Моите дома ме викаат нагалено и немам против тоа иако не сум пресреќна со изборот, не дека толку лошо звучи колку што прави погрешни асоцијации, ама ме нервира што пријатели и роднини си го имаат присвоено истото, ај за домашна употреба не ми пречи, ама и кој да се расправа со доста повозрасни ем блиски, па преќутно се трудам да одобрувам со фаца како да сум изела нешто екстремно кисело. Инаку прилично долго ми е името и не сум сакала никогаш да ми го кастрираат, бидејќи повеќето кратенки ми предизвикуваат наткревање на дигестивниов систем. И на сите што се бунат дека ми е долго, ги прашувам - - А, што ќе заштедиш ? Не сум добила до денес одговор, .
Како мала моите и роднините ми измислија една скратеница шо се римува со пи*е И имаше една песничка: сапунче, сапунче, бели пењи пуштај и на ...... газето.... (натаму заборавив како иде). Океј е како мал ајде, милост, лигавење. И јас сестра ми си ја лигавам уште какви се имиња не и вадам а она се нервира. Од основно кога ми скратија името на пола, со правото име ретко кој ме прозивал. Ама ми скисна веќе значи... Колку и да е долго, сакам некој јасно и гласно да ми го изговори името! А смешно ми е кога некоја мајка ќе почне да вика: оди Игорчеее... или дојди Зоранчеее... а он толкав вол
Јас имам долго и не многу често име кое од секогаш сум си го сакала. Е проблемот е што никој не ме ословува со него во целина, има кратка позната верзија и за мажи и за жени и скоро сите така ме викаа. Пресврт настана во средно, кога еден другар направи асоцијација дека јас со обетките што ги носев дента сум како лик од тогаш актуелна серија и станав Божица! А ова па е уште поподложно на модификации па си имам цела палета имиња. Едно време мајка ми им викаше на моите другари, да си ја однесете во матично и официјално да ја прекстите На ова никогаш не сум придавала значење ниту ми значи како ќе ме ословуваат пријателите и другарите нити моите дома. Да бев некоја лутка ќе требаше секој ден да се карам со маж ми он е баш креативен во однос на тоа како ме вика. Што се однесува до ќерка ми, нејзе ја крстивме по една важна личност во животот на мажот ми. Храбра и цврста жена каква се надевам ќе биде и ќерка ми. Името е типично македонско и подзаборавено, кога ќе ме прашаат за име добивам две реакции тотално чудење во стилот аман кај го најдовте и луѓе со искрено воодушевување за тоа како ни текнало за имево. Мене ми се допаѓа а за останатите и не е важно
Во Куманово подобро едно око да ти извадат, отколку прекар! Се шетаат луѓе со најразлични прекари наденати од околината од типот: Бузле, Серко, Пингвин, Пуљко, Главчо, Чума, Кромидка, Мочан, Зрзе, Костур и сл. Дури прекарот Серко е извлечен од презимето Серафимовски. Сакав да кажам дека прекари не се изведуваат само од имиња. Моето име е многу кратко исто и на ќерка ми и никако не може да се направи кратенка од нив. Здравје, кога ќе имаме друго бебе, пак ќе гледам да изберам некое име што не се крати.
