1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прекин на пријателство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 13 февруари 2023.

  1. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Имам прекинато пријателство зошто личноста ми стана досадна, зошто секогаш кога ќе се видевме истите моабети се правеа, истите проблеми ми ги спомнува. Немаше нешто попаметно во животот да прави само да трачари. Кажано беше повеќе пати да престане и не престана, се дистанцирав, неодговарав на пораки. Не се каам, зошто ме спречуваше да одам напред кога бев во контакт со таа особа се осеќав како да тапкав во место. Луѓето се менуваат и нормално е да прекинеш пријателство колку и да е долго.
     
  2. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Јас па многу сум осетлива ,два пати ако не се покопам со некој веќе нема ни да пишам ни да викнам за излегување.
    Не е убаво вака зошто многу тешко склопувам нови пријателства. Еве откако дојдов кај мм ,немам ни една пријателка.
    Со една се дружев ме накодоши нешто на работа и толку. Со останатите здраво добар ден...и толку.


    Инаку и ми прекинале пријателство и сум прекинала. Таа што ми прекина и помагав многу ,финансиски емотивно со совети. Фати дечко (поранешен затвореник) и укажав дека не е ок детето. Као се согласи ме викаше уште неколку пати за кај неа дома и после одеднаш ја снема ,девојчето ме блокирало сегде зошто дечкото и забранил не само мене туку цело друштво.

    Со таа што прекинав бевме долго другарки. Почна да излегува со лошо друштво и укажав прво дека кога е со нив да не ме вика. Почна се помалку да ме дружи и да ме бара и едноставно веќе ни јас не ја побарав после 2 риот пат :)
    Баш мајка и и рекла на мајка ми дека додека се дружела со мене била раат како да не здружеле пак...
     
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    22.460
    Пол:
    Машки
    Пред неколку месеци прекинав 10 годишно пријателство, не можев веќе да толерирам неподносливи карактеристики, однесувања, себичност. Првично само се оддалечив, мислев дека треба да бидеме на дистанца, арно ама случајно испадна да се скараме за најбош проблем и веќе немаме никаков контакт. Тешко е на почеток, особено земајќи предвид дека комунициравме секојдневно, ама помина.

    Исто пред скоро време имав кратко пријателство во кое првично покажав интерес за дружба, излегувавме на кафиња често, сфатив дека не сме компатибилни за дружба, едноставно мислењата воопшто не ни се исти. Не сум тип на човек што може да се дружи со секого, морам да имам заеднички ставови и интереси за да се дружам со некого.

    Директно не сум имал потреба да кажам на некого дека не сакам да се дружиме, дистанцирање секогаш функционирало во моите случаи :D. Ако не функционира, немам апсолутно никаков проблем да бидам директен и сметам дека сите треба да бидат директни и кон мене.
     
    Последна измена: 18 февруари 2023
    На RainBow, Lella и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.980
    Интересен ви е концептов со директно кажување.

    Едноставно не секогаш има потреба. И да, ајде светици :D сите се дружат од некаква взаемна корист, и не е тоа нужно лошо :)

    Пример. Имам колешки со кои имам ок однос. И кафе после работа ќе испијам. И заедно ќе појадувам. Ама не гледам како би се дружела со нив. Не мислам дека карактерно си одговараме за дружба, не мислам дека имаме навистина заеднички теми. Имаме взаемна корист да работиме заедно и да си помагаме и соработуваме, поминуваме цел ден заедно. И сме многу фини, ама никаков длабок разговор не ни сакам да има. И има колешки што ги држам баш на дистанца иако во даден момент ми биле ок. Но исто во некој момент имале некаков испад или постапка, па сум бектрак на само најслужбено. И не им кажувам де дека ради тоа и тоа. Зошто? Затоа што во нивни очи постапката е исправна, и ок, за нив е, за мене не е.

    Исто и со рандом пријателства, се случило и да бидам откачена и да откачам, со суптилни знаци. Никому не е пријатно да е откачен (одма се прашуваш - ама каде погрешив), меѓутоа тоа е многу, многу нормална појава. И не зборувам за некои длабоки пријателства, деца немам па на игралиште да запознавам луѓе, ама преку кучето запознав многу, заеднички интерес ни' беше да ги трчаме кучињата и да се дружат. Со некои од нив многу брзо, иако сме се дружеле, сум почнала да ги избегнувам - едноставно за мене лично биле напорни. Не се лоши, пребирлива сум многу, не сакам детали, оговарања, блискост така брзо - чим почне некој релативно нов да ми се "отвора" јас сама се повлекувам оти ете, не сакам.

