1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прекари-несакани поклони

Дискусија во 'Бебе' започната од blond, 6 декември 2011.

  1. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Некои имиња ми звучат многу селски скратено, моето неможе да се скрати па фала богу немам такви прекари. :)
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Моето име пократко не може да биде :) Така што не сум се соочила со чудни кратенки на името. Чист пример Сашка од Александра, е тоа не можам да го разберам. :?:
    Инаку имам братучетка која се вика Кристина, ама тетка ми не можеше да поднесе ние да ја викаме Кики. Секогаш ни викаше да и се обраќаме со Тина. Така ја завикавме и до ден денес тоа и е прекарот.
    Во принцип не сакам многу долги имиња, токму заради тоа изопачување со кратенките. Другарка ми има братучетка со прекрасно име, Анастасија, а сите ја завикале Тасе |( Го унаказија девојчето...
     
  3. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    И мене ме нервира кратењето на имињата.
    Еве, да се надоврзам на постот над мене.. Жити Бога, од каде Саше од Александар?
    И мене кога ќе ми извадат милион прекари со цел по мило да ми звучело името кога ме довикуваат, сите влакненца по телово ми се креваат. Па моите ако сакале некое такво селско, никакво име да имам, така и би ме крстиле нели? И до ден денес едни роднини ме довикуваат со тоа сељандурско прекрарче.

    Прифаќам во случаеви како Емилија-Ема, Ивана-Ива, Магдалена-Магда/Меги..
    Ама од Јана-Јануфче/Јанушка, Ана-Анушка...
    Е тоа е веќе лигавење и уништување на името! :!:
     
  4. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Охоо ги имам колку сакаш. Не се прекари, ама па се различни кратенки на името мое кое е така малце подолго. Некои дури ни врска немаат, можда ете почетната буква н името и кратенката се исти па ајде така се викам. Некогаш дури и во рок од 5 минути добивам 21343 различни кратенки, прекари, што ти не... несакани секако, ама што да правам. Затоа, еден ден на децата мои ќе им дадам кратки и јасни имиња па ајде нека скратат. :)
     
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Имам кратко име, но ретко кој ми се обраќа според истото :(
    Можеби од милост така ме викаат (со додавки -ка, -че и -е), но и покрај тоа што не ми се обраќаат со името до сега никого немам прекорено заради тоа, едноставно се навикнав и не ми пречи.

    Единствено се нервирам и се лутам ако некој ми се обрати со О на крајот од името и уште ми се вадат дека тоа било заповедна форма. Аман бре луѓе, па не сум јас роб за да ми заповедате :fubar:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Мене па тоа кратење на имињата воопшто не ми пречи. Дури искрено смешни ми се некои мајки (имам една комшивка, баш за неа и зборувам) кои никому не дозволуваат да го викаат детето со скратено име.
    Конкретно во случајов, девојчево се вика Катерина и мајка и‘ не ни дозволуваше да ја викаме Кате и ако некој и‘ викнеше така, се дереше по него како улава |(
    Кратењето на имиња за мене е во ред се‘ додека тоа не му пречи на самото дете.
    Еве пример јас имам прилично долго име и скоро никој со него не ми се обраќа. И не - воопшто не ми пречи. Име како име. Да ме викаат некако.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Не ми се допаѓа кога ги кратат имињата или па додаваат наставки ако е кратко. Јас сите да ги викам на нивното право име. А пред извесно време се шокирав кога видов дека една пријателка на мајка ми, која ја знам како Сијка, всушност се вика Анастасија. И сега ја викам тетка Анастасија, па дури и нејзе и е чудно :)
    Кратко е и моето име ама се случува да ми додадат по некоја буква, нагалено и од милост де. :^) И се нервирам и опоменувам. Додуша на стари луѓе не баш, ама на пример баба ми си знае :) Дури и на една моја професорка која ми се обраќаше со -о на крајот и забележав, па се правдаше дека било вокативна форма. Хелооооу, грубо и непријатно звучи, колку и да е граматички точно.
    Имам забележано дека во источните делови од нашава мила земја, милувале да ги крштеваат машките деца со -че или -чо на крајот. Познавам многу такви. И како некое детенце од 1 година да го викаш Симеончо или пак маж од 50 години Горанче? Не бива.
     
