Бидејќи сум мажена го земав превимето од мажми,за мене не беше важно презимето важна е нашата љубов, разбирање и доверба. Така да воопшто не разговаравме за презимето пред да влеземе во брак. Бракот е на лист хартија, животот кој ќе го имате со партнерот е реалност.
violetblue целосно се согласувам со твоето мислење.Нема потреба од менувања презимиња.Глупости се тоа..као да не си ни постоела претходно...безврска...и мене ми е прекуглава од беспотребни компромиси... се со цел да се задоволи машкото ЕГО...
Уште пред да се омажам имав донесено одлука да си го задржам моето презиме, така да кога дојде моментот да склучиме граѓански брак мојот сопруг знаеше за мојата одлука. Најизненаден беше брат ми и до денес се чуди зошто сум го задржала моето презиме и сум го додала на сопругот ,но навистина многу ми значи што си го задржав бидејќи е дел од мене, исто како и моето име. А постојат жени кои ме прашуваат зошто сум со две презимиња, не требало да се задржи моминското (тоа ми се колешки од работа, но тоа е веќе друга тема) не можам да се изначудам, како да мислат со туѓи глави. Па јас си го носам името и презимето, тоа е мој избор
Кога ќе влеземе во ЕУ (ако влеземе, де) нема да има потреба од менување на презимињата. Мислам дека таа промена веќе не се практикува во ЕУ, од проста причина што е потребно време за менување на личните податоци и документи за идентификација. Тргнете само од личната карта, возачката, пасошот... да не зборам за сите други податоци што треба да се променат. Од друга страна пак, ако го задржам моето презиме, децата и мажот ќе се презиваат различно од мене, а тоа не го сакам. Како може да имам различно презиме со моите деца? Па затоа и си го зедов презимето од сопругот. Не затоа што тој сакаше, туку јас така сакав. А сите ме убедуваа да си го задржам моето, да го додадам неговото во оригинална форма (што според мене е многу глупаво и не е во духот на македонскиот јазик, а сосила да се правам нешто друго, не можам) итн. Оној што ме знае, ќе ме знае, без оглед на тоа кое презиме го носам. Ај да сум изградила кариера, па презимето да ми е екстра познато, па да го чувам... само букви се во прашање, не ми се менува мене идентитетот или карактерот.
Кај мене на работа сите мажени колешки имаат по две презимиња, па кога почнав да работам тука, на 25 години и со едно презиме, сите беа убедени дека сум немажена. Дури откако останав бремена (со второто дете, едно веќе имав) почнаа да ме прашуваат кога сум се омажила и како се презивам сега Јас толку се навикнав на презимето коешто го носам веќе речиси 7 години, што сега кога ќе видам некој документ со старо презиме ми паѓа чудно . Навики!
јас би сакала да го задржам моето презиме и да го дадоадам неговото, но е би правела некоја драма од тоа ако он не сака така, па ајде сега кавги. Само едно ме интересирало од секогаш, зашто децата да го носат презимето само на таткото?? Мене баш ми се допаѓа да биде со двете презимиња. На крај краева тоа е дете и на мајката и на таткото. Нели??
Јас кога се омажив никој не ме праша како сакам да се презивам, на сите документи секако стојат моминското и презимето на мажот. Значи јас како мажена сум задолжена за ги напишам и двете. Е сега јас како ќе си се викам си одлучувам сама а за државата сум и двете Луѓето ме викаат по презимето на мажот ама јас кога се работи за индивидуални мои потреби си го користам моминското, на некој начин ми помага да си го зачувам идентитетот и потеклото.
Кога ќе се омажам, си го менувам презимето обавезно, од проста причина што си го мразам моето, грдо ми е.
јас пак кога ке се омажам сакам да си задржам моето презиме и да го додадам на сопругот ама за тоа ке видиме нешто се мршти дотичниот
Исто и јас ич не си го сакам презимето ,така да дефинитивно ке го сменам кога ке се омажам, а и многу мрзам кога девојките се у филм па на своето презиме го додаваат на сопругот ,демек 2 презимиња имам ,шема сум хаха
Имам уникатно презиме,една фамилија со ова презиме сме во светов. Немам брат,па затоа јас нема да имам две презимиња туку само едно.Моето.Планирам и децата мои да носат две презимиња - моето + презимето на мажот ми. (Се се ова фантазии исто како и веренчкиот прстен од Тифани )
Јас би си го задржала моето презиме, бидејки многу ми значи. А неговото би го додала само ако инсистира. сепак, имам време, можеби и ќе го сменам мислењето!
Моето, па неговото убо презиме има ако не беше така само моето ќе си беше и тоа двете да се на ска мразам преправање па сега нешто ин им е да завршуваат на ски, пр. петровски тодорка
Одлуката околу презимето, дали ќе го задржиш своето, дали ќе го земеш неговото, или ќе имаш две презимиња би требало да е само твоја... Кој е дечкото да ти кажува за тоа? И дали баш тој ќе биде твојот иден сопруг? А тоа со децата нема врска колку што знам, децата можат да го носат само неговото презиме, не мора да бидат со две презимиња (што искрено, за дете ми е глупаво да има две презимиња.. и ако е девојче и кога ќе се мажи, ако сака да го задржи и моминското презиме па плус и од мажот па ќе биде со три презимиња? ) Јас лично доколку сегашниот дечко ми стане сопруг, би сакала да го земам неговото презиме, специфично е и ми се допаѓа...
Јас го зедов презимето на маж ми.Моето моминско е старо презиме уште од дедото на татко ми,така да немаше смисла да го задржувам,кога не го знае татко ми кој бил тој човек по кој го носев презимето а камо ли пак јас да го знам.
Јас сум многу старомодна во однос на ова прашање.Го земав презимето на маж ми,иако тој остави на мене да избирам.Но за мене не беше логично јас да го задржам своето моминско,или да го додадам на маж ми,а децата да се презиваат како татко им.Јас немам некоја кариера па моето моминско презиме да симболизира нешто.Дури и на дипломата од факултет ми стои презимето на маж ми(јас кога се земавме немав се уште завршено).
Би го земала само презимето на мажот ми, не дека навистина го сакам тоа туку заради тоа што кај нас обично децата го имаат само презимето од таткото, а тешко дека маж од нашите простори можеш да убедиш неговите деца да имаат и друго презиме освен неговото па не сакам само јас да бидам црна офца во семејството и да имам различно презиме од другите.