Преквалификација-Медицинска сестра (Вонредно средно)

Дискусија во 'Образование' започната од corto.maltese, 24 октомври 2013.

  1. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.026
    Пол:
    Машки
    Здраво, сакам да прашам дали некој досега полагал или полага испити за преквалификација за медицинска сестра во РУ Кочо Рацин. Ме интересираат неколку работи:

    - дали комисијата за испрашување бара доста знаење или може да се помине полесно?
    - материјалите, учебниците од кои учевте, дали се понови или може и овие од постарите генерации да завршат работа. (Може и некој од средно медицинско да пише дали се користат нови учебници или уште се овие во употреба).

    Фала.

    Ако некој го интересираат детали околу уписот, нека праша.
     

    Прикачени фајлови:

    • anatomija.jpg
      anatomija.jpg
      Големина на фајлот:
      21,3 KB
      Прегледи:
      791
    • mikro.jpg
      mikro.jpg
      Големина на фајлот:
      21,3 KB
      Прегледи:
      785
  2. MiaJ

    MiaJ Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    18
    Мене ептен ме интересира дека сум со средно музичко и еве сеа вонредно полагам, ти како што не те сфатив, немаш средно медицина или....
     
  3. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.026
    Пол:
    Машки
    Немам средно медицина, имам средно ветерина. Доста предмети од дипломата од ветерина ги признаваат и тие оценки ќе се препишат во новата диплома. Од уверението од факултет не ми се признава ниеден предмет.

    На полагање се поминува лесно, не бараат многу знаење, викаат дека никој досега не паднал по ниеден предмет. И од комисијата доста им помагаат на тие што немаат поим, а тие што знаат одма ги препознаваат и ги прекинуваат. Само катастрофа е што луѓе што не знаат најосновни работи (што е еритроцит, леукоцит, што е воспаление, начини на аплицирање на лекови и слично) утре да работат во медицина. Според мене, само 15-20% од кандидатите реално требаше да положат. А имаше може околу 40 "ученици".
     
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.953
    Допаѓања:
    30.278
    Пол:
    Женски
    И после здравството не чини,докоторите не чинат ,сестрите не чинат.Е па нема да чинат со ваков начин на стекнување диплома.Уште па дали многу се учело и многу замарале тие што испрашувале.А бе не е секој за медицинско лице,со туѓ живот нема играчка.Или сакаш да си медицинар а со тоа и си спремен деноноќно да учиш или не сакаш па ке си бараш друга професија.Со живи луге се разботи а не со кукли.

    И после сестрите не знаеле една вена да боцнат крв да извадат.Не се они криви,криви се тие што им дале звање медицинска сестра. Срам и арам,да му е страв на човек на лекаар да отиде од здрав болен ке го направат.
     
    На jagotka123, iloveyou29, anaja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.026
    Пол:
    Машки
    Начинот си е во ред, законски е. Методите не чинат. Ваквиот начин на преквалификација се практикува секаде по светов, а и во последниве години е поддржан и поттикнуван и од нашата влада :). Постојано слушаме за преквалификации со цел да се смали невработеноста. Немој да мислите дека и во редовните медицинските училишта се утепуваат од учење. И таму е исто како вонредното, може и полошо. Излегуваат еден куп на медицинско-неписмени кадри, а никој не се буни. Сврти еден круг околу клиника и ќе видиш кој баш е за медицинско лице.
     
  6. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.792
    Допаѓања:
    15.305
    Пол:
    Женски
    Другарка ми заврши таму фармацевт за 1 година мислам сите испити ги положи и најинтересно е што полагаат по 3 предмети во 1 ден пример фармакологија,некоја хемија и незнам што уште ќе се онесвестев кога ми кажа па генијалец треба да бидеш за тоа нема шанси да се научи,ама затоа сега неможе да најде работа и во секоја аптека кога ќе каже дека завршила таму велат не благодарам :)
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    5.187
    Пол:
    Женски
    Јас имам слушнато дека треба да се полагаат диференцијални предмети и плус 6 месеци пракса, а се плаќа 200 евра.
    Дали тоа е точно или дезинформации се?
     