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Би ми пречело за моето дете...
    Мене лично кратенката на моето име не ми пречи... Дури така се претставувам кога се претставувам во некоја неформална пригода...
    Башка такво ми е името... Или долгата или кратката верзија... Неможе да се утне...

    А сеа за прекари од поблискиве пријатели имам еден тон, сите почнуваат на првата буква од моето име, а ми немаат врска со името... Ама не ми смета, посебно не прекарчето од дечко ми... Само тој ме вика така, ретко ми го рекол цело име... Додуша не се сеќавам воопшто да ми го рекол целото мое име...

    Тие со -ЧЕ, не ги разбирам... Како бе, со кој памет ќе биде Николче? Нема ли да остари... :)

    И ако имам машко дете ќе го крстам Филип и ќе го убивам секој што ќе го нарече Фичо!
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Прекари не ме лутат толку, ама страшно се иритирам некој кога ќе ме нарече - Сашко. Аман, Сашка се викам, плус е крајно некултурно на некој така да му се обраќаш. Како на пример од Сашка - Сашко или од Мартина (лупам) - Мартино, со О на крај. Никогаш, освен на сестра ми по дома ако се налутиме, на никој друг му се немам така грубо обратено. И мразам Саше кога ќе ме наречат е тогаш :devil: Мада СашкО е полошо |(
    И така имаа навика во основно да ме викаат СашкО, многу, ама многу се лутев, и на крај решив повеќе да не се одзивам така, се додека не се научат како ми е името. :!:
     
  10. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
    Јас сите што ми се блиски ги викам на галено или на прекар. Некако цело име ми е глупо и многу формално како сега да сме се запознале. На пример: колегата се вика Себастијан и јас го викам Себо, на кумот керката е Александра и некако ако и речам Александра како да и се лутам нешто или нешто згрешила и си ја викам Ане или Анче. Моето име е многу специфично и не може да се крати не изгледа убаво, јас секогаш сум сакала да ме викаат на прекар но никој не ми го крати името :D
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Прекарите ни се разликуваат во една буква, а никогаш никој не би помислил дека сме имењачки. Кога ќе им кажам како навистина се викам ми се чудат и мислат дека ги заебавам. :D

    Ама тоа е проклетството на долго име, не му се крши на секој јазик дур да те викне. Инаку немам ништо против кратење на името се додекаа прекарот не е сељачки. :)
     
  12. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас прекари немам,а се случува дома (баба,дедо) да ми додадат -че,-чка на крајот од името демек нагалено :) Не ми смета не е нешто толку многу грдо да звучи.
    Кратенка од моето име па и незнам дали може да се направи :?: Татко ми,ми кажуваше дека баш и поради тоа ова име го одбрале,дека неможе да се крати и да се изветопери името на крај.
    Мене ме нервираат некои глупави,селски кратенки од убави имиња.Можам да разберам да го наречам некој кој ми е мил нагалено ама не да го скратам името како една феминка што пиша од Анастасија кое е преубаво име Тасе |( страшно.
    Еве на пример имам братучедка со име Емилија,ние сите си ја викаме Еми.Грубо ми звучи на секое да ја викам Емилија,а и она несака :)
     
  13. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    од моево име можат да се изведат повеќе прекари со додавање букви што знам ти јас ....ама си ја сакам кратенката од имево а тој делот што се отфрла па дури е и глаго :D
    ...а и не ми сметаат ако се изведени од името и секако да се нормални не груби глупави и селски...
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не ми смета многу само името е најубаво ако е оригинално без тие кратенки или додвања за да биде нагалено. Моето име е со 4 букви не може да се скрати :D
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Затоа моето име е наједноставно, и немам прекар :)

