1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прекари-несакани поклони

Дискусија во 'Бебе' започната од blond, 6 декември 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Многу ме иритира кога ќе слушнам бебето да го викаат нагалено или да му вадат ново име.
    На пример, се вика Александар и сите го викаат Аце,Борче-Боки, Ангела-Ане итн. Можеби и поради ова кратење на имињата излезе трендот за ставање на кратки имиња како Ина, Ања, Ева, Јана. Но сум слушнала и на тие им викаат: Иничке, Ањичке, Ефче.

    Мене ме вади од такт кога некој ќе му се обрати на моето дете со друго име (најчесто користени се Ване, Јофка |( , Јове, Јовче, а името му е Јован ).
    Кога ќе слушнам некој да му го изврти името, веднаш ги поправам. И јас избегнувам да викам некој на скратено.

    Сепак, како што велат, како ќе си го завикаат како мало, понатаму така ќе го викаат.
    Дали на вас ова кратење ви смета?
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Долгите имиња секогаш се скратуваат-јас не сум слушнала некој што се вика Александар така да го викаат секогаш. И тоа тешко е да се промени, затоа решение е како што кажа Блонд, кратки имиња.

    А што да каже едно дете што откако се роди подолго време немаше име и дека машко, го завикаа Курко и така до ден денес се наоѓа по некој што така ќе го нарече :D
     
  3. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    Па искрено не ми смета ако е некое нормално и слатко меѓутоа ако е некое стварно ептен извртоперено и глупаво мн ми смета! А сакам да кратам некои имиња оти ми се долги мн и додека го казам ако сакам некој да викнам може да ми замине хехехехе
    А во Прилеп пак, нема човек што нема прекар :D и тоа мн смешни па и срамни :D
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Мразам и јас да му го кратат името на детето.
    Уште од бебе имаше некои случаеви кога сакаа и као од милост било тоа, ама јасно и гласно им кажав дека детето треба да си научи како му е името и кога ќе го викнеш (со цело име) да ти се обрати. Или пак она ,, Боки (лупам) мил на баба,, а јас :^) да беее Миле требаше да го крстиме :D
    Прекар ќе добие и на училиште и од него ќе зависи дали ќе се лути или не али во глобала вака гледано прекарите остануваат оние што се добиваат од презимињата. Особено ако е некое невобичаено презиме обавезно му вадат прекар на детето иако не мора да значи.
    Не мора да значи да ако му го кратат името така ќе му остане прекар. Иако додека е мало сакам да го викаат со цело име, па потоа како сакаат. Денеска кога ќе го праша некој моето како се викаш, тој кажува цело име и презиме :D
     
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    И мене ме нервира кратењето на името. Мене ми го имаат испревртено како мала и имам прекар (односно скратеница) што врска нема со моето име и обично луѓето не ни мислат дека се викам, онака како што се викам хаха.
    Не ја разбирам потребата од менување и испревртување на имињата. До некаде ми е прифатливо од Ивана да вика некој Ива, или од Софија-Софи.....ама постарите генерации обично даваат некои затепани и глупави скратеници што ми иде да ги убијам.
    Најверојато кога ќе имам дете би постапувала исто како и Блонд. Не би сакала да му придаваат прекари или скратенки, на името кое заедно со сопругот сме го одбрале како убаво.
     
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Мене не ми пречи кратењето. :lol:
    Па чудно ми е на мало детенце да му речам: Александар!, подобро ми е : Аце, Ацувче, Аци... :rofl:

    Колку и да се жалите, пак некој ќе му го крати името. Затоа најдобар избор е кратко име, каде нема што да се крати. ;)
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Како ќе го викаат детето зависи од родителите. ако и тие си го викаат нагалено или пак ако не ги исправуваат оние кои му го кратат името тогаш како очекуваат некој друг да го вика со цело име.
    Еве конкретно сестра ми има долго име и така си и остана никој не ја вика ‘‘нагалено‘‘ туку сите цело име. Уште додека е била мала мајка ми со сите војна водела кога некој ќе и го скратил името и успеа да и го задржи целосното име.
    И баш поради таа причина да не ми прекрстуваат, да не ми се сите прават кумови јас си имам кратко име кое многу си го сакам :)
     
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Blond, поарно да го викаат Јоцо-комита, отколку со имиња на кучиња да го крстевте сами. :wasntme:
    Е мене искрено оние имињата, Леа, Тија, Миа, Шананајна, ме асоцираат на имиња за домашни животинки, а кратењето кое доведува до изобличување на првобитниот поим за име на персоната не чини, ама воопшто.
    Кравите кои се домашни животни ги именуваат според денот кој се родил. Пример Саботка или Неделка. Барем има некоја суштина во името отколку креација од три букви кои формираат слог. Тотално бесмислен.
    Навлегов во друга тема, а сакав да кажам дека и мене не ми се чини добро. Освен ако лицето само не одлучи дека сака скратено да биде ословувано. Пример ако не си го сака целосното име. Се вика Митра, па сака Мими да ја викаат... или Леонардо сака Лео да го викаат, Бранкица-Бани, Слободан-Бобо, Слободанка-Дани, итн. :|
     
