Многу се изненадив од мислењава, не ми се верува што прочитав од возрасни особи. Едноставно почнуваш постепено да се дистанцираш и ќе изгубите контакт. Многу е глупо да кажеш на некој еј не сакам со тебе да се дружам.
Зависи од ситуацијата.На преемотивна личност не чини да ѝ криеш дека нејќеш повеќе да се дружиш. Почесто е подобро веднаш да се каже отколку игнор и оддалечување. Никој не може да чита мисли. А и за сфаќање, не може секој да сфати.Може да помисли дека е само период.
Abe postojata razlicni situacii, primer znam edna drugarka so imase bukvalno od detstvoto prijatelka i koga dodjoja vo belgrad ovaa mojava drugarka pocna da izleguva so dosta maski i na kraj bese so eden so imase verenica i celo vreme zborese za nego i kao ne znae so da prai vaka taka, i taa drugarkata so cel zivot se znaat i kaza deka ne saka da se druzi povekje so nea poradi toa kakov zivot pocnala da zivee ona. So spored mene e dosta korektno, zatoa sto ednostavno taa ne sakase da bide vo takvo drustvo.
И сум пре станувала да се дружам и престанување да се дружат со мене. И тоа е за мене во ред. Сите се развиваме и созреваме на различни начини. Тие што ми биле ок за дружба пред 5 години не ми се денес. Не сметам дека е тоа нешто толкуууу лошо. Пример имав другарка што престана да се дружи со мене пошто јас не сум тип на чоек што секој ден ќе се јавува на телефон и ќе и пишуе на месенџер по цел ден. Ама секогаш кога имала потреба сум била до неа. Очигледно не сум и одговарала и нема потреба за лутка. Нека најде некој што ќе дреме по цел ден со неа на тел. Јас кога некој не ми одговара едноставно више не му се ни јавувам ако го сретнам здраво здраво и тоа е тоа.
Имав една школска другарка која од 1во одд бевме најдобри и неразделни, секаде заедно, за секаде ме викаше. И живееше блиску до мене. Бевме неразделни до 8мо бидејќи учевме заедно а во средно видео бевме во различни класови па нови друштва и сл малку намаливме со дружењето ама се слушавме на телефон често. После 10тина и више години престана да ми се јавува и да иде кај мене да ме вика за излегување и со едноставно се оддалечи. Од моја страна јас сметам дека заслужив да ја знам причината поради која престана нашето другарување .
Не е воопшто глупо да дадеш причина ако се имаш дружено со некој со години и сте зрели возрасни личности. Ако се дружиш со некои така понеразбрани, подобра опција е да се дистанцираш. Ама јас баш од возрасни и разумни луѓе очукувам зрел муабет и да може да се каже зошто прекинува пријателството. Пример, „секогаш кога ќе се видиме ми се жалиш за љубовни проблеми, немам желба веќе да се дружиме“ па ако и таа другарка е разумна ќе се извини и ќе прекине, ако не сака да се извини, барем ќе знае точно зошто
Понекад да се биде искрен може да биде безобразно. Ако си искрен не секогаш правиш добро. Ти сакаш некој да ти каже досадна си ме замараш неќам да се дружам со тебе?
па веќе кажав „Ако се дружиш со некои така понеразбрани, подобра опција е да се дистанцираш. “ не те сфаќам баш што сакаш да прашаш ако со другарка не можете да се разберете, дистанцирај се исто и за тебе важи, ако ти би се налутила ако другарка ти рече дека напнуваш со некој муабет, тогаш таа нема да ти даде причина и само ќе се дистанцира
Според мене директна причина се дава само кога има нешто ептен конкретно поради што нагло завршува пријателството. А ако снемаш муабет со некој едноставно природно помалку ќе комуницираш и тоа е сè. Не мора држиш прес-конференција за причините. Во фаца да му кажеш на некој не сакам да се дружам со тебе зашто не ми одговараш е многу awkward и непотребен муабет. Ако не сфаќаат хинтови, би гоустнала.
