И самите дечиња кога уште неможат да си го кажат правилно именцето, си го кажуваат како знаат и тоа им останува. Жив пример е маж ми, нагаленото име-прекарот де и неговото вистинско име немаат допирни точки. На братучедка ми Борјан се кажува Боан и ние така го викаме. Калин од другарка се кажува Кане и ете.
Не сакам да има прекар. Кога се роди почнаа да замараат како нагалено да го викаме, не дозволив никако. Си има име
И ја не сакам да има прекар. Некои му се обраќат со Симе или СимЕоН (?!). Тоа не му е името, зошто да му го менуваат? Ја нагалено си го викам Буба, Моне, Боне, како ми доаѓа, ама мој си е и мил ми е, како сакам ќе си го викам. За други не важи ова правило, само за мене.
Син ми Каки нагалено почна золва ми да го вика, било слично со прекарот на син и. Муж ми кога ја слушна лом ја направи, среќа он се погоди да ја слушне. Тазе породена, нервозна до плафон кој знае што ќе речев.
Лелее да ја слушнам ќе ја утепам на лице место. Своето како сака нека си го вика, твоето си има име и точка.
Прекарите децата најчесто ги добиваат во школска возраст од соучениците.Жути,Забле,Циган,најчесто произлегуваат од изглед,недостаток.Понекогаш знаат и да бидат навредливи и цел живот да го носат. Учителката кај моето дете ги слушнала како повикуваат некој со прекар и ги искарала дека тоа не е убаво.Ниедно дете потоа не се здоби со прекар во нивниот клас.Ама таа беше вистинска учителка.Постави норми и во поглед на хигиена,однесување,работи кои ги практикуваат до денес.
I jas nejkam i im kazuvam. Staiv ime od 3 bukvi bas zatoa i pak svekrvata uspea deminutiv dai naprai ke ja utepav