1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преку ред

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 23 јули 2010.

  1. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Лично јас никогаш не би можела да поминам преку ред, на пример кај мои познати,на пример да кренам глава и да си влезам демак јас сум многу јака, мене ме чекаат, па колку и да ми се брза,си чекам ред како сите па макар и за кај сестра ми на шалтер да е редот. И за тоа многу ме нервираат такви луѓе, мислат дека се некои битни фаци а ние сме обични смртници можеме да си чекаме, а не се свесни дека со тоа ја покажуваат својата некултура . :swear: Уф, сега се нервирам кога ми идат пред очи такви ситуации. А знам да пуштам некој пред мене, ако сум добро расположена :) , и тоа само постари луѓе кои едвај си стојат на нозе, или ако некој убаво те замоли, ама убаво а не арогантно. Порано повеќе пуштав пред мене ,ама сега се обидувам да бидам малку поостра. :!:
     
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас сум за чекање ред, и со бебе во кенгур сум си чекала, ама некогаш треба човек биде поитар. Мое искуство- го носев малиот на прегледи на клиника пред некоја година. Од 8 и 30 наутро чекавме по вратите. Во 12 и 30 синчето ми се онесвести од гужвите (и од влегувањата преку ред и од задна врата) ;( , на раце ми се олабави детенцето (И ниту еден лекар не излезе да види што се случува, иако на цел глас барав помош :@ ). А тогаш уште одеше во градинка, малечок беше. А имав познати таму, ама јас демек фер, сите си чекаат... Животот ми се скрати. Е затоа следниот пат си отидов кај тие што си ги знам, го прегледаа преку ред и завршивме се за 20 мин (не за 4 часа!). За мене не одам така, ама искрено, не дај Боже пак да треба со дете, (а да не може тие прегледи во некоја приватна болница) секаде ќе барам познати. Уште еднаш тој хорор да ми се онесвести дете на раце... :x
     
  3. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Ми се има случено неколку пати да ме пуштат преку ред но пред тоа фино и културно си прашав дали може, а не како некоја од небо падната безобразно и дрско да влезам. Но повеќе сум за чекање ред! А ако некој ме праша да му го дадам мојот ред ( посебно ако е некој постар, или пак со мало дете) без расмислување би го пуштила, но во случај само да ме праша!! А не некој што од небо паднал па не му се чека и ќе се бутка е дури тогаш ќе се карам до крај :) :D :D :D
     
  4. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Никогаш не сум прашала за да м пуштат преку ред, колку и да ми се брзало си чека, или си одам на друго место. А тоа дали пуштам, па зависи од расположение најчесто... ако некој е безобразен и посбно се прави на „Тошо“ и си оди преку ред е тогаш сум многу лоша, веднаш им кажувам кај им е редот, да си прашаат ок е ама вака со глумење, не попуштам па што сака нека биде...( ова си го кажувам зш јас сум дежурна за сметки, бакни, шалтери...) :x
     
  5. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Пред 10 минути бас бев во еден маркет и едноставно морав да прасам дали бива преку ред да одам.ку4ето надвор му го оставив на еден непознат да го при4ува баска само цигари купував а редица немам зборови и тоа сите со полни коли4ки производи |( а инаку си 4екам секогас и многу пати им го давам редот на постари или вакви како мене сто нонстоп брзаат зависи од ситуацијата и толку се нервирам кога видам некој некултурно да се однесува па и кога прасува бозеее како да е толку теско тоа убаво однесување па насмевни се биди културен и фин леле ко видам некоја сто како на тепање небива јас сум и го земала редот усте и дрска JAS BRZAM AJ TI IMAS SEKAKO MNOGU ZA NA KASA KE ODAM JAS PREKU RED NEMOZAM DA
    4EKAM.. :envy: многу се нервирам вака е како да и отстапам ред?не бива
     
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Зависи колку долго јас чекам и како ми се погодил денот...а и кога ќе размислам мене никој никогаш не ме пуштил преку ред па зошо и јас :lol: се шалам,ми се има случено таак постари луќе да ме замолат дали во банка,или пошта демек за малку биле,а се брзале...ама некогаш ако чекам :envy: долго-тохаш не попуштам...
    Баш вчера закаснав на работа пошто ми избега автобусот ,имаше на билетара 3 пред мене ама чекаа друг автобус, им реков дали ќе може да земам јас зашо ќе ми избега автобусот, а едната ми рече-епа си требало порано да мислиш |( :devil:
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш пуштам преку ред. Мразам кога некој се прави паметен, демек не знаел каде е редот па се бутка. Ако некој културно ме праша, културно ќе го пуштам пред мене.
    Кога се сликав за лична карта пуштив една женичка, што да правам , ме замоли, а мене не ми се брзаше.
    На каса исто така пуштам луѓе пред мене, особено ако сум натоварена со количка, секогаш се наоѓа некоја женичка: "Девојче може да ме пуштиш, само леб имам, а брзам ". Нема проблем :)

    Мразам кога некој се бутка во редот, или те прави будала и си застанува пред тебе. Култура луѓе :!: .....тоа пали !
    :)
     