Минатата година прв пат во мојот живот прекинав пријателство директно. Морав, бев обвинувана за работи за кои никогаш не ми било побарано помош. Не сум видовита, кога ја прашував бараше секакви изговори, не кажуваше што ја мачи, и нормално дека кога ме избегнува и јас ќе ја избегнувам. Кон мене беа кажани толку злобни работи што не ни сакам да се сеќавам. Едноставно и напишав на целиот есеј нејзин дека ние повеќе не се познаваме, и реално не ми беше тешко затоа што станува збор за човек што ти ја црпи енергијата. Прв пат кажав директно, а претходно едноставно сум се оддалечувала и тоа е тоа. Самите си бираме со кој ќе сме пријатели
И јас така сакав, ама ете, не успева секогаш. Еве, престана веќе да ми пишува, мислам дека се реши работата со последната порака.
Имав другарка со која бев од пелени. Сме спиеле заедно, сме јаделе заедно, сме славеле родендени заедно, сме се тешиле во лоши моменти, плус преку улица ми беше. Години поминуваат, она почнува да се променува, се омажи, доби дете, се разведе, трпеше насилство од маж и, па што како не знам, дојде до развод конечно( да напоменам сосема случајно дознав дека е бремена и тоа не од нејзе но небитно) Потпишаа развод, ја тешевме сите, имаше максимална подршка. Поради тоа што немаше кој да и го чува детето престана да оди на работа, почна да се гледа со друг ( кој исто така испадна контрол фрик) почна да бара пари на заем, и помогнав неколку пати(ми беше повеќе поради детето) нејзините и праќаа од странство кога можеа па си мислев дека ќе ми ги врати. Но не беше така... Секогаш кога и требаше дали од мене, дали од друг, таа тогаш не бараше, инаку сите планови и зависеа од новиот партнер. Кога и да ми беше потребна беше зафатена, беше со него, не ме ислушуваше доколку ми беше потребен совет зошто беше "глувонема" допишувајќи се со него. Една вечер, ми дојде преку глава, и кажав што имам, и ја отстранив од секаде зошто ми беше глупо да бидам другарка само кога е од корист. Ми недостига старата другарка, таа која ја обожавав и со која правев глупости. Но... Колку и да сакам да помагам на луѓето не можам да дозволам да ме користат.
Навистина како возрасни луѓе треба помалце да се ослонувате на суптилни знаци, срамота е, sorry. Што ви е гајле дали некој ќе се навреди ако кажете директно дека не сте расположени за дружење? Што ви значи ако веќе не ги чувствувате како пријатели? Колку што е до вас да не очекувате некој да ги разбере вашите телепатски сигнали, толку е до нив како зрели луѓе да прифатат некој директно да искомуницира со нив. И не може да биде безобразно ако вие не го кажете на безобразен начин. Не е најпријатна ситуација на светот, ама пак ќе кажам, ако веќе не сте блиски, не треба да се грижите толку. 100 пати повеќе некултурно е да игнорирате некој...
Искрено сакам. * нормално не вака директно, никој тоа не го прави. Очигледно не си имала у живот некој кој без обзир никаков ти пишува, те замара, те напиња и не сфаќа дека претерува и преминува граници. Се обидуваш суптилно секако( секој тоа гомправи олабавуваш у пишување, враќање). Дистанца правиш ама тој/таа упорно се лепи . Вака бар кажуваш тоа и тоа најкултурно што можеш и тераш дање. Да бил некој со common sence немало да дојде до ова дереџе, а никој не е дужен да трпи никој..
Па, ние што сме за директно кажување не велиме да ѝ кажеш на личноста со навредливи зборови дека нејќеш да се дружиш, туку со внимателно одбрани. Да одбереш дистанцирање и игнор, па личноста сама да примети (некои што и претходно биле отфрлени прилично лесно осеќаат негативен вајб и намера за прекин) дека веќе не сакаш дружење со неа, е идиотски и гранично злобен потег. Не може секој/а да ти чита знаци, а и тој/таа што може ќе си помисли дека таков ти е периодот. Повеќе ќе ја повредиш личноста отколку одма да ѝ кажеш. И да ти нема ништо згрешено, ќе се осеќа дека нешто згрешила, ќе се обвинува себеси.