  8. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.792
    Допаѓања:
    15.305
    Пол:
    Женски
    Пракса нема сигурно.
     
  9. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    937
    ^ Мора да се оди на пракса 6 месеци, за да го положеш државниот испит кој се плаќа 100 евра ;)
     
    На Twinkles и Emotional123 им се допаѓа ова.
  10. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.026
    Пол:
    Машки
    Самиот упис чини 20000 МКД. Полагањето е еднаш месечно, а во една сесија се полагаат највеќе 3 предмети за кои се плаќа 3500 МКД. После положување на сите предмети во јуни се полага матура, за која исто така се плаќа (заборавив колку). Феријална пракса нема, туку само се носат потврди за извршена пракса (кој како знае се снаоѓа). Државниот испит е независен од ова и се полага во услови предвидени со закон.

    Тоа е индивидуално. Јас знам многу случаи за луѓе кои нашле работа преку преквалификација. Ако твојата другарка поминала на испитите само да добие диплома и нема врска од тоа што треба да го работи, нормално дека никој нема да ја вработи.
     
  11. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    2.439
    Пол:
    Женски
    инаку сега Анатомија и Физиологија се посебни предмети со посебни учебници. Физиологија се учи од учебникот на Славица Видеска (проф по физиологија во медицинако) околу 500 страни е негде мислам може и поише, и Анатомија мал тенок учебник али со мн информации и тежок е нов е, не ми текнуваат авторите. Инаку микробиологијата уште се учи таа и Хирургијата исто од стари учебници од 1987 година се :tmi:
     
    На mace77 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    97
    Јас не знам како се дрзнувате вакви глупости бе. Вонредно медицинска сестра, да го имаме звањето, полесно да поминеме ама појака титула да имаме. Со врски, со лифчиња со се живо и диво. Свесни сте вие дека со живи луѓе работите? Легално е у Македонија и перење пари, и подмитување пред избори, се е легално ама дали е исправно е прашање. Не знам како еден ден мирно ќе спиете со тоа што физиологија или микробиологија сте пролистале некогаш пред 10 години и ќе лечите пациент со тоа „знаење’’. Вонредно медицинска сестра, вонредно електроинжинер, вонредно не знам што. Како може бе вакви работи да бидат вонредни?! Некој се трудел четири години да учи и сега истата титула, истата диплома. Бар кога сте решиле и тоа што го имате научете го здраво и до крај. |(
     
    На anaja1, iHeartVintage и kala21 им се допаѓа ова.
  13. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.792
    Допаѓања:
    15.305
    Пол:
    Женски
    Не,може само да собереш потписи од аптеки,клиники зависи струка и полагаш :)
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.779
    Пол:
    Женски
    Морам да се насмеам малку за ова, малку поќе де, :rofl: , тоа што некој учел 4 години и по таа логика треба повеќе да знае од некој што учел 1 година, не држи вода. Многу што завршија средно, редовно нели, сигурна сум дека немаат поима од работата за струката која ја завршиле, учеа како и за секое друго средно, да го поминат задолжителното образование, често со врски кој од кај се снајде.
    Секако, има и такви што си го сфаќаат сериозно учењето па и праксата им одеше (самата ќе си се вбројам тука).
    Нормално дека вонредното средно е побрзо и дека има такви што сакаат да земат диплома, но има и такви кои доаѓаат со сродни науки на вонредно, па учењето не им е воопшто тешко и непознато.
    Ако има човек волја за учење и работа, зошто да не заврши вонредно средно?
    По што се толку привилегирани тие што завршиле редовно средно, кога самата знам колку "квалитет" излегува и на тој начин. И од средно економско не излегуваат сите економисти.
    Затоа, смешна ти е споредбата. Така ќе испадне дека и "вонредно" земената факултетска диплома не е важна? :^)
    Се си е до човекот. Препишување, неучење и врски има многу повеќе во редовното средно.
    А праксата може да се совлада, само треба мозок, волја за работа и трпение.

