Прекин на пријателство

Discussion in 'Општи дискусии' started by RainBow, Feb 13, 2023.

  1. anon12345

    anon12345 Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2021
    Messages:
    59
    Likes Received:
    123
    Gender:
    Male
    И на мене ми се случи вакво нешто. Пред една година запознав личност со која станав многу близок. Никогаш не сме се карале, секогаш сум вложувал максимален труд во другарството, секогаш сме си поминувале најубаво и секогаш сум бил тука за неа. Јас мислев дека е пријателство кое ќе трае долго. Но пред неколку месеци забележав чудно однесување од нејзина страна. Правење вештачки конфликти, лутење за бесмислени работи, игнорирање итн. Се додека не дојде до момент кога јас бев исфрустриран од однесувањето и одлучив да не воспоставам контакт одреден период. Додека траеше овој период не добив ниту една порака. Бев загрижен, зашто сум прилично чувствителен и не можам да останам лут на некој подолг период, после некое време омекнувам, а и не мислам дека е разумно да се прекинува пријателство поради банални работи и мислам дека се може да се реши со разговор. Пробав да воспоставам контакт повторно, за на крај да бидам блокиран без никакво објаснување. И сфатив дека чудното однесување од претходно биле обиди за саботажа на пријателството. И јас не знам што лошо направив, ама претпоставувам дека кога некој е одлучен да стави крај на нешто, тоа и ќе се случи, без разлика колку ние самите пробуваме да го спасиме тоа што го имаме...
     
  2. Graciaa

    Graciaa Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2023
    Messages:
    6
    Likes Received:
    2
    Можеби не си бил ти причината за тие конфликти, игнорирања, едноставно ако поминувала низ тежок период или и се случувало нешто во животот, ама ова на крај што направила, упатува дека не го сакала пријателството, но може да каже што пречи ако не дирекно бар суптилно, да не бидеш во прашалници сега.
     
  3. m.m12345

    m.m12345 Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2019
    Messages:
    103
    Likes Received:
    335
    Имам или имав една другарка со која се дружиме од средно значи +10 години. Но во последните 2 години јас поминав низ некои турбуленции во животот и нејзинито однесување спрема мене како да се промени. Пример откако се разведов таа многу пати пред мене има префрлено за трети личности дека биле разведени или "оставени", што мене лично не ме допирало но тоа е навреда, посебно кога знам дека предходно не се изразувала така. Таа доаѓа од подобро ситуирано семејство и цело време праќа скапи работи што си купила, не сум љубоморна, не ми е ни гајле мене тоа не ме фасцинира, но не знам што очекува да и одговорам на тоа. Трета работа мојата снаа за брат е од друг град и таа не ја знае од предходно, преку мене ја запозна. Јас со брат ми и снаа ми не контактирам веќе некое време. И другарката иако знае дека не сме во добри односи таа сепак и пишувала на мојата снаа наводно да ја праѓа нешто за во нејзиниот град за некои места и информации, но разговорот отишол толку далеку па почнале да зборуваат и за мене. Таа проба во неколку наврати да спомне и да ми каже но јас максимално се воздржувам. Искрено почнав да ја игнорирам последниот месец ладно да и враќам на пораки, но тука блиску живее и малку незгодно ќе ми е ако ја сретнам. Сакам да се одалечам од неа, не мис е допаѓа сето ова.
     
    Gosh and GirlLove like this.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    18,930
    Likes Received:
    140,402
    Gender:
    Female
    Ако не си потполно сигурна како да постапиш, договори еден разговор со неа. Извади сè на маса.
    Нека ти каже што зборувала со снаа ти за тебе. Имаш право да знаеш и да си побараш објаснување зошто го направила тоа. Потоа размисли дали да го прекинеш пријателството.
     
    Alex.T likes this.
  5. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    5,375
    Likes Received:
    18,606
    Gender:
    Female
    ..па снаа ти ако е лековерна и бара забава, ќе те буцка. Зошто како жена на брат ти не ја истресе ко партал, еве во следна прилика? Ај да не се лажеме, од далеку се намирисува каква е намерата на некого. Ама не, таа сака да ти каже, а што ќе ти каже? Ма мани ги и двете.
     
    Gosh, GirlLove and MiloMalo like this.
  6. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Joined:
    Apr 2, 2020
    Messages:
    4,137
    Likes Received:
    52,396
    Gender:
    Female
    "Другарка ти" е користољубива личност која изгледа си направила математика дека моментално повеќе корист ќе има од снаа ти отколку од тебе. Добро правиш, но не гледам зошто да се секираш ако ја сретнеш- извини, зафатена сум периодов- е доволно и нема што да и се објаснуваш. Не знам колку би имало корист од конфронтација, со вакви луѓе препредени, ќе се измолкне од разговорот, ќе негира... Мислам дека не вреди. Ако веќе немаш, поработи на тоа да си изградиш нови пријателства, оваа не ти е добра другарка и не е битно што е од средно. Лично мислам дека подоцна во животот можат да се изградат и многу поискрени и подлабоки другарства .
     
