Прекршени ветувања по станувањето родител

Дискусија во 'Бебе' започната од LanaDelR, 21 мај 2017.

  1. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Ќе прекршиш :tmi:
    Јас не можам да кажам дека исполнив некое, се обратно е:D
    Единствено што исполнив е тоа што е постојано со мене и тоа што пазам на редот што го има и се правиме во точно определено време.
    Друго.....да не набројувам се утнато:whew:
     
    На Mari*, emkaemka и kiki_riki им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Јас до пред да родам знаев што СЕ нема да правам... Аха!
    Кога се породив се што "знаев" испари. Си одам дома и си викам: Чекај, како беше сега? :?:

    Уште не ми текнува како беше :D
     
    На mal.ecka, Sunshine_1979, emkaemka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум го напишала ова :)
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    17.881
    Јас уште машки се држам. :muscle:
    Си ветив дека нема многу во раце и се држам до тоа.
    Си ветив дека ќе спие во креветче и така е. Насабајле само знам да ја земам до мене да се погалиме.
    Си ветив дека без транспортер нема возење и така е.
    Е за повојот прекршив ветување. Мислев да и ставам и си купив тетра и шведски пелени и од ко се роди се предомислив.
     
    На simonagj, Coco31, Ano и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.397
    Допаѓања:
    22.643
    Пол:
    Женски
    И јас горе доле се држам до се. За возење во кола, за спиење во креветче, држење во раце. Редот гледам да е секогаш запазен. Сеа со стариве мака мачиме ама престанав да се замарам. Нешто што мора МОРА, нема мењање. Колку и да плаче, нема да спијам, ама нема да ја ставам со нас. Навечер затварање во соба бањање, цицање и спиење. Нема нишкање шетање чуда. Добри сме сега за сега.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Викав дека нема да ја учам да спие со мене во кревет.
    Ама заспива на цице, ја дојам легната, заспива и ја оставам. На преместување ми се буди.
    За друго се држам... Сеуште.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Единствено до што се држам е нишкањето враце за да ги заспијам,тоа никогаш не го имам применето
    Рест се ми падна во вода :inlove:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Гледањето цртани.
    Цврсто бев решена дека детето цртани ќе гледа многу малку и никогаш по кафичи, ресторани од мобилен само за да биде мирен. Аха...како беше она мајката 5 мин да испие кафе на раат? :)
    Ова "мое" правило го прекршувам секојдневно
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Исто гледањето на телефон/ТВ.
    Реков дека бебе до година нема да гледа. Ама почна да гледа по малку од 3 ти месец.
    И сега секој ден гледа.
    Песнички де гледаме, цртаните не ни се интересни.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.