Јас не можам да го наречам било кое бебче со целото име Така ситно, па да се вика Александар(пример) и да му викнам Алексааандааааар :geek: грубо ми е. Е сега кај што ќе ми сугерираат родителите, макар што ретко ми се случило, ај, а иначе си го викам детуленцето секако нагалено скратено И моето име има милион модификации, ама најчесто сум Кате или Кале , всушност никој не ме вика Катерина, се само нагалено. Ама ко да ми речат Като, е богами знам оти нешто страшно сум направила Кога бев помала се лутев, сега не, и официјално сум Кате за сите Е, баш пред некоја минутка на нет разговарав со кумашинчето(јас викав она џареше кој и вика ) и си ја викав нагалено со -е на крај, ако името и е со 4 букви. Така ми е понежно
мене тоа многу ме нервира прекрстување од страна на комши роднини и трет пет....јас пред три дена дознав дека комшика која и домапните и нејни и сте ја викат Шијчка (баш на мајка ми зборев дека по глупо име неможеле да и дадат) она бе луге да се вика Анастасија,него во селово така ја завикале и така останала.....мене името ми е Зорица,за другарките уште во основно станав Зоза и Зока,пријателите се пола пола некој со Зока некој со цело име,ама па сите роднини и моите дома ми викат Зорица/е и дечко ми од сам ден на запознавање ме вика Зорица,неговите исто така...Зорице оваа Зорице она.....е имаше случај во Србија кога ми рекоа Зоро јел хочес кафу? нели они така зборат де Мајо Зоро Јано Маро...ама јас не се ни малку уплашив што сум на гости него јасно и гласно реков дека јас не сум Зоро туку Зорица а ако му е тешко да ми каже цело име тогаш нека ми се обрати со еј..... имам внук и откако се роди он Васил сите Васе-Аман бе....ама дода тука на секој исправуваше и еве детево е 6 годинки и сите го викаме Васил а и он самиот така си се претставува,и во школо си го завикале со правилното име....
дека имам убаво име , имам ама не сакам да ме викаат со целосното име некако грубо ми звучи преферирам кратенки а домашните ми измислиле кратенка што само дома така ме викаат,а вака поблиски другарки и сл. ми измислија друга кратенка и ми се допага, а идната ми свекрва кога ми се обрати со целосното име, ми доагаше за врат да ја фатам
Имам кратко име кое се граничи со долго име, значи 5 букви. И склопот на буквите е така направен што нема потреба од надимак ниту пак има некоја смисла ако некој ме нарече со прекар од 3 букви. Што убаво име си имам, еден другар од средно ме вика така како што ме нервира. Му спомнав еднаш дека баба ми така ме викаше и он почна да ме вика така, и сега секојпат кога ќе се видиме ме вика така, аааааа не ми се допаѓа. Ај баба ми ај, нагалено некако, и беше пократко милно за изговарање, ама овој волов, нааааах.
Не сакам прекари од имињата, ниту од моето, ниту од туѓите. Го почитувам името што и' било дадено на личноста. Мразам што никој не ме вика на име (а само три букви има ), сите ми го кратат или должат. Само на една личност сум и' дозволила да ме вика со прекар од името, и тој прекар и ден-денес го користам за скајп. А за сите други само моето точно изговорено име е дозволено, иако мажот ми ме вика нагалено. Истото важи и за син ми. Ме нервира кога некој ќе му се обрати со скратеница од името - да сакав така да се вика, така ќе го крстев. И знам дека кога ќе почне да разбира повеќе, ќе го научам да не се одѕива на ниедно друго име, освен она што му е дадено кога се роди. Сериозна сум за ова.
Сопругот (и деверот) има прекар наследен од татко му и единствено другарите му се обраќаат така. Инаку има многу ретко но долго име па неговите уште од дете му се обраќаат со кратенка, така го викам и јас. Децата ми имаат преубави, православни, не долги имиња кои одговараат со нашето карактеристично презиме. На име ги викаме и така се представуваат. Ги корегирам сите кои ке се обидат да им извадат кратенка или деминатив.
Мајка ми сакала што пократко име да ми даде само заради ова. Како мала ме викаа емче-кремче Ама сега некој да ме каже така Спојлер
Нема потреба да се лутам ако некој ме нарекува Симонче, Симонке, Монке, Монче. Мене тоа ќе ми биди знак дека сум и мила на личноста која ми се обраќа. Со овие нагалени имиња ме вика цела фамилија, па ако ми речат Симона дури и ќе се навредам (знам дека се нешто лути). Глупави ми се скратувањата на името само кога врска немаат со тоа вистинското. Имам еден врсник Божидар кој сам си се нарече Дарко, па многумина дознаа како се вика кога извадовме алманах пред матура.. Или една комшивка, кутрата, си го носи именцето Живка а таа да ти се викала Божана! Плус тоа, не се жалете многу, скратениците не се прекари - прекарите се многу потрагични - глауч, бенка, дрле, трајче(од Трајчески ). Јас цеели 5 години за Бојан мислев дека е Пере, а тој само да ти се презивал Перески..