    Gosh, m.m12345, BlackNight and 3 others like this.
  7. Поврзаност

    Поврзаност Активен член

    Joined:
    Jan 15, 2026
    Messages:
    12
    Likes Received:
    29
    Простете ако лоши размислувам,
    ама за мене дефиниција за пријателство е лојалност.
    Ако згрешам нешто или ми згреши, ако површно се пцуеме меѓусебе без да се навредиме, ако постојано се трудам и вложувам во пријателството како да закажувам средби да се гледаме на кафе,иницијативи за било што, да гејмаме заедно зошто во странство живееше заради партнерот странец, а со тек на време сфатам дека било само за внимание, тогаш очекувам со секое право да го прекинам пријатеството без најава искрено.

    Запознав пријателка од Исланд, преку гејмање, се зближивме и со нејзиниот партнер и со пријатели.

    Буквално цело време јас бев водич и иницијатор за договарање средби, муабети, "гејмерски вечери" итн итн.

    Кога беше два пати во Македонија, упорно немала време да се видиме,
    со заедничките пријатели, ми се смачи што истиот муабет се вртеше без продлабочување на пријателството, они да повикаат, да организираат нешто или било што, барем да ме поканат, еј слушај Џош Стоун доаѓа, ајде да идеме или има концерт на Флоренс ДМашин, ајде во Солун на концерт. Буквално ништо.

    Така беше 6 години од 2019 година.
    Со еден се испокарав на фејсбук, ми прекипе филмот, гледам дека цело време упорен се пикам и молам ајде она ајде тоа и нема никакви резултати, булквално фатив во еден ден анфренд од фејсбук и инстаграм и ги блокирав.
    Двајца ми звонеа што е работава,
    намерно не дигнав и прекинав буквално комуникација
    Едноставно изморен бев, имам кривица дали правилно потег направив со блокирање и бришење, не се каам.
    Гледам после, еден од групата пуштил лоши муабети за мене, ми кажа колега на работа со кого беше заеднички пријател со овој.

    Криво ми е што потрошив 6 години на спојување на луѓе, иницирање да се гледаме, да им помагам, да се нудам, а очекував назад само лојалност и еден вид на "фамилија" која ја немав додека растев во тек на основното и средно училиште период од мој живот.
    Ги сакав луѓево, ми помогнаа во тек на Ковид и тешки моменти да поминам со хумор ама кога видов дека има само тапкање по рамо.

    Чао и пријатно
    Ве молам за коментар ваш
     
    Simon4e0507 and GirlLove like this.
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Joined:
    Dec 15, 2010
    Messages:
    2,363
    Likes Received:
    6,973
    Па реално само ти да иницираш средби и да ги одговараш - не е во ред. Ако умствено знаеш дека ако не се јавиш ти тие нема да се јават тогаш што бараш во тој круг..? Сум била во такви пријателства и познанства кога само јас ѕвонам и договараме и искрено да ти кажам изморува и исцрпува тоа.По некое време ти здодева и си велиш ма што правам, си одам оттука ...
    Јас исто прекинав долгогодишно пријателство од 10+ години бидејќи веќе не се пронаоѓавме со теми за разговор ни со интересите. Таа немаше слух за мене дека јас сум мажена,дека имам бебе за кое треба да се грижам. Прво и одев по кефот се додека не ме застанаа мм не за да не тера да бирам страна туку за да ја воочам ситуацијата,дека ме користи и не ми ја прифаќа моменталната состојба. Ме тераше сами да сме излегле без интерес за бебето без да праша како е. Прво не праша дали има кој да го чува? Второ и да има,не ја интересираше да го види барем еднаш детето од најдобрата другарка? Нели тоа е целта на животот, да се оствариме родители да имаме потомство, некој што утре ќе ни грее душа..ама не.

    Тоа сакам да кажам дека во некој дел од животот сте се пронашле ви било интересно,дружби..ама не си дозволувај само ти да бидеш дворскиот шут што ќе им прави интересно.
     
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Joined:
    Jan 4, 2010
    Messages:
    7,514
    Likes Received:
    18,796
    Нема другарство, сфати така.
    Мн грубо звучи, знам.

    Јас со моите другарки едвај се слушам, особено кога се отселив во Скопје.

    Сум носела порано и поклони и да н крај му рече една, не заборави сите од ко се отсели.

    А мене никој, не ме ни побара нит праша дал сум жива.
    Сум гушкала, сум давала поддршка, ко дојде мене да ми треба и ко почнав да им кажувам за на болница, за еден од родителите, едната рече немам време, се спремам за гости, а другата ми рече дека ја чека дечкото заборави кој ја гушкаше и плачеше со нејзе.. Ок..