    А за полагањето на стручниот испит, за истиот мора да поминат 6 месеци од земање на диплома, а за пракса за време на таа пола година чекање до полагање па и пред и после тоа, пак ќе речам, оној што сака да научи пракса а не само теорија, ќе оди на пракса и ќе научи, додека оние на кои им е само за дипломата и за уверението за испитот, ќе собират потписи преку некој познат и ќе положат, пак преку врски, за 100 евра.

    Па зар не сте сретнале доктори толку неписмени и нестручни а битно со диплома од редовно средно и од факултет, со "звучни" презимиња, а за некој што сака да научи за сестра, физиотерапевт и сл. со вонредно средно одма имате некои стереотипи и осудувате.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.026
    Пол:
    Машки
    Се дрзнуваат бе затоа што ваквите луѓе сакаат да вложуваат во своето знаење и да го прошират својот радиус на корисност во општеството, за семејството, за себе, за разлика од некои кои одат на факултет со цел да бидат видени, да изедат сендвич или тост, испијат кафе, омажат, денгубат,...
    Има луѓе кои наоѓаат начин и интерес преку целиот свој живот да се образуваат и постојано да учат нешто ново и корисно, а тоа им го овозможуваат разни образовни институции во согласност со одредени закони и прописи. Но има и луѓе со ограничен капацитет и ограничен пристап кон ова и општо кон потребата за едуцирање, нарекувајќи го глупости и сл. Низ разговор или допишување, уште при првиот контакт можеш да ги забележиш и процениш луѓето кои припаѓаат на обете групи.
    Медицинска сестра-техничар не е титула.
    Сакаш да кажеш дека во средните школи нема врски, лифчиња, и се живо и диво?

    Очигледно немаш ти појма што е легално, а што исправно у Македонија.

    Што се однесува по ова прашање, за микробиологија или физиологија можам да ти бидам професор и немам никаков проблем да давам терапија или да се грижам за пациент со моево знаење. Напротив, баш тоа би ми давало самодоверба и сигурност при пристап и лекување на пациенти во иднина.

    Има нешто што се вика преквалификација и нешто наречено вонредно образование. Ти ги мешаш, а не им ја знаеш функцијата ни на двете.
     
    На Espadrila, AURUA, meckicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Има причина зошто медицински, фармацевтски и стоматолошки факултет не може да се земат вонредно.

    Исто треба да биде и со средното. Од анатомија и физиологија на животни во една година да се пренасочиш на работа со човечки животи не знам колку е возможно и колку е реално да се очекува.

    Не е тука само материјали земи и научи теорија, наброј коски на подлактица. Тоа е најмал проблем. Треба време да се научи да се употреби и да се препознае ученото во пракса.
    Да, сестрите не се тие кои даваат дијагнози, но тие се оние кои се најблиску до пациентот кога лекарот не е. Нивната функција не е само да следат лекарски инструкции, туку активно да ја следат состојбата и да учествуваат во тоа што се случува. Огромен дел од катастрофите се случуваат по грешка на медицинските сестри. Се греши доза, се греши лек, се даваат лекови кои не смеат да се дадат заедно, се пропушта да забележи некој симптом за кој ни самиот пациент не е свесен, а лекарот не е тука.

    Лично таков пример со земено вонредно медицинско или фармација да можам да го споредам со четиригодишно образование (зборувам за оние кои професијата и одговорноста си ја сфатиле многу сериозно) не сум сретнала (а познавам многу што зеле диплома на таков начин).

    Вонредното е станато толку лесно достапно заедно со државниот испит после средно стручно, што горе долу секој може да го добие на хартија.

    А не е во ред, не затоа што постои како опција, туку затоа што наголемо се злоупотребува.

    И не, праксата не треба да се совладува откако ќе земеш диплома и лиценца за работа. Поентата на овие двете се да потврдат дека ти си ВЕЌЕ способна и квалификувана за она што треба да го работиш.

    Не се учи тоа во тие 6 месеци, ако навистина сакаш да можеш да застанеш и да кажеш да, јас имам образование и побитно, знаење кое можам да го употребам.