    Од друга страна, имам само две прави пријателки, од кои на едната во една ситуација многу искрено и' кажав дека една постапка многу ме повреди и дека поради тоа и тоа ќе се повлечам. Ама неа ја сметам за битна да и' објаснам, и и' објаснив. По кратко време самата ме побара, разговаравме, објаснив точно што е проблемот, ме разбра и го промени тоа што навистина ме болеше. И ете пак сме другарки, ама тоа е 25 годишно другарство веќе, не можев и не сакав да давам суптилни знаци, ми беше битно искрено и отворено да и' кажам, бидејќи и од неа го очекувам истото ако јас некаде заебам. Барем шанса нели, ако сакам и можам да ја поправам работата. Или да знам зошто некој што од дете го знаеш едноставно се повлекува.

    Не ми е по ќеиф кога некој мене ми дава суптилни знаци :D ама многу подобро е тоа, отколку форсирана дружба. Нема потреба.

    И да, општеството како појава е засновано на взаемна корист. Потребни сме си едни на други, се користиме сите меѓу себе. Не е тоа "лошото" искористување. Лошото искористување е малце поинакво, каде што некој користиш за некаква лична придобивка, а не возвраќаш никако - намерно.

    Толерирање на луѓе заради тоа што ни' се фамилија, или децата заедно ни' учат, или кучињата заедно ни' серат, или затоа што сме комшии и лажичка шеќер од нив прво ќе побараме, не е лицемерие, култура е.

    Како што е културно кога ќе видиш дека некој се повлекува едноставно да го испочитуваш, а не да објаснуваш колку е безобразен оти замисли, ти пресовршената, некому не одговараш. Ок е. Различни сме, тоа е убавината, не мора сите да се дружиме.

    @RainBow не да не си безобразна, туку таа ем неразбрана, ем безобразна максимално, маж ти го барала, со мајка ти зборела, на работа ти дошла бе. Бог да чува.

    На игралиште речи и' здраво и појди на друга страна. Ваљда нема да дојде по тебе.

    Едит: заедничките пријатели му ги "подарив" на бившиот. Нит ги мразам, нит ми се досадни, всушност една личност доволно ја сакам и почитувам па искрено си кажав зошто се повлекувам. Секогаш, ама секогаш ќе сум тука за неа, може да ми се јави, може и кафе да испиеме некогаш, ама таква интензивна дружба едноставно не може, бидејќи прво ние двајца не сме добри, уште помалку е потребно да ставаме меѓу два огна недолжни луѓе, а и да бидеме во искушение да прашаме за другиот, или да го "игнорираме" слонот. И посебно кога стана апла гадна ситуацијата меѓу нас, уште толку ги дистанцирав, затоа што пак - не се ова нивни проблеми, ама мене ми се проблеми, и е многу тешко и болно да седиш на маса и да другаруваш со некој кој знаеш дека еднакво ја сака личноста што ти прави сериозни проблеми.

    Повеќето сами сфатија, на оваа конкретна личност чувствував потреба сама да и' кажам.
     
    Последна измена: 18 февруари 2023
    На MarijaMi90, Bozica1980, RainBow и 4 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Не збореше она со мајка ми, него нејзината мајка ме сретна на игралиште и почна да ме прашува што се случило, зошто сум била таква, зошто не сум се јавувала, ќерка и била многу тажна, па како сум можела така... Не знаев кај да се свртам искрено.
    Кога видов дека не оди вака требаше директно да и кажам, ама не сум имала ситуација каде што било потребно, некако сите се разбирале со оддалечувањње, па ете, не се снајдов најдобро и испаднаа вакви глупости. Памет за друг пат.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Женски
    ne generaliziraj.:hai:
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.980
    А стварно? Опиши ми тогаш од која причина? И взаемна љубов е корист - даваш и добиваш љубов.
    Единствено бескорисно посветување е према сопствено дете, кај што даваш, а не очекуваш возврат.
    Живеењето во заедници, од орда до современо општество, се базира на тоа што сме си потребни едни на други.
     
    На christinnn и Серотин им се допаѓа ова.
  8. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Женски
    Па не знам баш дали ова може како корист да се дефинира.
    Ако некој искрено го сакам и почитувам поради тоа каков што е онда е искрено пријателство.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.980
    Уште по бог да чува. Да се жалам и тажам на мајка ми дека рандом пријателка не ме дружи.
    Па и тажна била бе.
     
  10. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Женски
    Можда она се приврзала, не се сите емоционални карпи како вас.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.980
    Е да де, користа ти е што и тој те сака тебе еднакво. Замисли ти баш искрено го сакаш, ама немаш фидбек, ќе се повлечеш нели?

    Затоа реков единствено од дете немаш "корист", и да не добиваш фидбек засекогаш ќе го сакаш и чуваш :)
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.980
    Не сум емоционална карпа, напишав во првото мислење дека ни мене не ми е драго кога ќе ме "откачат".
    Ама не сме деца побогу, да одам да се жалам по цела населба и семејство оти не ме сака некоја пријателка.
    Прилично глупо е тоа приврзување, мислам... возрасни жени бе.
     