    На Spidy и De-lovely им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Лично јас не сакам никој да ми прави скратеници од името - не ми е толку долго, башка скратениците обично се ко имиња за плишано мече и се чувствувам крајно глупаво кога некој ми се обраќа така (на пример ако би се викала Tијана - Тина).
    Па не за џабе кумот ми го ставил тоа име и сакам да ми се обраќаат по него, а не се ни сомневам дека со имињата на моите деца ќе биде друга приказна. :D

    Е сега, го тргнувам на страна фактот дека јас лично за мене ги мразам овие кратења, ама не можам да се контролирам кога се работи за другите.
    Е тогаш, Викторија станува Вики, Софија - Софи, Александар - Аце, а кога ќе подразмислам, навистина повеќе ми се допаѓа оригиналното име без разлика на тоа колку е долго, ама се' е до навиката.
     
  10. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Јас имам долго име и не сакам никој да ми го крате. Кога некој ќе ме викне со некоја чудна кратеница од моето име јас не се вртам, не ги чуствувам кратениците како мое име како на некој друг да му зборуваат. Од бебе сите ме викаат со моето име без прекари. Не ми се допаѓа воопшто кога некој го прекрстуваат. Доколку родителите сакаат Теодор да го викаат Тео зошто воопшто го крстиле Теодор нека се вика Тео и завршена работа.
     
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Една од причините зошто ќерка ми се вика Мила..
     
    На kristina.k, Cynthia и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  12. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Јас пак лично повеќе сакам кога ме викаат скратено, нагалено, ама баш нагалено, а обично така ме викаат оние со кои добро се знам. Посебно затоа што моето има во 300 варијатни може да се скрати, секогаш сум дозволувала кој како сака да ме вика, дури и поблискиве роднини кој вака кој така и да ги слуша некој ќе си рече за различни личности прават муабет. :)

    Кога некој ми се обраќа со целосно име некако ми звучи формално многу, па посебно ако се додаде она О на крајот е значи од такт се вадам, така само мама ми вика кога ми е лута.

    И исто како Мерлинка сакав да кажам и јас не ги сакам тие имиња, Беа, Миа,Теа,Леа и незнамлитикаква еа... Од другарка ми внукот и кучето од комшијата исто име имаат Лео. И како да му објаснам на кутро дете дека кучето како него се вика, не можеше никако да сфати. Гревотка... :D

    Преферирам долги имиња баш заради тоа што можат во триста варијатни нагалено да се викаат, ете ми дава некаков впечаток дека мила ти е личноста, а не формално уште име и презиме да кажуваме кога довикуваме некој. Мај нејм ис Трпеска, Митра Трпеска... Абе Мица речи ја.. ;)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    И јас не сакам скратеници од имиња. Се знае ккао му е името на детето, и така треба да се вика. Е сега, друго е што кај нас од секогаш се давале скратени верзии на имињата на децата додека биле мали, па децата немале избор, и повеќето луѓе така ги знаат, за жал :|
    Јас имам долго име, и одамна се имам навикнато на скратеното име, кое патем кажано никогаш не го сакав и ми пречеше. Во последно време кај луѓе кои ги запознавам инсистирам да ме викаат со целосното име. Со сестра ми имаме исто долго име, (еве бројот на букви нека е меродавен тука :) )-таа никогаш немала скратено име, но има среќа што од нејзиното име баш и нема некои скратени форми, па си ја знаат со вистинското име, за разлика од мене :devil:

    Инаку, ќе признаам-знам дека ќе испадне лицемерно, ама.....-и јас ги викав внукот и внуката со нагалени имиња, иако имаат кратки имиња, и иако не ги сакам скратените форми :tmi: , ама ете.... :tmi: И тоа ми доаѓало од милост, точно е. Но, во последно време престанав, баш заради горенаведените причини, внук ми веќе го викам само по вистинското име, а со внука ми ми треба уште малку прилагодување :$

    Инаку, не би сакала моите деца да ги викаат така некако скратено, освен ако јас сама не му дадам некоја таква варијанта на името, иако не ми се верува дека тоа ќе се случи.
     
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Можеби и ова мислење ќе биде надвор од темата, но ужасно ме иритираат оние кои им даваат имиња на своите деца во нагалено оригинална верзија. Нека им се живи и здрави децата, ама однапред ги осакатиле. :x

    Пример: Благојче, Јованче, Николче...
    Нели мислат дека децава некогаш ќе пораснат??? :^)

    Дали ти Бојанче ја земаш Јасминче за жена?

