Мајка ми ме вика Спојлер Баба Сера .Само кога ја нервирам де. Брукиии Знам еден што го викаат Ќошо, зошто правилно име му е Ивица
најчесто ме викаат Јокси, Русинче, Наташа( ме завикаа во прва така ) мајка ми најчесто ме вика маче и жапче,а татко ми пашица или кравуле
Мене најнов прекар од другар ми е ’рже не се држе Секад да ме изнервира нешто одма тепам. И трчам ко куче бе додека не го фатам , со кој памет бе Сеа сите у школо ме познаваат како ’рже не се држе. Аплауз за мене
Од моето име не може повеќе да се скрати, така да немам таков тип прекари . До четврто некаде оделение имав еден прекар оти бев многу срамежлива, сега баш ми е симпатичен прекарот а тогаш ич го неќев . Моментално немам никаков прекар, ни скратеница. Онака една другарка ме вика со америчка верзија на моето име (мислам и моето е некако америчко де ). Но друго немам. Мајка ми ме вика Клара понекогаш, тоа во смисла дека се на готово и од друг чекам, демек многу сум мрзлива по дома .
Јас и другарка ми ги имаме најглупите прекари на цел свет. Таа мене Крсте (К`ци) црвот, а јас неа Киро мувата. Долга и широка е ова како настанаа овие прекари, уште од пред 4-5 години ни се.
Оуу сите мои пријатели имаат прекари, па и јас.. Инаку повеќе имам другари отколку другарки и мене ме викаат „Глушец“ На другарками „Банана“ или „Јанор“ На др. другарка „Крв“ На другар ми: „Папагал“ На другар ми: „Топол“, „Топла“ На другар ми: „Маток“ На другар ми: „копмир“ На другар ми: „Big Head“ На другар ми: „Пинци“ Значии.. ова ее чудоо.. Мразам вакви грди прекари, машки со женски се викаме по прекари, и машки со машки исто, а женски со женски јас сум „Бони“, другарка ми „Јани“ и другата другарка „ Софи“ (знам дека имињата ги погодивте више.. )
Леле јас можам книга да напшам за моите прекри ме викаат : чипи,чипиџок црно слце ,зијало,зејало, кепац, Гоце Делчев , Благуна ,Караш , Назирела , Дубрила и мн други но не се лутам
Прекари имам многу. Тице, татко ми така на галено зошто било нежничко. Семејството ни го викаат Цуцули бидејќи прапрапрадедо ми на капата секогаш имал цуцулига Кога имав кратка флизура Гарфилд,скакулец бидејќи секогаш си скокам и сум насмеана,Каролин,сум личела на неа Физички,не психички
татко ми ме вика Дудуче понекогаш една другарка-вртлоче ме вика ( не се лутам ) другите ми се извадееи од името може имам 8 прекари од името
Имам многу прекари. Не знам сега зошто, почнаа да ме викаат Жозе Мурињо (тренерот на Реал). Дали поради тоа што навивам за Барса па инат да ми тераат да ги зачукам таму сите ? Друго девојче па Тито Виланова го викаат, а друга другарка ја викаат Арсен Венгер (тренерот на Арсенал) бидејќи носеше зимава долга јакна слична на неговата.
Другарките ме викаат секако, скратено. Но во последно време почнаа да ме викаат кифла. Но само тие, меѓу нас е тоа
мајка ми ме вика нагалено, а татко ми ми измислува машки имиња (најчесто Коко или Чаки) А со другарките имаме секогаш различни прекари.