  8. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Не сум особа која се турка за да дојде преку ред.
    Но ако стварно ми се брза, и секако има разумна причина за тоа, ке замолам тој/тие што се пред мене да ме пуштат :)
    исто и јас пуштам секогаш кога на некој му се брза.. само навистина народов е се по безобразен и безобразен..
    еднаш пред некој месец, добив баш пред школо и немав влошки, и свратив до тинекс да купам, башка каснев, и имаше една жена пред мене со цела количка полна, и ја замолив да ме пушти пред неа оти само влошки имав, и оваа ме пушти со силни муки викајки " ееее девојче па и ја чекаммм што е оваа" нешто таму изнакажа не се ни секавам. |(
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ееее, ова преку ред е моја болна точка, мислам дека сите нерви ми се сконцентрирани во тоа точкиче и само чекаат некој да ги назгази. :devil: Секогаш, ама баш секогаш, кога влегувам каде што има многу луѓе, а не знам кој е последен, прашувам и си застанувам на крајот. Како за сите, така и за мене. Ама кога некој ми се прави паметен... :x

    Имам потреба почесто да одам кај матичната, ми препишува рецепти. Се има случено да чекам по 2 саата за еден обичен рецепт. Ама и филмот ми има пукнато, си признавам.

    Еднаш, лето, пекол, се препотувам, чекам од 11, саатот веќе 12 и пол мине... Таман ми доаѓа редот, стасува една госпожа, од големото добро утро. Бап си застанува кај вратата и зема да ја отвора. Така ли, и јас фино лепо, цап пред неа, мислам носот со вратата го допрев. :lol: И и реков, извинете, ама има ред овде, како што можев јас да чекам, можете и вие да почекате. Малку ми се намршти, ама се потргна.

    Одам по една недела, знам дека септември фати, а јас на школо бев. Пак нормално чекам, чекам, чекам и чекам. |( Пак ми доаѓа редот, стигнува мајка со бебе. Излегува самата докторка и вика, ааа кај мене бебињата имаат предност, не смеат тие да чекаат. А јас и останативе абдали ли сме да стоиме и да чекаме. Ме изнервира ептен тогаш, не смеело. Изреагирав, можеби грдо, ама пререков - Да ми извините, јас сум на училиште, киснам тука од никое време, бебето нема друга работа, може да почека 5мин. :fubar:

    И уште ова, најнова случка. Стојам во аптека, влегува една бабетина, од тие опасните и гледа на која каса наплаќаат. Кога и мавнав еден поглед, мислев дека со очи ја убивав. :lol: И цап, одма на крајот на редот. :D
     
  10. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    давам предност ама само кога некој културно ке ме замоли или ако е нешто итно тогаш ок е ги пропуштам а инаку си чекам ред како сите луѓе освен некои паметни кои се прават па веднаш сакаат да завршат работа а другите што се таму изгледа ние не сме битни не сме луѓе за нив.
    се имам расправано со ваков народ па и безобразни се па понекогаш се чекало и по неколку саати и ке издржиме нека почекат и тие како за сите така и за нив.
    оваа ми се има случено кај мојата матична која везден си прави муабет со сите пациенти па со сестрата уште кафе да ги помоли да се напијат еднаш изреагирав на оваа и реков дека ке се преместам кај друга и веднаш се навреди па и нека и е оваа работа досадна станува на секое одење иста песна.
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    порано повеќе ги пуштав преку ред тие што се велат „Се Брзам“! си викам ај кој знае каде треба да стигнат, нема смисла, а пред мене е цел ден, но со тек на време сватив дек секој тоа го користи за да заврши нешто пред време, бидејќи нема трпение да чека, па и јас сум каснела и сум брзла па пак сум чекала на ред, сега воопшто не ги пуштам преку ред, освен ако гледам дека некој навистина му е влошена здравствената состојба од чекање, тука нема муабет.
     
  12. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Леле колку го мразам ова, особено во банка.
    Последна случка, чекам ред во банка да платам сметка. Гужва невидена.Работеа 2 шалтери, али за да оди побрзо во еден ред чекавме сите.И доаѓа една,премногу грда,девојка и си оди на вториот шалтер каде што имаше само еден човек.И кога и рипна една бабичка :lol: :lol: :lol: мислам дека ќе ја утепаше. И фино лепо девојката си се врати у ред.
     
