Тато ми вика-тато(на пр.тато ај донеси ми ова и сл) Мама ми вика-маче,мачорче,срце мое,нагалено од моето име Брат ми-ѓубре,стоко,идиоту,нагалено од моето име(ама многу ретко ова) Дедо ми вика-дедо Со другаркиве меѓусебно кога сме сами си се викаме-мајмун,гуска,стока,кравичка,глупа,утепана,а кога сме во друштво строго по нагалено од името си се викаме Да дополнам Наставничката по математика во основно ме викаше Кичево,а братучед ми-брачед му на Кичево и секој час оп на табла не стануваше И еден скапан во основно Лена ме викаше Среќа никој не го бендиса прекарот па не ме викаат така.И еден од основно си го викавме Волино дека оттаму детето
Порано ко бев 7 мо едни мали од 4то ме викаа ''струја'', а од кај тој прекар не знам и после заборавија и поќе не сум го слушнала тоа. Сите ме викаат нагалено од моето име. Мама синче, сине, мамичке, ќерко и др. А тато, кај си синУ мој
Кога бев помала ме викаа чевличе а сега секси или ме викаат на неколку начина од моето име бидејќи е поголемо
Интересно е некогаш луѓето да се двојат по прекари затоа што така стануваат препознатливи и единствени. Ама има прекари и прекари. Не дај Боже да ти залепат некоја глупава етикета па цел живот да си ја носиш. Јас баш и некој прекар немам. Обично ме викаат скратено од името. Некои ме викаат како што ми е корисничкото име, после една другарка ме вика Пролет, па Бушаво... и тоа. Најмногу прекари си ваѓаме со најблиските другарки, па така една ме вика Ќерка, а другата Мјау, Аморе (со италијански акцент) и Никита (што нема врска со името мое) Едно време во основно Пудла ме викаа и многу се нервирав
Па и јас неможам да се пофалам дека имам некој прекар. Во основно ме викаа желче (демек споро сум одела), а потоа ме викаа Лина. Само еден другар ме викаше желковска. Инаку цел клас бевме зоолошка градина. Во мојот град има дете кое го викаат Мува и сите така го знаат. Прекари си добиваат и нашите професори... Моцарт. Една моја соученичка ја викаат Бушавка дека има виткана коса...
Јас прекар немам нагалено од името ме викаат Иначе дечко ми не ме вика никогаш на име туку ( топче,будалче,муцле,окце ...овие мн ретко ми ги кажува , најчесто кога ми е роденден или кога сум болна )Вака секојдневно ме вика (кравче,гомце ,мутавко,брмчало) Kај нас има мн интересни прекари( пинџуро, зелката,пушката, мрцката,зијано,бизи,желката,јанзата,клетио и др ги има не ми текнуваат )
Татко ми никогаш не ми рекол такво убаво име Цело време плавуша , смрдла , смотана , Он и мајка ми дудо ме викаат . Другите Дуци , Душка , Дука , Душа Некој специфичен прекар немам
скоро сите ме викаат бобо или бона, ретко кој ме вика по име а да во средно другарите од клас ме викаа “млекара“ пошто имам големи гради
Се викам Симона и кога бев помала сите ме викаа Мони,ама сега како поголема,од сите страни само разни надимаци слушам за мене..:Монли,Мончуш,Сајмонка и кога почнаа со тоа САЈМОН Цело божјо школо ме викаше Сајмон.Епа крај.Ја сакам МОНА да ме викаат и толку.Ако несакаат нека ме викаат Симона.
Мачка, бебе зошто имам дупчиња на рацете, секси, мало, малечка ме викаше еден професор во средно. А дечко ми прасе или шапшалче. Мајка ми пиле, глувче...
Во Битола пожарната е до економското средно училиште...И некое дете го викат Пожарот оти мајка му и татко му наместо во економско да одат на родителски отишле во пожарната.... хахах Некој го викале Распустот оти бил роден на 10 јуни хахах Има милиони чудни прекари шо немат врска со името...Мефата, Чуната, Шипе, Бубето итн Јас се викам Александра и најчесто Сандра ме викат, со исклучок на баба ми шо ме вика Алексис и брат ми шо ме вика Алекс... И 2-3 луѓе шо ме викат Аце хахаха најглупо ми е
Прекарите- ме мразат во школо заради тоа Попусто се трудам да бидам посериозна , креативноста доаѓа до израз , згора на тоа сум ептен откачена и шеговита ..па и скоро да нема некој во класот да не сум му извадила прекар.На другарка ми чисто из досаде почнав да и се обраќам со име кое нема врска со нејзиното и ден денес никој не знае како вслушност се вика Од поневкусните ( кои никако не се мое дело ) ќе го кажам МУТЕ - затоа што мајка му и татко му се глувонеми па као на муте биле , не го одобрувам. Нешто мозокот ми е блокиран , подоцна ќе се надополнам со уште некој пост во кој ќе вклучам листа на прекари и објаснување на истите - коса да ти се крене
Се викам Тамара и кога бев мала се Мара ми викаа.Но јас и реков убаво Тами или ништо друго.И за чудо престанаа со Мара.Веќе 8 години Тами ми викат
хехех во четврто одделение бевме многу немирни и непослушни ама скоро сите, добро сепак со некои исклучоци, и секој си имаше по некој прекар што го опишува како на пример: мали, буцо, џине, цвиќераш, сокара, топче, буре32јка, карбуратур, бугарка.. и други не ми текнуваат сум гиз аборавила
Од името најчесто скратеници,една другарка ме вика Еклипс,друга крајстајн ?? А најглупи и најсмешни прекари .. : Пастрамајка,Змија,Цуце,Николица - Приколица,ќебап ? ,зелка,дроњо,бува,маслинка и тако даље
Епа мене ме викаат Паре(скратено од Параскева). Тоа нема допирна точка со моето име, но така ме викаат од мала. Ме завика братучетка ми, а потоа сите продолжија. Сега ми е чудно некој кога ќе ми се обрати по име....хихи Симпатичен ми е прекаров!!