38 nedela i 4 dena, konstatirana prezreana placenta. Ima li nekoja slicno iskustvo? Pricina mozna od cigari. Ima li prostor za panika?
Мoјaтa беше 3 степен зрелa уште вo 36,5 г.н , a се пoрoдив вo пoлни 38,6г.н ми имaaт кaжувaнo декa бебетo тoгaш не дoбивaлo дoвoлнo хрaнa не се плaши , мoжнo е дa си се пoдoдиш денoвиве . П.С : Инaку јaс не пушaм цигaри .
Темава ич не е активна, но ако некоја случајно види нека каже искуство. Мене ми била презреана, веќе сум 40та недела но уште од одамна ми кажа матичната дека ми била како на пушач, а не сум. Дали е опасно многу. Бебуш си е 3200.
Јас сум 37ма, мене ми кажаа зрела 3ти степен и дека најверојатно нема да издржам до термин. Ако дознаеш нешто повеќе те молам да ми пишеш и јас прашував ама не добив одговор. Бебето сега е 3200 во 40та недела? Конкретно ме интересира колку качило на килажа од 36та, дали презреана постелка значи дека не качува?
И јас пак со исторо прашање како вас..менс од 33 недела ми рече дек ми е 2-3 степен зрела плацентата и тогаш прв пат беше помал за една недела и еве сега сум 38+ од денес и баш сабајле бев на цтг бебуш е околу 2900-3 кг. (иначе во 36 недела беше 2.650) сеуште крева на тежина ама не многу како и претходно ама ме теши што сепак не заостанува..И гинекологот го прашав дали е се во ред дали добива кислород и храна рече не ни е сега толку битна плацентата колку што е да има доволно плодова вода и цтг да е во ред...ама не ми спомна ништо за дек нема да издржи до термин (термин ми е 29.04) И јас не сум пушач
Мислам ти немаш место за паника и онака кај да е при крај си и бебуш си е таман со кила..мене ми рече нема да е големо бебе оти и јас не сум голема така да не се замарј и спремај си се уште малку и ќе си го галиш бебушко
Некогаш нема врска и жени што не запалиле никогаш цигара во животот, имаат предвреме зрела плацента, а некои пушат како Турци, па се е во ред. Мајка ми пушела кога била бремена со мене и јас сум се родила околу 2 кила, докторите ја карале и затоа во втората бременост воопшто не пушела и брат ми е роден многу поголем.
И мене ми имаат речено дека р можно пред термин да се породам заради плацентата, дека ми е прва бременост ме интересери дали тој пороѓај исклучиво царски се прави или имат голема можнот во 38г.н да добијам болки и нормално да се породам?
Мене со првото ми беше цела калцификати и лакуни (ваљда така се викаа) уште од 36та, многу презреана ми беше на крај, 41 се породив и не излезе постелката од мене (природно се породив), па ми ја исчистија со целосна анестезија. Рекоа баш така како да сум пушела 3 кутии во ден ми била(не сум пушач), деформирана дури, а бебе 4400 го израсна А 35 36 ми рекоа спреми се порано може ке раѓаш баш поради тоа, дека зрела скроз ми беше ептен рано, ама нема правило Џабе 5 недели спремно се ми беше, пукнав од чекање хахаха
Леле сличен случај хахах.. И јас веќе немам трпение и нерви да чекам, се повеќе страв ме фаќа и на психа ме удри. А спремна сум уште од 37ма недела.