ако е некој постар од мене и забележам дека стварно е во брзање, го пуштам преку ред. а инаку ептен ме нервира тоа одење преку ред и затоа никогаш не барам да бидам ни пштена. и еднаш една другарка се изнервира од мене, ми ја зеде уплатницата со сите се скара и помина прекууууу ептен голем ред и ми заврши работа
ААА не, никого не пуштам, па и мене ме болат нозе да стојам у редица по цели денови па што да правам, а многу ме иритираат стариве девојче дај преку ред постара сум нозе ме болат, еее душо ако те болат нозе седи си дома не тука си се мкнела по комшии цел ден и сеа те болат нозе, а за на пазар знаете по цели денови да се моткате и да оговарате, изреволтирана сум од тоа и никого не пуштам преку ред, и мене ми се брзало па дрско ми одвраќале туу млади си да не те болат нозе. Тоа ти е!
Нешто што апсолутно ме вади од такт е некој коа се прави на Тошо, и не ве рецка два посто дека стоите во ред и чекате и оп - правец на шалтер! е во такви ситуации секогаш се карам. Немам проблем да пуштам некого ако фино ме замоли и ми каже дека се брза или видам дека се работи за постар човек, ама на ваков начин не! Ех како вријам тогаш, чудо А кога и самата се брзам е тогаш е друга ситуација, многу не мислам за другите...
Нема никој пред мене да оди во ред!!! и точка! Страшно ме нервира ова. Не е дека немам човечност или воспитување, работата е што јас и фина да бидам, некој “паметен“ пак ќе се појави и џабе што сум јас фина и добра. Да не кажам и дека ние македонците сме сите многу “културни“ па како некои дифтари се пикаме и бутаме, и гајле не ние дали некој чекал ред нас... Само да занете што се ми се нема случено. ~Еден, кутриот ,автобусот му заминувал за пола саат, па се дере да го пуштат сите пред ред. Ајде бе! ~На аеродром сите чекаме да чекираме карти во два реда, ама тој еден семеен човек со жена и деца застанал меѓу двата реда, па кај помине помине. ние другите будали сме што чекаме. ~На шалтер чекам и тој еден од позади го гледам застанува до мене. И никој ништо не му кажува само очипревртуваат. И морав јас да го замолам човекопв да се врати во ред, а тој ме пцуе. Битно другите од страна ќутат. Затоа сите ќе си чекат кога им е редот. Извинете ако малку се внесов, ама многу ме нервира ова.
Привилегија која не ја користам , кај нас во болница стави си униформа и секаде имаш зелен картон. Освен ако не е итно , културно си чекам на било кој шалтер.Сум била и пациент и знам како е.
И јас сум одела преку ред а и мене ми го земале редот,ама најмногу вакви ситуациии има на автобуска во петок значи ми се има случено да оди прку ред пред мене а јас кога ќе му се обратам дека јас сум на ред ми збори англиски и вика не те разбирам,мислам хелооооу,какви финти а пет минути се мотка тука и го слушам и знам дека не е странец,ако ти се брза толку подобро кажи а не после сите да те пцујат
Ова често се случува...пред било кој шалтер, во продавница, во сендвичара, во пошта, во болница....секаде! Допуштам ред кога сум замолена или сум приморена да отстапам место! Ако некој културно ме праша и се брза тогаш ми е непријатно да одбијам! Понекогаш сум приморена да допуштам да оди пред мене, едноставно се срамам пред народ да се расправам за да докажам дека мене ми е редот! Го пуштам ,,паметниот,,и за 10 минути ете го и мојот ред дошол! Така да најчесто не навлегувам во расправии за зачувување на својот ред!
Зависи од моето расположение и времето. Ако стварно се брзам не дозволувам, мада знае некогаш и жал да ми падне ако убаво ме замоли и ај пуштам Иначе ако некој се турка ко будала, никако не пуштам! Дури и ќе му речам да си чека ред како и сите други, ме иритира некултурата на народот, и за жал се полошо иде, работа што никогаш во Македонија нема да се среди.
Ова е една од причините што ја напуштив Македонија...сите сакаат нешто преку ред, сите фаќаат врски за било што...за среќа овде преку океанот нема преку ред, си земаш бројче и си чекаш!!! Исто за сите.
