Мамички оваа тема ја отварам да си пишеме за ветувањата кои некогаш сме ги дале дека нема да правиме со нашите бебулиња но сепак сме ги прекршиле.Јас лично си имав неколку од кои едново веднаш го прекршив со оглед дека сум мама од скоро. Порано велев дека нема да го учам малово да го носам се во раце и да трчам на секое заплачување. Е сега имам уште некои од кои и дека нема да му давам цуцла лажливка..ноооо со оглед на тоа дека никако веќе не сака само да си полежи па ми е страв дека ќе го прекршам и ова, но се надевам нема хахах Ајде мамички вие пишете си кои биле вашите ако имало, да се дружиме и забавуваме да си се посмееме тука.
Моето искуство вика што повеќе сум викала "јас ова никогаш" баш тоа сум го направила. -викав нема да дозволам да јаде со занимација-долг период јадеше со песнички од уoutube -викав нема шанса да проба готова кашичка и друга нездрава храна-имаше период кога само такви сакаше, се што јас ќе направев фрлав -викав дека колку и да ме налути нема да покажам слабост пред него и да избувнам- не успеало, среќа многу ретко е ова, 2-3 пати до сега Има и други, овие први ми паднаа на памет
1. deka nema da go naucam da spie vo mene v race, vednas stom zaspie ke go ostavam v krevetce, pa ako nesaka da spie vo krevetceto nema da go zemam kaj mene v race, a sega toa mi e najgolema greska, se navikna preku den da zaspiva vo mene dodeka cica, i go drzam saat-saati ipol v race na sekoja popladnevna dremka (za vecernoto spienje go nemame ovoj problem) . A eve sega doagat toli letni denovi, pretoplo e da spie v race kaj mene, i stvarno neznam kako da ja odviknam, mnogu se nerviram, toa mi e grska br. 1 nikogas, neveli nikogas! 2. Deka nema da davam gotovi kupecki kasicki, samo epten vo kraen slucaj.
Јас немав некои замисли воглавно зашто немав толку блиски со бебиња да знам како одат работите. А и ако зацртам нешто после ќе се нервирам ако не оди така. Единствено нешто што мислев е дека нема толку да се потресувам, ќе бидам смирена, ама уф, колку не беше така. И на неа ќе и биде топло и нема да сака на тебе да спие. Мојата беше иста, па кога беше пекол си спиеше во количка. Сама ќе си направи како што ќе и биде најдобро.
,, Правилата,, се прекршуваат само кога мајката го следи своето дете. Ако сум рекла дека нема да го земам во раце,а тоа пишти плаче,сигурно дека нема да го оставам така. И за јадењето,мајка,сите начини ќе ги испроба само дете да биде сито. Периодов имам проблем со огроманата темпераментност кај син ми,па се она што си мислев,обратно ми се враќа
Јас велев дека нема шанса ќерка ми да ја оставам да спие со нас во соба. Си спиеше убаво во нејзиниот кревет во нејзина соба до кај 1,5 годишна возраст потоа се разболе и јас од страв да не качи температура ноќе а да не ме викне , од тогаш еве до денес на 6 годишна возраст спие кај нас во соба (на различен кревет) и не сака да оди сама да спие
Јас викав дека нема да се потресувам, сега за едно кивнување пребледувам. Викав дека ќе давам дете на баби, ама не давам на никој, сами се грижиме. Мислев у креветче ке спие, ама спие со нас. И веќе не викам јас вака не така не... не знаеш што ке ти се деси.
1. Дека нема да му дозволам да влезе со мене во тоалет ( во одредени ситуации единствено решение е да го земам со мене) 2. Дека шанса нема да го учам со мене да спие. Секоја вечер го земам до мене и си го држам за рака. 3. Дека нема да му дозволувам се ... а му дозволувам ....
Ој, темава ми отвара очи дека важи правилото "никогаш не вели никогаш". 1. Мислев дека барем додека сум на породилно нема да дадам готова каша, ама како што почнавме со вкусови по редоследот на педијатарот дојдоа и слива и тиква на ред, па со оглед да ги нема свежи, дадов готови 2. Мислев нема да пуштам песнички и цртани, ама морам да му најдам занимација ако имам нешто работа а тој не седи бидејќи скорп цел.ден сме сами; 3. Дека нема да спие со мене, ама ноќе заспива во креветче и на некое будење крај 5 саат веќе не сака во креветче, па мора со мене; Толку засега
Taka e , "nikogas ne veli nikogas", posebno za kasickite, mislam deka site go imaat prekrseno ovaa pravilo,....a vo vrska so detskite pesnicki, ubavo e da mu pustas da slusa muzika i da mu pees, nema loso vo toa ili misis da ne ne gleda vo TV uste tolki malo, i jas isto velev nema da go ostavam pred TV, no koga moram da srabotam nesto, go ostavam pred TV da gleda crtani sarenilo...
