не можеш Пенис да се презиваш. Или Катастрофа Пенис пример целосно да си се прекрстиш, врв