    - Да, но надвор од институциите за возрасните.
    :x
     
    На slobodka, Annath, Phyramide и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Исто, една од причините сестра ми и зет ми го одбраа ова име. Ем кратко, ем со значење! :inlove:

    Долгите имиња сами по себе се кратат, не дека не се убави, ами додека му довикам на некого...
    Во секој случај, тоа треба да е во согласност со родителите, а и со детенцето кога ќе порасне :)
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Нема врска должината на името, внуката на другарка ми се вика Ема, а ние од милост си ја викаме емче-кремче. :D

    Епа бебенце, како поинаку, Ема е доста сериозно име, да се разбереме :!: , иако е нежно.

    Нашиот народ си љуби да ги скратува имињата или да ги менува во деминутив и донекаде ми е ок.
    Ма се' е тоа од љубов.

    Прекари од типот на зелка, срча, ушко, мешле ми се полоши.
     
    На Ema.Sk, Hipica и De-lovely им се допаѓа ова.
  17. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Јас мислев дека само мене ми сметаат ваквите скратеници па поготово кога мало дете од лигавење му внесат во глава дека се вика пример Боко а името му е Бојан |( и како бе тоа дете ќе се помири со фактот дека името му е всушност Бојан кога никој така не му викал од дома.Се зависи од родителите незнам неможам да ги разберам.Мене повеќето ме викаат со скратеница и толку ми е мило што најблиските ми го изговараат целосното име,многу си го сакам името ама неможам на сите да им прекосувам да им кажувам како да ме викаат :x и најчудно ми е бе се запознаваме и уште на почеток ааааа така се викаш може да ти викам ...... ? |( Не! јас ако сакав така да ми викаат нема ни да се претставам со цело име,а има и такви кога се запознаваат со некој си кажуваат скратеница немој случајно со цело име да им се обратат.. ствар укуса
     
  18. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Eх колку се нервирам на темава,мене па никогаш не можат да ми го запомнат името и ме викаат Mарија,Mарина или ке ми го згрешат во пишувањето,некоја буква одземена,додаена |(

    Mногу сакам некој кога ке ме викат по име(целосно),нејкам некакви кратенки :^)
    Eве и на керка ми истото,само и го грешат,додуша не знам дали да го наречам грешка,ама еве пример
    од Ивана да ја викат Иванка :rofl: :tmi:
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Леле, не знам зошто, немам некое специфично име, ама како мала, ниедна проклета бабетина не можеше да ми го запамети. :D

    ,,ДАНИЕЛЧЕЕЕЕЕЕЕ...,,
    ,,ДРАГАНЧЕЕЕЕЕЕЕЕЕ...,,
    ,,ДОБРИНЧЕЕЕЕЕЕЕЕЕ....,,

    Уат д хел ?!

    Нит Даниела, нит Драгана, а па уште помалку Добринка. И се нервирав, многу се нервирав, три слога да не можат да се запаметат. Среќа моја, ми помина таа фаза на нервози, денеска само се смеам кога некој ќе ми го згреши името. :D

    Од школо, си имам еден така добар прекар закачено, што никој жив на планетава не ми се обраќа по моето име. И моите дома некогаш на зафрканција ми се обраќаат така. На факултет почнаа едно време, арно ама, дека цело време на фејсбук овие другиве ми се обраќаа со прекар, и си зацепаа и тие така! :D

    Смешно ми е што некои роднини уште ми се обраќаат со -че на крајот, а јас олкава крава од 70 и кусур кила и два метра. :rofl:

    Братучед ми има име кое може да се скрати и баш гледам дека цело време скратено му се обраќам. Ама и тој така сака, што знам. Сестра ми ја викаа со скратена верзија, но моите се бунеа и денес само и го префрлуваат името со -че на крајчето. :lol:

    А за Николче, Златанче и остала ЧЕ компанија, очигледно им го утнале името. Посебно затоа што баш тие таквите пораснуваат во луѓе од 2 метра и сто кила. :rofl:
     
    На spacegirl92 и Oxymoron им се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.418
    Пол:
    Женски
    Не сакам прекари ама ич! Ги разбирам малине деца што не знаат да кажат Р, па ме викаат Маина или Мина ама друго не признавам.
    Сестра ми се вика Маја и кога ќе ја речат Мае ми се :puke: Добро зошто по ѓаволите не и го кажете името? :devil:
    Се трудам на сите да им се обраќам со целосното име освен ако не ми каже дека сака со скратеница да му/и се обраќам.
    Со една другарка си се обраќаме само со прекари кои немаат поврзаност со имињата, а една драга форумџика ми извади страктеница која ми е многу драга. :)