За песнички пеам и јас и слуша,ама што се "џари" во спотовите шарени интересни. Ама сама мајка дојде тато од работа, морам бар во вц да појдам . Ама и не се толку лоши па песничките , се што е умерено а не претерано нема "зијан" нели
Da, taka e, se sto e umereno nema loso. Za zal pred da staneme majki dosta cesto znaeme da osuduvame situacii gledani od strana, no koga ke go iskusis na svoja koza e sosema drugo. Kolku i da se obiduvame da gi predpazime od nezdravi naviki, eve ponekogas gi prekrsuvame ovie vetuvanja bidejki doagame vo situacii kade morame da gi primenime ovie raboti za koj sto sme bile protiv. Eve eden prost primer kaj mene, majka sto sama e preku den, predhodniot den zaboraviv da kupam namirnici da napravam kasicka,pa planirav sabajlecki so bebe da pazaruvame, no zavrna dozd, a bebe e nestrplivo za jadenje, mu doslo vremeto za obrok, i vo toj slucaj ne spasuva gotovata kupecka kasicka koja ja imame ....a predhodno velev:"nema sansi koga sme doma da dadam gotova kasicka, osven vo sitacii koga sme nadvor na setanje.."
....и не само во ситуации кога не си купил намирници.... одреден период до толку беше залепен за мене што не можев вода да се напијам. Инсистираше да си играме во дневна, заедно, не можев да се свртам без да заплаче а не да одам во кујна да му готвам. Не сакаше ни под разно во кујна да стапне. Едвај преживеав тој период Чистење и готвење беа исклучиво кога мм беше дома, со него сами беше неизводливо. Среќа помина тој период, сега дури и два ручеци можам да направам ако треба Секогаш ни се одбива од глава баш она за што ќе речеме "јас вака никогаш". Аха, важи Сеуште викам дека нема шанса да го пуштам сам во Мк кај баби и дедовци. Искрено, сакам да остане така
еххењ колку прекршив еве моментално јас пијам кафе а она ме шминка а сум викала никогаш нема да дадам дете да ми упропасти шминки,офарба ѕид,земе мобилен и слично.Мислев ке бидам строг родител а јас сум мн мека.Толку што се плашам дека еден ке ми се одбие од глава. ми се има случено два пато големата да не ја носам на школо пошто тој ден сме отишле да шетаме некаде надвор од градот.А сум се колнела дека такви пропусти нема да правам има има доста прекршени ветувања
Ехее и јас колку сум прекршила ветувања , обично сум многу строга со други туѓи деца а со моето сум многу мека дури и чудно ми е. 1. Викав дека нема шанси да го галам и да плаче ќе го оставам а јас неможам да го оставам да плаче и си го галам. 2. Дека нема шанси да му се дерам на бебе колку и да ме нервира ама му се издерив 2-3 пати од нервоза. 3. Викав нема да спие со мене у кревет нема шанси па еве го сака да спие со мене во кревет се научивме така. има многу работи ама тоа е мајки сме неможиме подруго
Многу ветувања сум прекршила, како и секоја мајка. Прво викав дека нема да ја учам во раце да биде цело време и за заспивање сама ќе ја учам да спие, ахам како не. Долго време беше се во раце и со нишање низ цела соба така заспиваше ( кога се сетам колку ме болеа рацете ). Викав дека нема да спие со нас, туку ќе ја учам да си биде самостојна. И тоа не бидна, заедно си спиеме Мислев да не и давам да гледа на телефон, ама сето тоа пропадна во вода кога видов дека уствари само така може да јаде за 5 мин без никаков проблем што и да е. Бев многу против благо и такви работи, а таа колку сака пез бомбони и лижавки и некогаш само за да биде мир и дадам Уште како девојка секогаш си велев нема да и давам да ми пипа во накит, шминки да не ми се уништи нешто, а сега секојдневно ги прередува парфемите, шминките, лаковите дури и штиклите почна да ги облекува
Изгледа на сите прекршено ветување ни е држењето и заспивањето во раце. Отсекогаш сум велела дека нема да ја учам в раце, а сега само кога спие не ми е во раце. Заспива со нишкање в раце. Сум велела дека ако заплаче нема да ја земам одма и тоа правило го прекршив. На почеток спиеше со нас на спална ама се изборив за тоа ветување со мм кој упорно ја земаше и сега си спие во креветче. Исто велев дека на толку играчки нема да и дозволам да игра со глупости и од мала да се учи дека се и е дозволено, ама сега омилена игра и е да го трга и да си игра со завесата на прозор (кога плаче многу само така се смирува) Дека нема да и дозволам да гледа тв, ама некогаш само така можам да завршам некоја моја обврска. Засега толку и за понатаму имам некои ветувања ама времето ќе покаше дали ќе ги исполнам или прекршам.