Како што прочитав погоре, зависи како ми е расположението. И колку време чекам... Доколку нема гужва, а гледам дека позади мене има некоја бабичка, или дедо со едно бомбонче што се вика.. а јас цела корпа.. Пуштам преку ред.. А доколку чекам 10-15 минути ред, за на крај да ми дојде преку ред некој... Секогаш се карам
Постара личност, или некој со бебе одма би пуштила. Исто и ако некој културно ме замоли. Јас културно сум замолувала па не ме пуштале Инаку некој ако се однесува препотентно, арогантно, и слично, нема шанса да помине пред мене и за инат ке се задрзам и ке се влечкам
NO WAY! Ниту сакам да ме пуштат, ниту пак јас би пуштила некого. Затоа и се вика РЕД. "Извини девојче, се брзам" Ma шо те.... Како што кажа некој пред мене, јас мож' од мерак дремам 25 минути.... уф
прашувам само доколку брзам за на школо не ме прашале досега но најверојатно би била збунета и би го пуштила доколку не е некој/а вообразена или сл. главно си чекам најмногу до пола саат, ако не друг пат доаѓам. ма ни толку не чекам коа видам редица .. и ми се случило и мене некогаш преку ред во болница или на друго место, ако е за ситница што бргу се завршува.. и дека сум дете ме протнуваат некогаш
Мразам кога долго време чекам и ке дојде некој ке помине преку ред. Секој нека си седи на своето место и нека си чека како што знам и јас да останам по 1 саат и да чекам.
баш пред два-три дена идам во амбуланта да си ја носам бајадерката моја на вакцинација.Се утепавме од чекање ред гужва никогаш повеќе немало.И таман ни дојде редот ми приоѓа еден татко со девојче и ми вика учтиво те молам ако може да влезам пред тебе и пропуштила пелената.Секако,на ваков културен начин а и со добра причина не правам проблем.Но има многу ситуации каде што не си го давам редот.И да,за она со врски преку ред сум многу против ама еве ќе си признаам дека пред некој ден во катастар работи вујко ми и воопшро не чекав ред,си ги завршив работите за 5 мин а луѓе чекаат цел ден така функционираме сите нели?!
Многу се нервирам кога оние кои се најнапред во редот дозволуваат некој да го завземе нивното место и застануваат како втори. Не може така! Зарем не е логично во овој случај да се прашаат и останатите во редот дали може? Или кога веќе не сакаат да прашаат нека си застанат на крајот на редицата. Сега пред некој ден бев на микробиологија да ми земат брис и жена со мало дете ме праша дали може да го завземе моето место бидејќи детето непрекинато плачеше. Реков може, но ако дозволат и останатите. Ми беше логично да постапам така бидејќи во овој случај не само мојот туку и нивниот ред се поместува, а немаат сите цел ден за чекање. Во принцип практикувам да си го задржам својот ред. Да не го отстапувам на некој друг, ниту да молам некој да го стори тоа за мене.
Јас отстапувам ептен ретко, кога некој ќе ме замоли со добра причина или ако ставрно видам некое старо или изнемоштено лице Скоро што ми се случи, чекам ред во ординација за резултати, и си чекам веќе пола саат, таман ми дојде редот, требаше наредна да влезам и ми доаѓа една мајка и ќерка и ми вели: ќе влеземе пред тебе, зашто се брзаме, ќерката е на школо. Ама онака само ми кажува, ниту прашува, ниту да ме замоли фино. И реков дека неможе, ако е на школо требале да планираат и да дојдат порано. И јас бев на факултет во 2, и затоа отидов во 12 таму, да имам време и да завршам и се. Неможам јас да дремам уште 20мин зашто она незнае да си испланира време И пред некој ден на саемот на книгата, имаше ред за Игор да ја потпише книгата. Коа дојдов до средина ми доаѓа една госпоѓа и ми вели: девојче може малку да се потргнеш само да ја купам книгава....а дека редот беше баш пред штандот и се потргнав (мада сите чекаа ред, коа ќе стигнеа пред штандот купуваа книга и продолжуваа да чекаат во ред за потпис ама си велам ајде, може несака потпис, само да ја купи) И теткава ја купува книгата и останува така во редот, си чека. Гледам нема абер да се тргне и и реков: госпоѓо редот е позади, рековте само ќе ја купите. И почна да ми писка како сум била јас некултура, така не се зборело со постари, неа дома деца ја чекале, јас за неа сум била детиште и немало јас да и кажувам каде да стои.....мислам Бог да чува, јас невоспитана. И ништо, гледам сите позади траат, нема само јас да се карам ко будала. Ама ме изнервира А ми се дешавало во банка, некоја баба и дедо такви стари, жални да ми прашаат, со сметки во раце, немам срце да ги одбијам. Дури и без да ме прашаат и отстапувам ред кога нема никого позади мене...нели сепак да не испадне дека одлучувам за сите во редот
Ако некој учтиво те замоли и гледаш дека стварно му е итно да го пуштиш пред тебе да. Ама ако некој кој штотуку дошол сака да ми се пикне пред мене, ма нема проблем... Му се брзало!!? Па на сите ни се брза, никој неќе да чека со саати. Јас по пола саат чекам у банка една уплатница да земам, па не се бунам!