    Останав без работа - едната шо ми е во Скопјево, ич ја нема само едно рилче ако ми прати... Па сеа ќе оди со едни познанички на егзотично патување - скроз ме заборави.


    И јас се иницирав, и кренав раце.

    И останав сама, и сфатив дека така морало за да научам многу работи за себе, да согледувам мн ствари..

    +10 и кај мене е.

    И мораш да не се грижиш за некој што не се ни грижи - грижел за тебе
     
  10. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Joined:
    Oct 9, 2021
    Messages:
    865
    Likes Received:
    3,293
    Gender:
    Female
    Со текот на времето, сѐ полесно и полесно ми е да прекинам пријателство или било кој друг однос што не ме прави среќна. Сосема валидна и легитимна причина да расчистиш со некој. Значи не мора да си згрешите нешто и не мора никој од вас да биде лошиот во приказната за да прекинете да се дружите, едноставно повеќе не сте на иста бранова должина. Тоа е тоа.

    Не мора по секоја цена да се дружиш со некој иако не ти одговара. Не мора да останеш таму каде што не си среќен.
     
    Alex.T, Gosh, LibreGirl and 2 others like this.
  11. Поврзаност

    Поврзаност Активен член

    Joined:
    Jan 15, 2026
    Messages:
    12
    Likes Received:
    29
    Искрено да ви кажам,
    очаен сум. Навистина не знам што да правам, толку сум очаен што сум до точка на кинење нервно, не можам да живеам сам и преку сфе ми е од секој ден да ме утешуваат "ќе најдеш други луѓе" и "ќе најдеш девојка" и "за секое шише има капаче". Преку тасета ми е од се.
    Од работа дома и обратно, сам цело време па и роднини кој што мислам треба да се прва линија на подршка, ги нема.

    Се мислам сериозно да дадам отказ на работа и сакам да се преселам надвор.
    Се мислам помеѓу Словенија или Шведска или Норвешка или Шпанија.

    Немам занает или кариера, општ работник сум продавач во салон за бела техника.
     
    Alex.T, LibreGirl and Simon4e0507 like this.
  12. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2020
    Messages:
    773
    Likes Received:
    815
    Gender:
    Female
    Мислам дека огромен број на млади луѓе овие неколку години го доживуваат ова
    Треба да направат проект за млади да се запознаваат во живо да се собираат и дружат, непознати, осамени а со луѓе
    Нови познанства сакајки и одбирајки ке датат и дечко и девојка и другар и се не знам дали постои а е многу потребно да не си само со околината што те познава
     
  13. bookslover

    bookslover Популарен член

    Joined:
    May 8, 2016
    Messages:
    2,855
    Likes Received:
    11,993
    Gender:
    Female
    Мора да престанете да се ставате во улога на жртва ако некое пријателство завршило, тоа најверојатно било поради доброто ваше и нивно. Не за џабе судбината ви ги оделила патишата, и тоа е сосема ок. Како старееме сите ќе останеме со некој најтесен круг на пријатели затоа што и така треба да е, нема да имаш голем круг на пријатели од 50 луѓе какошто било во средно.

    И мора да престанете да мислите дека пријателство е некој вас нон стоп да ве тапша по рамо и да ве убедува дека се ќе биде ок, а нив исто така ништо да не им е ок. Пријателство е обострано и колку се замараш ти ќе се замара и тој, и тоа е. Не може некој постојано да ги слуша вашите проблеми и да се става во ваша кожа и тоа да се нема сменето со години. Некогаш и луѓето од другата страна се уморуваат. Пријателство има, ама треба да се негува.

    За пријателствата што веќе ги немате бидете на некој начин благодарни какошто кажав за да ви биде вам полесно, затоа што судбината направила се' во нејзини раце да ве оттргне од таа личност затоа што веројатно веќе не се поклопувате никако ни карактерно ни животно и тоа е сосема ок.

    Јас мислам ти сама си даде отказ поради бурноут? Не остана без работа па некој да те тапша по рамо и да те прашува секој ден како си. Возрасна личност што донела возрасна одлука за своето здравје.
     
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Joined:
    Jan 4, 2010
    Messages:
    7,514
    Likes Received:
    18,796
    @bookslover не реков секој ден да ме бара некој и да ме тапша.

    И баш оти е за здравје треба да го прашаш некому - како си?

    Од култура се прашува и ако ти е некој пријател ќе си прашаш.

    Не сметам за пријател ако некој не ми обрнува внимание макар на 3-4 дена.
    А не рилс да ми праќаш.

    И тоа да е обстрано, секако.
    А не еднава страна да постојано иницира нешто.

    Како бе така?
    Некој знам дека си има проблеми и така да го остам.. Ајт, нема галје...
    Шо без работа, брнаут има, ќе и помини.


    Не знам што е за вас другарство

    Дедо ми бе секој ден, да не речам, се слушаше со најверниот другар, памтам уште од мала и почина пред него и чест му напрај.