Фала ви женски. Да си прашам пошто месецов се пораѓам кај и да е. Јас си го зачував моето и ги земав 2те презимиња на сопругот ама не би сакала детево да има 3 презимиња, некако многу е.
Дали ако склучам брак сега со задржување на моето презиме, би можела ли понатака да си го додадам неговото? Да речеме за 1 година?
Дали ако менувам само презиме, не и адреса (а адресата ми е во друг град, не Скопје) ќе има некој проблем за сликање во Скопје?
Мислам дека да, според адреса се водиш во друг град и ќе мораш таму да се сликаш. Затоа и сите што се од други градови се враќаат за сликање во родните градови. Иначе сите во Скопје ќе се сликаа.
Да ама по адреса мислам ќе ти прават проблем, А да прашаш коа ќе закажуваш? Дека јас и адреса сменив кога мењав и презиме, се комплет. Дека ова е апла различен град, затоа.
Нема врска каде е склучен бракот, по адреса се одредува. Ако не се водиш во Скопје, мора да се сликаш во градот каде си со адреса на живеење.
Според адресата на која што се водиш треба таму да се сликаш. Нема врска каде ти е склучен бракот, мене ми беше во градот од каде што е мм, а по адреса се водам во Скопје. И кога менував лични документи поради презиме, се сликав во Скопје, исто и сега пред некој ден за пасош се сликав во Скопје.
Без разлика. Таму кај што си жител, таму треба да се сликаш. И јас живеам во друг град (тоа ми се води како привремено живеалиште), па одам за сликање во градот во кој сум жител по лична карта. Сега после регистрацијата, мислам дека нема да менувам жителство и пак ќе си се сликам во друг град.
Баш и не ми е важно кое презиме ке го носам, иако го имам земено на сопругот пред 15 години. Дури ( не дај Боже и при развод ) можеш да го користиш било кое. Ми нема специјално значење тоа.
Моето ќе го задржам само,ниту ќе го додадам на моето неговото ниту ќе го земам само неговото презиме.
Здраво. Го сменив презимето, и извадив нови лични документи. Дали знаето понатака, во кои институции треба да одам за да ги ажурирам новите податоци?