    Друг проблем е тоа што некои од тоа што не знаат, не знаат КОЛКУ има уште да се научи.
    Дипломата всушност дава лажна самодоверба, те тера да мислиш дека си способен да работиш нешто, бидејќи нели имаш диплома. А врска немаш. Е тоа е најлошо, и сам почнуваш да веруваш дека знаеш.

    Со само шест месеци мене совеста не би ми дала ни да помислам дека сум способна нечиј живот да го држам в раце.
    Пример од фармакологијата од која сеуште се учи во средно фармација (за жал), барем половина од лековите не се веќе во употреба. А тоа не можеш да го знаеш дури не поминеш саати и саати во аптека на пракса.

    Значи, и да ја научиш наизуст цела фармакологија никаква корист од тебе, првиот ден на работа ќе се чудиш што е тоа околу тебе.

    И за крај, не е само знаењето, туку и стресот што го носи медицината како професија, да реагираш брзо но без да избрзаш, со ладна глава да размислуваш. Немаш можност грешки да правиш па да ги исправаш, не е ова час по ликовно.

    Кој мисли дека е лесно, многу (си) ја потценува професијата.
     
    На AURUA, *Amethyst* и srcence1607 им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.779
    Пол:
    Женски
    Ај доста со "филозофирање", демек есеј пишуваш. :^)
    Во таа реченица што си ми ја цитирала, каде прочита дека јас сум рекла дека е битно да земеш диплома па после ќе научиш? Не зборувај глупости на памет, колку да се убедиш себеси дека нешто е така како што само ти мислиш. Никој не рекол дека после е лесно да работиш, не го измислувај ниту тоа.
    Сама си даваш реченици (како демек друг ги рекол) и сама ги коментираш истите.
    И тие што завршиле редовно средно не се нешто многу подобри, јас од искуство го кажувам ова. Работам во здравство и сум видела се и сешто.
    А докторите па дека не смееле вонредно да студираат, па се професионалец до професионалец, само да не даде Господ да имаш потреба од нив.
    Доктор со цигара во рака во ординација не е доктор. Доктор кој сака да те помине како бројка заради учинок-пак не е доктор. Доктор кој доаѓа пијан на операција е уште помалку доктор. Затоа не ми продавај бајки, знаеме каква е реалноста.
    Ти можеби си завршила редовно за сестра, но можеби јас, што сум завршила друга медицинска струка, ќе ја погодам вената од прва, а ти ќе дупчиш два-три пати.(само давам пример, не мора да сме јас и ти)
    Зошто да не можам јас, која сум една здравствена струка, да земам вонредно и друга здравствена струка. Или некој, кој е многу интелигентен за разлика од многу бубачки кои завршиле редовно а е со поинакво образование, да не може да заврши вонредно за тоа што има желба да го работи, само зашто некои ограничени сметаат дека се нешто подобри ако завршиле 4 години.
    Тоа што некои го завршуваат за 4 задолжителни години, некој го совладува за една година.

    И пак ќе кажам, како што има некои мутави што завршуваат вонредно само за пари, така има мутави и во редовното средно кои завршуваат или со пари и врски или со двојчиња колку да поминат.

    И воздржете се од лекции за морал, за исправно-неисправно. Прифатете конкуренција која некогаш може така добро да ве бутне од пиедесталот на кој стоите како ледена кралица, семоќна и сезнајна.
    Ова е место каде што треба да се споделуваат искуства, материјали, информации во врска со темата а не да се соли памет кој што и дали треба да учи.
     
    На Espadrila и meckicka им се допаѓа ова.
  18. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Како што реков, ако си имала соодветно образование и си го сфатила сериозно (како што тврдиш) не верувам дека ќе пропагираш дека и пракса и теорија се совладува за 1 година. Си ги потценуваш тие 4 години кои си ги поминала в клупа.
    А можеби и веќе имаш земено друго вонредно па затоа тврдиш дека е во ред.
    Ако си ти таков пример за талент и трудољубивост, или познаваш таков, секоја чест и браво. Ова кажано искрено, без иронија и сарказам.
    Според мене не е во ред воопшто и јас си стојам зад тоа.
    Дискусијата дали треба или не беше веќе почната од луѓе што знаат колку може тоа да биде опасно. Се надевам дека мојот коментар ќе го прочита некој што планира да полага вонредно и барем малку ќе му помогне да сфати во што се впушта, да размисли дали треба да оди само да собере потписи или да се потруди. Не секој размислува за тоа што го пишував пред да почне да работи, а треба.

