Јас сакам да си го задржам моево презиме бидејќи едно и единсвено презиме е во Мк, само јас, мајка ми, татко ми, баба ми и дедо ми го имаме, други никој и згора на тоа мн е специфично завршува на ШКА!
Менувањето на презиме во брак не го гледам како губење на идентитет, нема логика некако, зошто идентитетиот не го губиш со менување на пезимето. Сепак тоа е индивидуална работа, ама многу ме нервира кога ќе прочитам некоја на пр. Даниела Стојановска Стојковска или Даниела Георгиевска Ѓоргиевска, Даниела Величковска Велиновска. Која е логиката овде кога презимињата се многу слични, а има многу такви случаи. И што дека ќе го задржиш презимето кога утре детето ќе го носи само презимето на мажот.
Јас би го земала на мажот. Прво: затоа што и онака децата ќе го носат неговото презиме, па така со мојата смрт би угаснало и презимето. Второ: Имам брат кој ќе го продолжи Трето: Многу си го сакам презимето (многу,многу ), ама па и не е некое многу специфично. Што знам.. Не е многу често, ама имам доста среќавано. Па толку од прилика. А ако ми биде маж тој што мислам дека ќе е, со две раци ќе потпишам за неговото. Ми се бендисува многу. И да, прифаќање на презимето на мажот не го сметам воопшто за губење идентитет. Напротив, за мене претставува еден вид на искажување на почит
епа ако се согласи тај што ќе ти е сопруг задржи си го.ама ако си одговарат двете презимиња да има логика на пример матида џолева митева мислам дека не одговарат двете презимиња да идат заедно така да и ти ќе видеш дали ќе се усогласуват вашите презимиња да не изгледа глупо како овој пример
Можеби затоа што менувам нешто во мојот идентитет, а тоа е презимето. Името и презимето се дел од мојот идентитет.
^ Ај едно вакво прашање: Да претпоставиме дека се викаш Марија (имево така го лупнав). Дали, доколку те крстеле Ана наместо Марија, ти ќе беше поинаква личност од таа што си?
Па да во право си...Па затоа и реков сакам да си го задржам, но ако сопругот не ми дозволи нема ни да се противам.Не е нешто страшно!
Мислам дека не се разбираме, доколку ме крстиле Ана и со тоа име живеам, не верувам дека би била поинаква личност од тоа што сум. Ама доколку во текот на животот го променам името од Марија во Ана, тоа секако ќе се одрази на моето постоење. Овде постои промена (не во карактерот), промената се однесува на општественото делување. До вчера Марија, од денес Ана? Немам ништо против доколку некој по било која причина го менува името или презимето. Но, кога се работи за промена на презиме само затоа што стануваш нечија сопруга, не разбирам. Овде зборуваат и за барање дозвола за задржување на презимето, па присилно наметнување на презиме. Кој тоа мене треба да ми дозволи за јас да можам да си го употребувам моето име и презиме? Одлуката е моја и само моја.
Не сум размуслувала за ова. Шо знам, не ми е нешто битно. Би го сменила. Немам некои презиме со педигре па да се тепам за него, а не би сакала да комплицирам и децата да ми имаат различни презимиња. Јас сум таа што сум, безразлика на презимето што го носам
И на мене целосната промена на презимето ми изгледа како менување на идентитетот. Па ако сум постоела како некоја и сум направила нешто во животот нема преку ноќ туку така да се откажам од тоа што цел досегашен живот сум го стварала. Немора да значи за сите, меѓутоа многу од тие што јас ги познавам (мажени со целосно сменето презиме) самото стапување во брак го сваќаат како незнам каков успех во животот. Уште пред се да се официјализира се потпишуваат со новото презиме, вежбаат на страна и сл. Тоа ми изгледа патетично и жално, газење на родителите и на она што го вложиле во тебе. Зарем сега јас да родам ќерка да и се радувам цел живот а таа во одреден период од нејзиниот живот одвај да чека да се откаже од мене и од она што до тогаш била. Да не е комплицирано, во бирократска смисла, јас би си го задржала и само моето презиме. Не ми треба на мене да сменам презиме, да земам некое „попочитувано“ од моето за да имам потврда дека постојам и дека нешто вредам. Прочитав и дека некои зборуваат за дозвола од сопругот. Каква дозвола, што зборувате зарем сами си барате некој да ви дозволува или брани нешто. Па вие не добивате нов родител кој ќе биде оговорен за вас туку оформувате свое семејство кое ќе биде дел од вас и вие дел од него. Семејство во кое ќе вложувате и ќе го развивате.
