Во Шведска, поради -СКА и -СКИ, на децата им ги мешаа презимињата постојано и на крај им рекоа дека треба да се со исто презиме сите 4ца. Т.е, ако веќе е истото презиме, да биде во иста форма. И сега цело семејство се -СКИ.
Кој им го мешаше презимето? Муабетот е "еј види се бунам дали си Стојановска или Стојаниска, ај одлучи се нешто друго". Да не зборам дека Шевдска традиционално имаат различни форми за машки и женски.
Во документи им го мешаа и на училиште. Пример, машкото е помало и прво го запишуваа девојчето (-ска) па потоа машкото (-ска). Не тврдам дека е вака насекаде, пренесувам што знам.
Во Австралија нема такво правило да бидат со исто презиме или па ќе имаат проблеми доколку им се различни презимиња. Јас сум на ски од роЃење, тогаш моите не приметиле дека ми е пишано машката форма на презимето зошто нели такво е на татко ми, не знаат тука дека има машка и женска форма на презиме. Снаа ми за брат е на ска, внука ми е ска зошто они си видоа со време дека е запишана по татко и на ски, значи тројца се на ски, две на ска и немаат никакви проблеми, ни на училиште, ни по институции. Моите деца се со презиме на мм, јас освен на венчален лист каде ми е додадено на мм презимето секаде на документи сум со моето презиме, никаде не сум имала проблем до сега.
Ми изгледа дека тоа со презимињата и проблеми во странство е малку преувеличено, можеби од аспект дека ќе го грешат цело време и ќе те пишуваат исто како сопругот да, како што кажа @bittersweet дека ги запишале децата по формата на татковото презиме, а дека ќе има друг проблем е нелогично со оглед дека постои извод на венчани, и можност да имаш сосема различно презиме од сопругот. @bittersweet ама менуваше пасош/л.карта за новото презиме додадено од сопругот така? Мене ме нервира што треба да менувам личните документи ( л.карта, возачка, пасош) на работа да менувам печат, а кај нас е задолжително во рок од 30 ден од регистрацијата да ги смениш документите на новото презиме иако е само додадено.
Преувеличено е. Никој не ме напишал по презиме на сопруг, зошто би ме пишувал побогу. Поише драпање имаш во МК да смениш презиме, отколку шо би имала проблеми во странство. Мнооогу поише драпање.
@violetblue тука е рокот година дена за возачката, л.карта немаме, пасош, со тоа ако има пр 3 години до истекот ти ги враќаат парите или влегува во сумата за новите документи, како ќе си избереш. На новите документи не ми стои презимето на мм не мора, само место miss сега стои mrs, само кога потполнувам некои официјални документи како извод на децата го пишувам и неговото презиме.
Значи Австралија да си идам да не ме боли глава Тука сите промени на документите се на твој трошок(разбирливо ти си бараш промена) ама тоа закажувањето еднаш за ова, еднаш за друго па оди, па чекај таму ми ствара аверзија. Демек ние држава по сите прописи и се средено па мора веднаш и документи да смениш.
Пола Полска (можда и цела) се презива на wski и wska, значи исто како нас презимињата се во машки и женски род . Ама не, баш на нашите презимиња во странство паѓаат во несвест, се чудат и не можат да разберат Затоа најважно е да си неписмен, да немаш појма од граматика и да патиш од помодарство. Потоа на крај да трескаш глупости од тип " на нашите презимиња тој од аминистрација во странство се онесвести и на крај ни рече вие не сте во брак и ние никако да успееме да докажеме дека сме еве веќе десет години!" Во Грција на пример се венчаваат во црква и цркавата како институција е многу јака и ретко се регистрираат во матично. Црквата сепак не може да издаде документ за промена на презиме и многу жени си го задржуваат моминското. Ама не, само на нас ни прават проблеми Како ќе кажеш дека се презиваш така ќе те запишат секаде, а неписмени има сегде. Како тука во Македонија да не може да ти згрешат презиме да те запишат на ова, а ти си на вска или да те напишат вска, а ти ска. Важно некој отворил Google видел Емили Ратајковски и одма ахам па јас и така можам де ќе бидам тренди Видела жабата дека го коваат коњот и ....
Има законска легислатива поврзана со ова? Имам слушнато дека правно се користи само едно презиме, иако го прифаќаш и презимето од сопругот.
Јас сегде ги користам двете, е негде во брзање знам и со стариот скратен потпис да се потпишам, секако ми важи и тој и тој па не ми прават проблем.
Јас имам две и секаде е така. Тоа ти е идентитетот, така си во л.к, пасош. Нема логика да бараат едно
Јас здравје ко ќе се венчаме после долго мислење се решив ќе си терам само со моето презиме. Башка и бебушот си го ставив на мое презиме и така ќе си терам.
Е ако не ти е проблем само објасни ми. Кога не е венчан парот и кога таткото го признава, мислев дека автоматаки на негово презиме е. Како иде постапка?
Тогаш одат и мајката и таткото да го запишат детето во матичната служба, така што таткото потпишува изјава дека го признава детето за свое. Името и презимето го кажуваат родителите под кое да де запише. Детето може да има различно презиме од родителите и кога се во брак и кога не се. Само што кога се во брак може само едниот родител да го запише детето. Кога не се мора и двајцата да дадат изјава, таткото дека го признава детето, и согласност од мајката.
Родителите си бираат презиме, па дури и кога се во брак. Законот е таков,може и сосем трето презиме да се стави. Кога се впишува детето се кажува кое презиме сакате да го носи и така го запишуваат.
Би му го дале ли презимето на вашиот сопруг? https://fashionel.mk/moda/aktuel/bi-mu-go-dale-li-prezimeto-na-vashiot-soprug