Ќерка ми има име од 9 букви, и секогаш и се обраќам со цело име, никогаш не сум и се обратила скратено, и сите други и се обраќаат со цело име. А и името нема многу можности за кратење, па се надевам нема да и го кратат.
Епа баш од тие причини кумот на мм му го дал името Зоки,рекол зошто да го крстам Зоран кога сите ке го викате Зоки,и тоа е најправилно. Што ке ни се на нас имињата кога само на лична карта ни стојат и фаќаат прашина,а сите не викаат нагалено
Мене ретко кој ме вика по цело име, такво ми е името сите ми го кратат, од милост вајда нагалено ме викаат. Не ми смета баш напротив, ретко и кој ме вика по цело име, сите блиски ме викаат кратко дури до 3 букви. Од секое име може да има и неубав прекар, мене лично Маре и посебно Мара ми сметаат, како мала не сум се вртела на тоа име во знак протест Али на бабите иди објасни им дека не ти се свија, тешко.
Мене сите ме викаат нагалено. А и јас таак се претставувам секаде, освен онаму каде што ми бараат документи. Многумина мислат дека се викам како што ме викаат нагалено. Името на син ми има 6 букви, ама не може да се крати.
јас имам ретко име и подолго и сите ме викаат како сакаат, речиси никогаш не ме викаат на име е баш заради тоа сакав синко да има име кое нема да го кратат, или викаат по нивно затоа алексеј од кога се роди така го викаме, и ако некој го скрати одма му давам на знаење дека се вика алексеј а не тие како шо си го викаат сега кога ке има другарчиња може ке му го кратат , ама како само алекс можат, еххехе
Имам име од седум букви, и освен класичната кратенка од четири букви за имево, друга немам. Скоро сите по кратенката ме викаат (освен дечко ми ). Порано си го неќев името, ама сега сум неутрална накај позитивна. Е сега, интересно е шо на дечко ми мајка му ме вика по една варијанта од имево за која она тврди дека е прилепска. Неа таа и била поубава од моето име. Остај тоа, па и кога е расположена уште пократка варијанта и од тоа име ми прави. А, колку е само грдо тоа име и колку не ми одговара во никој смисол, тоа чудо. Ама инаетлива е и се запна, дечко ми упорно и вели дека не се викам така, она не та не. Али ај, не ќе се расправам... све за мир у кучи, а и ова е друга тема веќе.
Znaci najmnogu sto mrazev e deka mi go kratea imeto koj kako stigne i od taa napatija na kerka mi i staviv ime sto nemoze da se krati .... I me nervira koga nekoj kako vujko mi na primer ke i vikne Lence....Ne me nervira imeto ama ednostavno nema dopirna tocka Lence so Leoni i mu pregovaram mnogu cesto , a negov izgovor e deka od milost e toa ( jas razbiram pod milost da viknes bebce , bebence , kuklicka , dusicka itn ) ....Sto da pravam toa e , ama na sekogo napomenuvam deka se vika Leoni , i koga ke pocne da zboruva ke ja naucam koga nema nekoj da i go kaze imenceto tocno da veli jas ne sum taa jas se vikam Leoni Na majka mi ednas i se ispusti Limonce mislev deka ke si apnam od gazot ama majka razbra i veke ne se slucilo da vikne taka
Кратење имиња најмногу ме нервира! Син ми се вика Никита, и уште од пред да се роди си го завикаа НИКИ! Јас сум Сега со сите се расправам, ама некако не помага.
Мене прекарот ми нема врска со името. И подобро ми е така, секоја втора се вика како мене. Кога ми бирала мајка ми име, и она викала да не се крати, и се лутела кога ни ги крателе или менувале. И затоа скратено од името никој никогаш не ме викал. Ама ми најдоа прекар и сеа ретко кој ме знае како уствари се викам... Јас обожавам долги имиња, и сакам децата да си ги крстам со подолги имиња, како на пример Александар. Е сеа лично не ми се свиѓа Аце како кратенка, ама не би имала проблем да го викаат Алек на пример. Сама ќе им смислам кратенки од имињата и со тие ќе си тераат. А тоа кратките имиња, демек да не можат да се кратат поише... Не сакам да навредам никого, ама како за кутриња ми се. Леа бе, па другарка ми имаше куче Леа. Не дека ако ја крстиш Леонтина на пример, нема во некој момент да и го скратат во Леа, ама пак, тоа е прекар а не име.
Имам име од 6 букви и ретко кој ме вика по цело име. Сите ме викаат по кратеното од 4 букви, понекогаш и си се претставувам со кратеното. Повеќе сум навикната на скратеното отколку на целосно
Што е до мене, ако сакаат и будала нека ме викаат. Не ми менува. Името не ми игра некоја битна улога. Никогаш сум немала надимак, за стално. Само како мала сакав да ме викаат Еки. Па што знам... немам некое многу долго име. Обично со цело име ми се обраќаат. А да, само малку така ме нервира, кога ќе ми се обратат со Ели. Не го сакам тоа. Која контрадикторност. Е па да, ми смета само тоа Ели, друго све може.
Никола, ама кога ќе речат Николче коса ми се крева Инаку чичко му го завика Ниџо и тоа не ми звучи лошо....иако ја си го викам Никола
^ствар на вкус. Николче Јованче Горанче....ме потсеќаат на ужасен говор- не спомнувам за некој да не се навреди. А тоа што чичко му го завика Ниџо мафија, си имаше еднашала од претходно и мене ми се допаѓа - секој со свој вкус
Па нормални кратења не ми сметаат, на пример од Александар-Аце, Моника-Мони, Марија-Маца Јован-Јоцо и сл, не ги сметам толку како прекари. Јас имам прекар по него сите ме знаат - од презимето, си го мразам ко стар дедо да ословуваат. Трпи варијанти ама тој е тој, ама од што убаво име таков прекар.Или па татко ми кога ќе ми рече Симка коса ми се крева, ко 80 годишна жена да сум. Имам и други прекари за во друштво, што си немаат врска со името или презимето (на пример Цеца )Исто знам еден Пинџур го викаат, после Трте, Фикла, Рафет итн.Знам понекогаш и некој во деминутив да ословам, најчесто кога сакам да се умилкувам.
Јас само поради кратенките не сакам долго име , па затоа јас сама си го бирав името за бебусот мој . Се вика Андреа и никој не ја вика наскратено ....
Заради кратенките, на ќерка ми и дадовме пократко име да неможе да се крати и да се вика нагалено. А доколку би и било подолго, сигурно ке го крателе. Неможеш тоа да го спречиш, некој ако си наумил така да си го крати името, пак ќе си вика така.