    Јас сакам конкуренција и ми треба конкуренција, а на ваков начин како што досега се одвиваат работите - реално многу малку ја добивам. Со ризик да звучам самобендисано и премногу самоуверено.
    Нема да коментирам повеќе, очигледно е дека имаме многу различен став околу ова и не гледам поента да продолжиме.


    И можеби е добро да научиш како да си го искажеш мислењето без да изгледа како да се подбиваш и директно да омаловажуваш некого (ај не зборувај глупости, не зборувај на памет, не филозофирај). Имам впечаток дека таков ти е начинот на изразување постојано по форумов (се надевам не и во животот општо), и искрено многу незрело изгледа, како да го пишуваш првото што ќе ти падне на памет за го нападнеш другиот. Од моето мислење го коментираш само делот каде те посочив директно тебе, а за другите аспекти не спомнуваш, воглавно си ја пропуштила поентата.
    А тоа што моето пишување ти личело на есеј, нема воопшто да го сфаќам како навреда :)
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.779
    Пол:
    Женски
    Ти девојче самата почна да пишуваш со навреди-кој колку имал врска, кој немал и сл.
    Ако си ги исфилувала навредите, не значи дека се помалку навредливи.
    Со тоа што прифаќам вонредно средно и преквалификација, воопшто не мислам дека си ги потценувам моите 4 години редовно средно, ниту пак оној што земал диплома со вонредно студирање а јас сум студирала редовно, па да го потценам образованието.
    Ти треба да прифатиш дека човекот учи додека е жив.
    Некој ќе посака поинакво средно на 30, некој на 40 или 50 години. Ако сака и може, зошто да не учи?

    И немој да се вадиш со потписите, тебе цело време поентата ти е дека не треба да се земе вонредно за една година, опасно било демек по пациентите, ти си против вонредното средно. А тие 6 месеци пракса за да полага за потврда/лиценца, остави ги на страна, бидејќи според тебе ниту тие нема да им бидат доволни за да стекнат пракса како твојата од 4 години.

    Нормално дека ќе го коментирам делот каде што си ме цитирала, сосема јасно, тоа е реплика.
    А твоето претходно мислење каде што беше и мојот цитат ти е исполнето со навреди кон оние кои сакаат да земат средно вонредно, па мислам дека не си доволно компетентна да ми зборуваш за навредливо однесување.
    А тоа дека зборуваш глупости и на памет е сосема оправдано, земајќи го во предвид тоа што ме цитираш и кажуваш нешто кое не сум го кажала.
    Луѓето имаат право сами да одлучат што ќе прават во својот живот, ти немаш право никого да разубедуваш.
    Оној кој верува во себе ќе успее и годините а и начинот на кој ќе се образува е негово право, се додека е законско.

    Ако зборуваме за подбив и омаловажување, ти се подбиваш и ги омаловажуваш оние кои сакаат дополнително да се образуваат, бидејќи според тебе немало да можат да ти конкурираат со такво образование.
    И самите средни медицински училишта меѓу кои и тоа во Скопје ја нудат можноста за вонредно образование.
    Зар некој ако завршил едно средно и сака уште едно да земе вонредно, нема шанси, не смее според тебе, му поминал возот нели? |(

    Туку ај да не го тупиме, има ли некој да се пофали со диплома од вонредно средно, па да части макар и виртуелен коктел? :d: :party:
    Па после шест месеци да влезе во трка со конкуренцијата на пазарот на трудот. :lol:
     
  20. slimsblue

    slimsblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    44
    тие што се запишани во Kочо Rацин за медицински сестри ај нека ми пишат лп да ги прашам нешто :)