Мојата најмила се вика Анамарија и сите ја викаат Ане, а јас си имам посебно нагалено именце за неа ЏУЏЛАЧЕ Е како дојде до тоа хехехе , зимата кога ми беше уште бебуле спиеше со капче и имаше едно капче зелено како корнет наопаку, знаете со буфче на врвот како на џуџињата и кога се будеше беше толку слатка и мила со капчето како мало џуџе, и нагалено на џуџе прво џуџенце но не ми одеше некако и дојдовме до џуџлаче и сега сеуште така си ја викам, ми прејде во навика.
Мене ме нервира кога на децата им се обраќаат и во нивно и вон нивно присуство со измислени нагалени имиња кои врска немаат со оригиналот. Пример, на една другарка малата и се вика Ања, а свекрва и ја вика Цуци (хронично без да и го кажува името). И секогаш кога ќе се затекнам таму ако е и она, зборува: „На Цуци и купивме нова маичка“... или „чекај да видам Цуци дали спие уште“... Синот и се вика Марко, а они го викаат „малиша“ во секоја прилика без името да му го спомнуваат: ех малиша кога беше на гости кај нас пред некој ден... малиша како збори... малиша научил ова/она... Мислам..ај да спомнеш некогаш од што ти е мило детенцето, ама хронично да му даваш прекари и да го прекрстуваш??? Башка машко дете „малиша“... утре ќе порасне а тоа како прекар да му остане???
Глупо ми е кога брат ми беше мал децата од маало го знаеа по цело име, подоцна учеше во др училиште децата скратено пр.Атанас- Тасе и кога дојде средно заедно во клас со некој од маало и сега чудно им паднало нели се викаш Атанас другите нели се викаш Тасе или па Наце , ете за тоа не е убаво децата да ги викаат нагалено, иначе мајка ми и татко ми често пати знаат да му речат Цаци што мене ми е мн смешно тоа си го користиме само ние домашните Инаку познавам повеќе случаи каде што буквално сами си ги мењаваат имињата пр. Тодорка и она се кажува дека се вика Теа и сите така ја викаат не и го знаат целосното име или Ангелинка - Ана,Тодор-Тоше и ред да не ги редам сега, Јас сум за изговарање на целосно име,со кратење кога е бебе ако ако е 40 год неможе тој уште да го викаат Тоше или пак Пеце
Ако е долго името, речиси никој нема да му се обраќа со целосното име. Сериозно звучи за толку мало бебенце. И колку и да сакате да го заштитите детето од прекари, утре на училиште може некој да му истави прекар. Затоа убави се овие пократки имиња, каде нема што да се крати.
И ме нервира и не ме нервира да кажам право.Ама бидејќи имам така пригрдичко име и сакам да ме викаат скратено зошто мислам поубаво звучи.Брат ми има убаво име,според мене најубавото И мразам кога кратат и го викаат со некои безвесни имиња. А исто така навистина повеќе сакам да ги викам со цело име.Кратење на имиња ова она.
Јас јас имам долго име, ама мразам некој да ми дава прекари. Бидејки се викам Стефанија, скратено Стефи. Како мала сите почнаа Стефани да ме викаат, а мене тоа име страшно е нервира... Кога некој ќе ме нерече така, одма им викам дека не сакам така да ме викаат!
се знае кумот му дал име на детето и тоа нека биде.. а не кате,кики,маце,ени,боки,буби.... зошто името на детето да го испревртат за 360 степени....ако е од 20 букви така и ќе си го викам... а не да го кратам... и точка.