Законски само треба да се поништи стариот пасош во рок од 30 дена, а нов може да се извади кога ќе има потреба за тоа.
Здраво женски, Што ако сакам две недели после свадбата да одам на меден месец, односно дали ќе ми важи и колку пасошот со старото презиме? Бидејќи сега сакаме да купиме авионски карти.
Законски не смееш да патуваш со стариот пасош бидејќи станува неважечки во моментот кога ќе смениш лични податоци (во случајов презиме). Во пракса никој нема да те задржи на граница ако сепак одиш, ама следува казна до 500 евра кога ќе одиш да го обновиш пасошот и видат дека имаш патувано со неа. Е не знам како е сега со казните, до пред неколку години се поминуваше и само со опомена ако е расположен инспекторот, ама по закон - казниво е.
Сега се прилично брзи за вадење, но кога не беа луѓе си закажуваа за брза постапка одма после свадба. Картите ќе мора на новиот пасош.
Девојки, за време на склучување на брак, имавме несогласувања околу презимето па попуштив и го земав неговото. Ме интересира дали додека сум во брак можам да си го вратам своето презиме или да го додадам и како оди тоа доколку може?
Многу давате значај на нешто што е најнебитно во бракот.. односот меѓу партнерите е нешто што го држи бракот, а не презимето. Иначе презиме се менува без проблем кога и да сакате.
Се кажува тоа пред брак, ако тоа представува проблем и иде до расправија што повеќе? Па од после менување.. значи тоа е скроз не битно и тоа не треба да е тема воопшто, тоа сакам да кажам.
Имам гледано случаи каде што жената мора да си смени и презиме на социјалните мрежи. Како големиот курац ако не смениш презиме, голема работа.
3 и пол години и сеуште немам сменето и не планирам . Ама да, некои уште истиот ден го менуваат, мислам повеќе од кејф .