Скоро секогаш пуштам преку ред, посебно стари лица и деца. "Испуфани" што се брзат никако. Знам да си седам во ред и ич око да не ми трепне. Мразам кога се злоупотребува и тогаш не отстапувам ред. Како сум чекала јас, така и тој/таа позади може.
Пуштам стари лица, бремени жени или коа ќе бидам на каса дека има едно чоколатце па сеа да чека редови за едно чоколатце, жал ми е. Али најако ми беше коа бев нешто на лекар и по скали се качував и стигам таму чекам ред и доаѓа една баба после мене и таква ми вика јас сум пред тебе викам е како па сеа доаѓаш, ми вика ти ме помина по скалите си викам стариве се тешки легенди.
Давам предност на возрасни луѓе (им помагам побрзо да ги стават производите), дури сум им однел и до кола, им давам предност на бремени жени, им давам предност на деца, им давам предност на луѓе со малку производи генерално. И ова не се случува толку често за да ми пречи. Ми давале и мене особено кога сум имал еден производ. Но, не мислам дека некој ми должи да ме пропушти, или јас некому му должам. Пропуштам луѓе на доктор, ОСОБЕНО ако имаат болки. И ова треба да е некаква базична куртоазија. Зависи колку се брзам, исто така и гледам да размислувам за редовите, контекстуално, а не да се држам престрого до мојот ред.