Бев и јас, за лична карта и пасош ми побараа три копии од изводот. Очигледно од едно до друго место различно функционираат.
Извини, мислев ме прашуваш за по институцииве, откако се менува презиме за да се ажурираат промените. Како и да е, мене за во ФЗО, УЈП и Агенција за вработување ми требаше само лична карта
Со вакво размислување уште многу ќе каскаме додека да стигнеме до современа модерна држава и до Европа https://www.facebook.com/watch/?v=719861714286961
Па само стари интервјуираат, не е нешто дека треба да сме изненадени. Доколку анкетава ја прават со помлади верувам дека скроз спротивни ќе беа одговорите. Не дека нема и млади што се со размислување од 19ти век, ама се многу ретки.
Хахаха страшна работа и тоа од жени За мене нема поглупава работа од тоа да менуваш презиме 30 години пример си така и сега ајде да менуваш идентитет, зошто???? Лично го задржав своето и не гледам никаков проблем во тоа, ако му пречи на некого негов проблем А тие што го задржуваат и додаваат ми се нај онака без врска, значи јас би своеѕо ама ај дека мора па и твоето, малце сум малце не сум
Мене ќе ме изненаде ако некој каже дека треба да го задрже нејзиното презиме. Ова нивно размислување од пред 2 века не е баш за изненадување
Тоа и ми беше поентата, дека претежно жените беа строго против задржување на презимето, а мажите со воздржани или со поделено мислење. Инаку што се однесува до мене, никој не треба да се лути без разлика дали ќе го задржи или не. Јас лично го земав од сопругот така што и јас ќе влезам во тие старомодните, ама тоа беше моја одлука, не наметната од него, свекрвата или било кој. Таа па најмалку треба да се меша во одлуката.
И да меѓудругото презимето не го чува бракот, треба толеранција, разбирање, почит, љубов, посветеност...
Јас го земав презимето на сопругот после 29 години бидување со моето презиме Моја си беше одлуката, ниту од него имав сугестии, ниту неговите или моите ме советуваа. Имам долго име, долго презиме и да земем уште едно ќе беше предолго. А и супер ми иде со името Сѐ е прифатливо ако самите сме одлучиле - cudos и за тие што го задржале само своето и за тие што си имаат две. А во однос на видеото, очекувано е повозрасните да го имаат тој став, не ми е мило што е така - но така е... Живееме во земја каде имаме многу необразован народ (и ова не го мислам како навреда или кривица на самите нив, туку факт) кој сѐ уште пали ниви во лето, па не може да се очекува да има пошироки хоризонти за други теми. Затоа јас тупам и по дома, и на работа и со друштво за некои теми колку и да имам спротивни мислења, убаво е да се прошират хоризонтите - фино е некој да ти понуди нешто за да ти го „разниша“ твојот став/видување.
Знам за случаи каде што децата имаат две презимиња. Јас сум со двете презимиња. Прво е моето, па на сопругот. Неговото е исто во женска форма. Со СКА на крај. Многу го грешат. Да знаев дека ќе биде така немаше да го земам. Во Ге (во банка) ми го пишале презимето со СКИ на крај
Според анкетава, статистички, жените го одржуваат патријархатот, поточно свекрвите Свекорите- демократија, пфф
Затоа што претпоставувам неговото завршува на СКИ. Само кај нас се менува презимето според род, на секое друго место останува во непроменета форма.