Воопшто не се мислам да прекинам ако осетам дека не сум на иста бранова должина. Животот е прекраток да се посвети на неважни личности. @RainBow Кај ти текна на The Banshees of Inisherin?!
Во принцип лично не сакам да прекинувам пријателства, онака да ги пресечам да речеме. Него едноставно некогаш се случува да ти се сменат интересите, не кликнувате повеќе, и со тек на време се одалечувате. Меѓутоа јас лично за сите тие луѓе имам уште љубов и онака од се срце им посакувам се најубаво. Случајно да ги сретнам можеме да се изнамуабетиме, или ако видам некој голем настан на социјалниве мрежи да им пишам да честитам. Пред некое време се одлучив сепак да прекинам едно ептееееен долгогодишно пријателство(20+год.). Се обидов прво со разговор да укажам кои причини ми сметаа, дека ја сакам и почитувам личноста меѓутоа не можам сите нејзини негативности да ги упивам и вечно да давам совети на истата тема, а да не добијам едно како си од другата страна. Не се сменија работите, напротив бетер станаа, во моментите кога мене ми беше најтешко се бараше од другата личност внимание и поддршка за нејзините проблеми, што во споредба со мојот тогашен здравствен проблем беа незначителни. И пресеков. Многу ми беше тешко затоа што израснав со таа личност и мислев дека цел живот ќе сме си тука, меѓутоа некогаш мораш да се ставиш сам на прво место кога гледаш дека некој те афектира лошо. Некогаш се прашувам дали можеби погрешив, меѓутоа кога ќе ги ставам работите на кантар ова беше добра одлука пред се за моето ментално здравје. Уште ја сакам личноста, и секогаш ќе има мал милион сеќавања кои ќе не поврзуваат, ама некогаш мора вака. Како да сум раскинала врска, само малку поболно
Значи дали со тек на годините, дали со тек на искуствата на минатото, не сакам воопшто да се замарам со луѓе со коишто не стојам на иста бранова должина! Не ме интересираат нивните проблеми со свекрвите, со мажите, со золвите со комшиите, како енергетски вампири ми се и ич не се каам за ниедно прекинато пријателство јас сум самостоен човек можм све сама имам и пријатели кои што можам да се накрепам а при тоа да не ме замаараат со глупости, едноставно не можам да бидам лицемерна! Мојата љубезност најчесто привлекува такви енергетски вампири што после морам да бидам дрска за да ги откачам бидејки моето игнорирање не го сфаќаат дека сакаам на безболен начин да ги откачам! Сметам дека доста е 2-3 вистински пријатели а и не им верувам на тие што се пријатели со секого! Како беше она Оној што е пријател на секому не му е пријател на никому!
Ако со некого сте биле блиски, сте поминале години како пријатели, мн е безвеза да исчезнете од ништо никаде. Особено ако има конкретна причина, треба да се разговара, да се чуе и другата страна. Зошто мн често се случува едниот појма да нема зошто другиот се навредил, оддалечил итн, а може стварно да е недоразбирање во прашање. Да, некогаш некој апла ќе згреши нешто и гледаш дека не се ни кае, ама често се поситни работи во прашање. Во сите останати ситуации, кога едноставно не сте веќе на иста бранова должина и особено кога станува збор за површно пријателство, мислам дека треба постепено да се намалуваат контактите и тоа е тоа. Повеќето ќе сфатат, ако не од одма, после некое време. Некој ако сепак не сфаќа или не сака да сфати, можда ќе мора и да му се каже нешто одоколу. Иначе мислам дека е навреда така да речам "Не ми годи веќе дружбата со тебе". Има разлика меѓу здрава и непотребна искреност.
Е нема во релноста како тука, банирај го и нема да пишува. Избриши му мислење е исто како да се вратил зборот назад во устата. Голтајте малку кнедли, и игнорирајте непотребни луѓенца.