    И ќерка ми ќе си ја крстам Веда! (ако ја имам).
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Имам кратко име. А прекарите секако ми излегуваат подолги од името. И лигави се. И не ми е јасно дали им изгледам на луѓево на такво мало лигаво човеченце за да ми даваат такви прекари. Или па до нив е :)
     
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    24.990
    Пол:
    Женски
    Имам кратко име, ама имам многу прекари, варијации на тема,бидејќи пријателиве ми се доста иновативни.
    Не ми смета воопшто, баш ми е интересно, затоа што истите најчесто се употребувани како шала, немам некој прекар онака, претпознатлив, по кој би ме знаеле сите.

    Не ме нервираат прекари кои се кратенки од име, туку поглупи да речам ми се прекари од типот на К*ре ( да, да познавам таков човек ), алтан, малтан, мачак, промаја и слично.. Е тоа ми е ептен .. :Down:

    А и како многу на темава ме нервира кога ми го изговараат имево на крај со О. Прегрубо е..
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    11.588
    Пол:
    Женски
    Јас имам прекар. Нагалена верзија на името мое да речам. Сите ме знаат така. Кога јас се претставувам на некој си го кажувам целото име.
    Поблиските никогаш мислам ме немаат ословено со цело име. Дечко ми на неговите ме претстави со нагаленово ми име. Неговите никогаш не сум ги слушнала целото име да ми го изговорат. И не ми смета. Многу милозвучно ми делува кратенката.
    Додуша јас многу се нервирам кога ќе почнат прекарот да ми го извитоперуваат. Домашните имаат една верзија, другарките друга, а дедо ми сосем трета.
    Не ми смета мало дете со многу долго име да се вика нагалено.
    Прекар во вистинска смисла на зборот ми се тие што ги набројаа погоре: мешле, пешле и сл.
    И прекар подразбирам некој што го завикале според специфичноста на презимето. Пример од Брацановски- Брацо.
    А од Александар- Аце, Мартина-тина итн. повеќе ми доаѓа како нагалено
     
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Имам кратко име, од скромни 4 буквички, ама ретко кој ме вика така. Скоро сите ми додаваат -че.
    И не ми пречи.
    Си имам уште еден прекар, кој нема врска со имево, ама за него имам зборувано во друга тема.
    Прекарите не ми пречат се додека не се навредливи.
    И јас се обраќам со прекар или скратеница на име на оној кој знам дека не се лути на тоа.
    Не би ми пречело ако детето мое добие прекари или скратеница на името ако тоа личи на нешто и не е ептен старинско.
    На пр. ако е машко и се вика Ристе нема да ми пречи ако го викаат Рики. Ама имам еден комшија Ристе и го викаат Ице. Е така не сакам. Рики може, ама Ице бе, аман!

    И не можам да ги разберам оние кои децата ги крштеваат во деминутив, со -че на крај. Тоа е чест случај кај машките.
    На пр. Благојче Трајчески.
    Додека е мал можда и нема да му пречи, ама како бе понатака: чичко Благојче, доктор Благојче??
    Без врска ми е некако.
    Крсти го Благој, Благоја, пак ако сакаш викај го Благојче, ама во извод да му пишува Благојче ми е глупаво!
     
  20. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас имам прилично долго име... И да најмногу што ме нервира е кога ќе ми извадат од негде никаде некое сосема 57936523976240 име кое нема врска со моево...
    Луѓе, кога ја слушнав една жена од в село ми вика: Евхаристија...
    Сафрава ми се крена!!! Од кај го ископа! Лелеле... Јес да има 2/3 букви од моето име, ама Евхаристија...?!?!?! :@ :@ :devil:

    И да тоа О кога ќе ми го додаде некој... Беснам!
    Иначе си имам една кратенка по која скоро сите ме викаат...
    И уште нешто што ми гази на нерви е кога некој друг ќе ме рече по кратенките по кои ме вика мајка ми! И тоа ептен ми ја гаѓа „таквава“ жила... Тие се мои и нејзини, и од никој друг! :@ :swear: