Па сега не знам како ќе оди тоа, дали ќе имаш контрола секаде. Матичното освен што ти ги дава овие избори, нема ништо со тоа како ќе те ословуваат. Или секаде да нагласуваш кое да го кратат и со кое да те ословуваат. Најдобро ти е тогаш да не го додаваш неговото, само задржи го своето. На пример, моето моминско е прво, на мм е второ, но секаде ме ословуваат и го кратат неговото. Не сум барала јас така никаде, така се погодило. Инаку тире,( - ) меѓу презимињата имаш опција да ставиш.
Во ред.Најмногу ми е за на работа, со тоа презиме стекнав титула, па би сакала така да си биди во прв план.
Па добро за работа е најлесно, на неговото ставаш точка, твоето го пишуваш цело и тоа е тоа, на рекламата си стои исто така како што си замислила,колку само докторки има што ги знам или во други професии со две презимиња и тоа што ги обележува го истакнуваат, а за чекање некаде ред нема правило, мене ме викаат со тоа што полесно ќе им дојде да го прочитаат. Кога се со цртичка, било име или презиме го рачунаат како едно така да, твој избор кое ќе стои на крај.
Здраво! Јас си го задржав презимето, и мажот ми исто. Е сега ќе имаме бебче и не знаеме што да правиме. Јас уште од сам старт изјавив желба дека сакам бебето да го има моето презиме бидејќи имам многу необично презиме. Мажот ми се согласи без проблем. Но, во меѓувреме се вмешаа сите роднини и пријатели дека не било во ред бебето да го нема неговото презиме, демек немало да се знае кој му е татко.... И сега сакаме двете презимиња да ги ставиме на бебе. Дали е тоа возможно, знаете? Ако не, не знам што да правиме. Јас стварно не сакам да се откажам од идејата бебето да го има моето презиме. Стварно имам интересно презиме, по кое луѓето често ме запомнувале, а мажот ми има многу секојдневно презиме. Исто така ние жените го носиме бебето, сакале или не сме повеќе оставени ние да се грижиме за бебето и да немаме право барем презимето да му го дадеме ми е ептен тапа.
Можете да ги ставите двете без никаков проблем, по ред кој на вас ви е убав. Нема закон кој вика кое презиме МОРА да се стави, можете и сосема трето да измислите и да ставите.
Во бракот се двајца. Ако дозволите за една работа да се мешаат за другите тогаш ќе се мешаат за се. Ако сигурно и маж ти се согласува тогаш тука завршува се.
Според мене, секој своето. Компликациите доаѓаат кога ќе се роди дете, дете со две презимиња, па тоа дете кога ќе се мажи ќе искочи со три презимиња или со презимето само на мажот и така во недоглед. Пс. Сите три суфикси (-ов/-ев, -ски и редуплифицираниот -овски/-евски) се општословенски суфикси. Затоа, можеме да ги најдеме насекаде во словенските јазици. За македонскиот јазик најтипичен е суфиксот -ски, како, на пример, во полскиот јазик. Исто така, чест е и редуплифицираниот -овски или -евски, а и суфиксот -ов/ев. Тоа е одлика на нашиот јазик, небитно кому му се допаѓа.
Ја би пре младите да си земат едно заедничко. Ново семејство се формира, убаво би било ново презиме. Ова земање на машка форма ми е дебилно, без исклучок. Какво странство, проблеми.. Глупост. Желба за уникатност па се не може преку ништо друго, ај ќе се презивам во машка форма. Па смени и име онда, Од Јована во Јован, па што.
Име сменив, презиме не давам. На деца би дала и свое презиме, голема работа, ене Шпанците (и други) така функционираат, после кој од татко, кој од мајка дава на свое дете. Ни жените од маж, ни маж од жена. Како ви е арно - така, наставка "ски" е проблематична во македонскиот јазик затоа што традиционално си имаме женски род. Тоа странство врска нема, братучетка ми е "ска" (маж и' не е, странец е), па синот без проблем го заведоа "ски". Накратко има објаснето зошто, и ај со здравје.