Не ми се веруваше какви глупости прочитав во ова мислење. Значи вака, според тебе сите што досега го земале презимето на споругот ги предале своите родители и она што тие го вложиле во нив?!? Логиката е боли глава. Дајте луѓе доста со патетики, каков идентитет какви глупости. Идентитетот ти си го задржуваш, нема врска што си го сменила презимето. Еј ти се молам, мислењево ,,родителите те чувале и одгледале, а ти само чекаш да да се откажеш од нив,, Само ќе кажам, со вакви размислувања, тешко на вашите ќерки што утре ќе ги имате.
Па имам автентично презиме , прилично ретко и би сакала да си го задржам и моето. Ама што знам не сум размислувала на темава. Што се однесува до продолжување на презимето , имам брат така да не се грижам многу за тоа. Ке мислам за тоа кога ќе ми дојде време. Сепак според мене не треба да се прават проблеми околу едно презиме. Пред се тоа е формалност и според нашата традиција , би требало да се земе тоа на сопругот. Но, има многу случаеви каде што одредени личности сакаат да си го задржат. Индивидуално е тоа, во секој случај не треба да има присилувања од ничија страна, но да се најде компромис
Искрено,конкретно каде што живеам има само уште едно семејство со презиме како она на моето семејство и би сакала поради тој факт да си го задржам.Меѓутоа,фактот што имам и брат зборува за тоа дека нема да е изгубено презимето. Во секој случај мислам дека станува збор за договор меѓу партнерите и не мислам дека би направила скандали околу ова прашање,сепак треба да постои и усогласеност меѓу двете презимиња т.е.убаво да звучат како изговорена кованица,а не како некој шум на кршење(најмалку на јазикот, ).
Јас кога ќе се мажам презимето моминско ќе си го задржам. Бидејќи сме само јас и сестра ми од семејствово со такво презиме не сакам да „исчезне“
Мислам дека задржувањето на сопственото презиме и додавањето на през. од мажот денес е малку помодарство,затоа што со наредната генерација тоа ке исчезне.Зошто? Па на пример добиете син и мислите дека ке сака неговото презиме да содржи женска наставка ''а" или ''ска" .Незнам можеби грешам, но знам дека тие што си го задржуваат презимето тоа е само некоја лична сатисфакција.Него мене нешто друго ме мачи.Што да правиме ние со деца,кај што нашето име никаде не се бара.Во сите формулари се бара татково име?
Море има да го зема моето презиме па што сака нека биде Сепак според тоа што гледам, презимето на мажот се зема скоро секогаш...
Мене од никогаш не ми било јасно зошто се крева толкава фама околу презимињата., па дури се растураат и цели свадби ради тоа ( бев сведок на еден таков инцидент во матично) .Мислам дека тоа треба да биде личен став на девојката којашто ќе се одлучи на брак. Еве јас за првиот брак на моето презиме го имав додадено презимето на мојот тогашен сопруг, а сега си го задржав само моето. Детето утре кога ќе се роди ќе си го носи презимето на таткото.
Ама нема никаква врска кое презиме ке го земеш додадеш или ниедно од тоа.....секој си одлучува за тоа посебно нема што мажот да ти каѓува нема да го додадеш моето на твоето него само моето ке го земеш... јас сама си одлучив дека го сакам неговото презиме без моето и тој ми рече тоа е твое ти сама си одлучуваш а згора на се неговото оригинално го земав без додаванје на -ва- Сега сум на -ов- .
Јас прилично бев принудена за да го прифатам. И што сега?! Разделена и си реков ок ќе го носам додека ќерка ми го има тоа презиме. Тешко е кога ќе имаш работа со домородски размислувања и сам не можеш да се избориш.