  13. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Последна случка околу ова: бев на преглед во болница и гледам една бабичка му вика на еден чичко помлад од неа дали може да влезе пред него и ко и викна овој: ја од 6 саат чекав овде и и се дере ама со толку јак тон цела болница у ваздух ја дигна... и бабичкава во ред само прашав. ама овој упоред цела нервоза што ја имал ја истури на бабава... А ко ми текна дека јас претходно прашав дали може да ме пуштат преку ред зошто имав уште 3 прегледи а ако не влезев немаше да стигнам сегде. и си викам а замисли тебе вака да ти викнеше :o
    Не е убаво ова преку ред... ама ете секој гледа да се пикне каде може, не дека јас не сум влегла... барем у полиција ама ете...сите сме такви
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    101.498
    Пол:
    Женски
    Преку ред пуштам само бремени жени, постари лица и мајка со мало дете. Други не. Крај на муабет. Ни па јас се пикам преку ред. Многу ми е одвратно тоа.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ако ме некој учтиво праша или замоли би го пуштила, се разбира, НО, ако сака да ме пререди е тогаш ќе си има проблеми со мене :) . Мразам некултурни и неваспитани.
    Баш пред некој ден, чекам ред во банка и ме прередува една шмизла со деколте раскошно и миниќ до пиц и си преќутав. Велам ај, да има повеќе тема за озборување меѓу луѓето што чекаат на ред и доаѓам јас на ред и една Госпоѓа вади сметки и пари и јас културно и велам - извнини ама јас сум на ред ако оваа ме пререди тогаш ти не ме прави глупава и жената као - ама јас сум докторка само плата да земам и јас и велам, е ако де и јас само плата да земам 5 мин работа и таа уште се расправа со мене и ми вели - ама ќе задоцнам на работа и јас и велам и јас сум излезена од работа. И додека ми дрдореше за мојата дрскост јас завршив работа и и реков- видиш 5мин работа а да ме фино праша ќе те пуштев и се насмеав во фаца и си излегов.
    СДК ако си докторка не си фатила Бога за м... а и фино им е кога се иживљаваат со пациенти, епа тоа кај мене не пали.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    101.498
    Пол:
    Женски
    Ова на Славица ме потсети мене на една случка. Чекам на шалтер во банка може едно 20 минути и доаѓа една госпожа со комплет шминка, бунда на неа а бе што да ви кажувам. И ми вика може преку ред ја се брзам и иде напред мислиш нејзина е банката. И јас и викам не може има ред овде. И она ама девојко јас се брзам ќе задоцнам и јас дрско и безобразно и реков, да не ставаше толку шминка на лицето и да не се китеше толку немаше да брзаш и ќе си имаше време. А сега иди во редот како што треба. Знам дека бев дрска ама ми дојде преку глава зашто позади неа имаше постари луѓе кои си чекаа па сега она се најде паметна. Ајде бе!
     
  17. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Ако некој убаво ме замоли и ако е постар човек и ако видам дека навистина не може да чека би го пуштила зошто да не.
     
  18. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Леле ова коку ме нервира |(
    1.Купував од теранова едно палтенце за мајка ми, една жена позади мене цело време дуваше, се трткаше, се мрткаше и на крај ми вика маж ми ме чека дај да платам пред тебе :!:
    Хах ке плаќала пред мене, се вртам и ја гледам со пола продавница во раце и ај сеа пуштија!-епа нема
    Културно и кажав дека имам само едно парче за купување и дека мене сестра ми ме чека, за 2 минути завршувам јас, па ке и дојде нејзе редот..Ах, од вакви :envy:
    2.Едно кученце живееше кај мене пред зграда.
    Го земав со мене и отидовме во Кам, тоа сирото мме чека ли ме чека :( , а редот огромен, се изначека кучето едно 15 минути, жената пред мене изгледа примети дека ме ваќа нервоза и ме пушти пред неа :)
    Нормално, и се заблагодарив и го наранив кученцето :angel:
     
  19. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Само што ја прочитав темата, веднаш ми се крена косата ]:)
    Многу мразам ова значи, ќе чекам негде у ред и некој ќе дојде
    оп ќе се пикне пред мене :@ епа не можам да поднесам
    знам и да се развикам - извини ред си има овде
    ко ја да сум будала што чекам
    а некој ако ме замоли .... па зависи во какво расположение сум. :)
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не поднесувам луѓе кои сакаат да се упикаат преку ред и притоа со самозадоволни фаци да заминат бидејќи некој им дал право на таква сатисфакција. Јас дефинитивно не им давам вакви права!
    Дозволувам да отстапам сама ред на немоќни и стари луѓе или мајки со мали деца, или во маркет ако некој има само еден артикал, а јас имам полна кошница - ама она што најмногу ме вади од чевли е „јас само да прашам„ личности такви не пуштам ни под точка разно. Бидејќи влезе ли ваква во ординација или при вадење документација пред тебе, има да пуштиш корења од чекање чиниш „1000 зошто 1000 затоа„ се одвива зад вратата. Еднаш во аптека исто ми беше поставено вакво прашање значи да прашала дали ги има лековите да не чекала непотребно жената беше средовечна отприлика 45-55 години. И дозволив да праша :!: . Кога виде дека ги има ја дава рецептата, тогаш и реков врати се сега на ред бидејќи ете праша, па се увери дека ги има, бидејќи треба да си стоиш на зборот јас ти дозволив да прашаш ако ме прашаше да ти пропуштам ред е веќе друго, вака чекај си го редот со тоа што веќе знаеш дека ги има и не ти е чекањето бесцелно. Добив поддршка и од другите само што независно од тоа сакам почитување на кажаното се договоривме да прашаш ти дозволив и тука завршува твоето! А чекав за витамин Ц не се ни брзав ни слично, меѓутоа се работи за принцип :!: !
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.