    На sweet dreams ** и Jane Doe. им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.563
    Пол:
    Женски
    Ама има и разлика од пријателства до пријателства. Едни ти се блиски и те знаат како дишиш, те имаат видено во најубаво и најгрдо издание, сте поминале све и свашта заедно, буквално секакви муабети, тие се први на кои сакаш да им соопштиш радосна вест. Други не ти се повеќе од кафе пријатели, немаш толку длабоки муабети или можеби условите ви наложиле често да се гледате (некој период) па сте станале повеќе од познаници, но не можиш секогаш да сметаш на нив. За првите воопшто не е во ред и сеедно да ги гоустниш ако се случува нешто, со вторите повеќе природно иди оддалечувањето (ако иди) и не ви смета баш на двете страни. Секако, ако чувствата се двострани.

    Се работи за време и чувства инвестирани, и да можеби можи да се гледа на тоа како на „взаемна корист“ ама сосема човечка и нормална работа е да се приврзуваме со други луѓе. И не би сакала никогаш да повредам некој намерно, but that's just me.
     
    На Aljosha, MarijaMi90, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.509
    Раскинување на некои пријателства се како раскинување на врска. Таков психолошки ефект имаат. Е сега некој ќе е повреден секогаш. Потценета и недоволно зборена тема е, ама и те како важна.
     
    На Tanjamm, crimson, sweet dreams ** и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Graciaa

    Graciaa Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Ја најдов темава и ми дојде потреба да дадам коментар од моето доскорешно искуство. Се запознав со колега и после неколку месеци се здруживме и почнавме интензивно да пишуваме и станавме толку блиски што дури и добра ноќ и добро утро си пишувавме. Е сега откога почнавме на факултет некако се оладивме, но повторно останавме во контакт и после некоја недела ме блокираше на инстаграм, не знам што лошо направив или напишав, го читам разговорот нормален е, пред тоа ме избриша на Snapchat за ова го прашав зошто ме избришал ми кажа дека сфатил некои работи и зошто ми биле битни само оганите, а јас му напишав "отидоа оганите" да го буцнам да се сети да праќа, не знаев дека би можел да се налути. Гледам ме избришал и од фб, навистина не знам што згрешив, на факултет глумиме дека не се познаваме, едноставно бега или стои настрана од мене. Ова со блокирањето се случи пред 2 3 месеци, знам, долг период е но го гледам секој ден на факултет и се уште имам потреба да го прашам што се случи, зошто така наеднаш ме избриша од неговиот живот, но не знам дали е во ред, а ми годеше пријателството со него навистина, буквално од утро до мрак сме пишувале.
     
    На Radmilla му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aljosha

    Aljosha Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    157
    Најверојатно не те гледал како другарка, туку сакал нешто повеќе. А ова со оганите -- изгледа мислел дека се дружиш со него само за да добиваш внимание.
     
    На Graciaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    20.942
    Пол:
    Женски
    Колку е прелесно да прекиниш пријателство со некој, а од друга страна претешко е да стекниш ново.
    Немам коментар на темава, ама знам дека на некој ако му здосадам, со игнорирање само ќе направи да го мразам. Кажи ми во лице, згрешив нешто, оплескав, те навредив или едноставно не сакаш дружба повеќе. Само кажи во лице, нема потреба од детско однесување.
     
    На nextredstyle, Tanjamm и Graciaa им се допаѓа ова.
  18. Graciaa

    Graciaa Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Можно е, штета ако навистина така мислел, го сметав за доста близок пријател, требаше бар да ми каже да знам, а не јас се уште се прашувам каде згрешив и што лошо направив.
    Многу убаво напишано од членката погоре, поарно кажи му на некој во лице, можеби е спремен да го промени тоа однесување отколку наеднаш да ги прекинеш сите контакти.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Јас другарства прекинувам ретко, дури би рекол по исклучок, само ако имам основани причини, поточно ако ми ја преминат границата.
    Прво ги опоменувам дека нивниот однос е неприфатлив, ако не се поправат директно прекинувам другарство штом ми ја преминат границата, не дозволувам да бидам искористен, ниту да бидам омаловажен или потценет, итн.
    Штом не добијам за feedback почит, како што јас почитувам, а добијам преминување на границата, имам достоинство и не дозволувам некој/а другар/ка да ми го погазат.
    Лани прекинав директно неколку другарства од 16+ години дружење од 2007 година дружење, и воопшто не ми е криво, штом некој/а запре да ме почитува, едноставно запира другарството.

    Кратко и јасно: Нема почит, нема другарство.

    :)
     
    На christinnn и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Пријателството треба да биде двосмерно познавање. Ако му здосадиш на некого, невозможно е да не ја знаеш причината.Ако не ја знаеш, не си го познавал доволно пријателот. Никогаш прекинот не настапува оддеднаш и без причина. Само најчесто не си признаваме и понекогаш без причина сметаме дека сме изиграни.
    Сите се менуваме,а понекогаш луѓето околу нас се менуваат со поинакво темпо од нашето. Не е страшно да се прекине некој однос, треба да се сеќаваме на убавото кое ни го пружил или да запамтиме што не научил.
     
    На CameliaMiller и christinnn им се допаѓа ова.