Едноставна е процедурата, ако немаш деца уште поедноставна. Со изјава и неколку потврди, се средува за месец дена. У МВР ќе ти објаснат се
Ќе го додадам и неговото, моето не го менувам никако, само уште не сум одлучила дали во машки род или женски да го додадам.
Во МВР во управни служби носиш нов извод и правиш барање за промена на лично име и презиме, плаќаш нешто до кај 300 ден, тие по службена должност земаат потврда од УЈП дека не борчиш и од Социјални грижи и дека не се гониш кривично во моментов и во рок од 15 дена треба да ти донесат позитивно решение ако си исправна. потоа вадиш извод со новото презиме па закажуваш за лк и останати документи
Не е кршење на јазикот! Тоа е само кај нас. Баш напротив сметам дека поправилно пр: Трпана Трајкоски (фамилија Трајкоски) Како во сите други земји, презимето си е презиме (фамилијарно име) . Ако се презиваат Müller, сите се така, ако е Smith- мажи, жени сите така, ако е мажот Петровиќ и жената Петровиќ... незнам...мене баш повеќе логика ми имаат презимињата кога завршуваат на машки род, а не дека е помодарство
Се согласувам со тебе. И плус не ако ти е вски/ов не значи дека македонскиот јазик ти е мајчин или си македонка. Ама мк менталитет у све да се меша.
Јас сакав да земеме друго презиме двајцата, односно да го вратиме нивното фамилијарно. Пред да се роди мм, татко му го сменил презимето, а со тоа и децата добиле ново презиме. Повеќе ми се допаѓаше нивното претходно, меѓутоа мм не ја прифати таа идеја. И на крај решивме секој да си го задржи своето. А за понатаму и за деца ќе одлучиме дали со едно, две, сепак на првата идеја за фамилијарно презиме итн.
Девојки јас сменив презиме во лк и пасош.но каде на др место треба? Кој поминал сега брзо низ ова да ми објасни..највеќе ми е за трудничко дека треба да отворам па да не ми прават проблеми
Да, прекршување на правилата на македонскиот јазик е презимето кај жената да завршуваат во машки род. Нашите презимиња имаат род, и тоа е една од карактеристиките на нашиот јазик. Како и на рускиот, бугарскиот, полскиот... Не сме само ние така. Не дека нема да припаѓате на фамилијата ако не ви завршува презимето на - ски или - ов. Ама мода дојде да се зема презимето на мажот во оригинална форма. @Praska6 и во социјално да го смениш. Не дека ќе имаш проблеми ако не го смениш, ама таму ќе се водиш со моминското ако не ажурираш податоци, оти не се менува автоматски со менување лк и пасош.
Јас сменив и возачка дозвола. Исто во банката каде што имам сметка, обновив податоци. Плус во мојот град преку работа направена беше обнова во УЈП. А јас сама во фонд за здравствено осигурување однесов нови документи.
Здраво. Ќе го менувам презимето па ме занима дали има опција да го додадам неговото, па моето.Изградив кариера со моминското презиме и во никој случај не сакам да не го задржам, мислам отсекогаш сум сакала да бидам со две или евентуално само моето. Бидејќи и кога ќе се потпишувам сакам да биде моето до израз, а едното мора да биде со една буква, пр: Лили М. Стојаноска. Има ли таква опција, да не ме збркаат таму кога ќе се регистрираме па да се збунат и они.
Може. Мене ме прашаа во матично кој редослед сакам. А другарка ми направи како ти што сакаш. Нема збркување, те прашува дали задржуваш свое или додаваш, кој редослед и дали сакаш тире меѓу презимињата.
Тире? Не те разбрав извини. Јас сакам каде и да се потпишам, од мажот ми да стои скратено презимето, со моето да ме ословуваат.