И јас имам размислувано на темава И не си го задржувам.Ќе си го земам презимето на мажот. И само тоа. Не би сакала две презимиња да имам во никој случај. А нема ни да го терам како мене да се презиваме,ни тоа не ми има смисла па моето презиме милиот ми брат ке си го продолжи понатака
на оваа тема имаме разговарано и несака ни да слушне да имам две презимиња, го признава само неговото. јас и немав намера да го задржам моето ( имам брат кој ќе го продолжи, а и не си го сакам презимето зашто секој 3 се презива како мене), но само онака ја отворив темата колку да видам што ќе каже тој. после тоа размислував и ке го земам комплетно неговото презиме без никакво додавање на буквата а. за ова сеуште не сум му кажала ама мислам дека ке се согласи
Значи вака, јас сакам кога ке омажам да си го задржам моето презиме.Имам помала сестра и таа ми има кажано дека несака да го задржи...јас сум малку поемотивно врзана за моето презиме...така да сакам да го задржам.... ...а што се однесува до дечко ми,кога зборувавме на таа тема,ми рече-како сакаш,ама некако со кисела фаца... ајде може кога ке дојде денот ке прифати...
со дечко ми знаеме дека ќе го земам неговото презиме а мојата прва буква ќе стои во средина,па не ми прави проблем,а децата ќе се презиваат по мојот иден маж.желба ми е и никогаш не ми рекол не од таа страна.па и што е толку битно презимето побитни се другите работи да се усогласат,а ако не сака нема ни да напнувам (мање важно-едно презиме плус)
А мене па не ми е јасно што има мажите и дечковците да се прашуваат???Знам и јас сум приметила дека се мрштат кога жената си го задржува презимето-па што!Кога се венчаат неа ја прашуваат а не него.Јас сакам да имам две презимиња,не за да го продолжам,глупости(и онака децата обично само татковото презиме го носат),туку ете така сакам две да си имам.Ама ако се погоди некое ретко мммм,како што имаше еден мој бивши(само они се со тоа презиме во градот),ке го земам презимето на маж ми.
Па нели ние жените уште живееме во турско мора да се праша господинот што ќе каже и како ќе каже он така ке биде, нема друго неговиот збор е закон а уште не се во брак, можам да замислам како ќе биде во брак, за мене единица мерка за единство на семејството не е заедничко презиме, моето презиме за мене е мој идентитет заедно со името, и не планирам после 25-30 да се презивам трето, а ако маж ми сака да имаме исто презиме може слободно да го земе моето. Преку глава ми е жените да прават копромиси за се, поради некаква си традиција као демек
Зборував со неколку другари на темава и дојдов до некој заклучок дека мажите сакаат жената да го носи нивното презиме под било кои услови. И не заради друго, туку затоа што сметаат дека така жената е нивна, не како сопственост, туку нивна во смисла предана на нив. И можеби е така навистина...којзнае. Лично сакам да си го задржам своето презиме без разлика тоа да значи две презимиња. Имам некои ставови во врска со потомството и презимињата , ама некако не е моментот сега. Ама без разлика што сакам јас.....веројатно така нема да биде!
По инсистирање на мажот ми го задржав моето и го зедов неговото. Негов изговор дека сум единка во семејството и да не згасне....иако тоа не ми преставуваше проблем дали ке го задржам своето или не. Е сега е смешна ситуација, честопати нашава администрација ги меша презимињата прво го пише неговото па моето. Еве на сообраќајната дозвола и на дозволата ми е така пишано и бев таму као ај да исправам и тие ми дадоа одговор дека тоа не е проблем. Пред некој месец ме стопира полиција а беше ван мојот град и као дај документи и јас давам Л.К сообраќајна и дозвола и полицаецот целиот во ????. Гледа иста слика на сите исправи ама презимето нешто не му штима. Му објаснив како стојат работите и тој не знаеше што да ми каже. Му ветив да кога излезе важноста на документите ке го исправам тоа и ке го потенцирам.
Пред многу години размислував дали да го задржам и своето презиме .Но имам брат и тој ќе ја продолжи таа лоза. Од страна на својот сопруг немав забрана беше оставено на моја одлука, но кога застанав таму каде што требаше да застанам , го кажав неговото .
Јас го земав презимето на маж ми. Имам брат за продолжување на фамилијарното име а и да немав не верувам дека би го задржала сепак со мене повторно би завршило. Плус презимето ми се состоеше од два збора па ако на него додаев уште едно плус со моево долги име ќе бев ко од шпанска серија А за одлуката никогаш не сум ни размислувала многу многу вака ми е логично и едноставно.
Ќе го земам неговото!Имам брат да го продолжи презимето на татко ми.И така имам големо име и презиме,па да го додам и онаа на идниот ми маж,ќе ми треба цел ред за да се потпишам Се зезам.Иам правено на оваа тема муабет и со дечко ми и тој нема некое посебно мислење.Ми вели што сакаш си прави,твој избор,мене не ми смета ако си го зачуваш..Така да останува јас да си одлучам.
Неговото ќе го земам и воопшто не сакам моето да ми остане. Немам грдо презиме, ама од лични причини не го сакам и едвај чекам да се отарасам од него
И јас би го зела презимето на сопругот, без да остане моето. Новава мода едноставно не ми се допаѓа и не ми звучи убаво. Тоа за продолжување на презимето на семејството ако нема машки наследник... хмммм па и на децата ли се ставаат две презимиња за да се продолжи лозата? Не сум запознаена, но ако децата носат само едно презиме, и тоа нема смисла. Ајде ако е некоја позната личност која е препознатлива по своето презиме, разбирам. Или да не е позната личност а да е препознатлива по презимето, ок. Едит: прочитав низ темава откако одговорив и видов дека може и децата да го носат презимето на мајката, ако е така тогаш добро, не ми е глупаво ако е работата за продолжување на презимето. Ама она во оригинална форма крајно неприродно ми звучи, се коси со правилата за род во нашиот јазик и воопшто не ми се допаѓа. Пр: Ивана Костоски... абе ајде!
па јас би сакала да го задржам моето, само да го додадам на сопругот што ќе ми биде , инаку сметам дека нема потреба за барање дозвола или согласување од дечкото, јас и дечко ми сме спомнале на таа тема, но никогаш не ми е наметнал нешто, сепак на нас девојките останува да одлучиме. Би имала долго име и две долги презимиња, но ако сакам да го задржам моето
јас ќе си го задржам моето презиме,а мразам некои презиминја што завршуваат на и многу глупаво звучат.
јас сум верена , и претходно разговарав со него за тоа да си го задржам своето презиме без да го додадам неговото и тој мисли дека тоа е во ред и баш кул, дали е неговото или моето или неговото со моето јас сум истата личност, кога тој нема против за останатите што мислат не ме ниту интересира.
Моето,неговото, двете, во таков или онаков род ич не ми е битно.Ако има огромна желба да биде само неговото, ќе му ја исполнам, ако му е сеедно-како ќе ми дојде така.
Кога некогаш...НЕКОГАШ ќе дојде време за тоа..тогаш би го задржала своето презиме и + би го додала неговото