Mене ме е*ат како сакаат! нити се бунам нити ништо, ми зимаат ред ехе, си ќутам, што да им кажам! ќе ме замолат ајде иди пред мене Tаква сум, што да правам!
^^Почни да викаш и да се расправаш, верувај чекањето ред ќе ти стане позабавно . Јас, секогаш се расправам (кога некој се обидува да пројде преку ред)
^^Почни да викаш и да се расправаш, верувај чекањето ред ќе ти стане позабавно . Јас, секогаш се расправам (кога некој се обидува да пројде преку ред)
Преку ред во банка , колку само се нервирам ууу, јас ќе ја поминам цела пауза од работа во банка за да платам сметки а ќе дојде некој/а и веднаш ќе и ги поминат уплатниците ууу тоа страшно ме нервира дури еднаш и префрлив на таа на шалтер.
Ме нервираат вакви работи! Јас почитувам ако некој е на ред пред мене, и очекувам и другите да го прават тоа. Многу го мразам ова значи. Е сега ако има некоја голема потреба за одење преку ред, или ако ме замолат културно, ќе пуштам зошто да не.
Ред е ред и треба да се почитува,тој претставува основа на се. Брзам или не не е проблем на тој пред мене,па таман тој цел да да го има на располагање. Ми смета тоа што луѓето се бавни и праат никакви муабети до бесвест по шалтерите или продавниците со вработените и бидејќи мене нервите прилично ми страдаат при чекањето јас праам друг тип на аранжмани со моето лимитрано време т.е не чекам ред каде што можам тоа поинаку да го направам...пр.л.банкарсто и глеј сите сметки платени без ред...вондерфул...во продавница не одам јас имам домашен тим за тоа и оп..се е ок..пак вондерфул.. е сега у кладилница..па негде мора зорт да видам нели..
Зависи колку сум чекала...ако чекам ептен долго време и на некој му текнало онака да си помине е не ќе може...ама ако ете се работи за 5-10 минути тогаш зошто да не но само ако убаво ме замоли
Од шесте години поминати во Бугарија богами научив што значи да стоиш во ред еден позади друг, зад црвената, зелена, жута или каква и да е линија и да чекаш да дојде твојот ред од „опашката“ за да стасаш до теткицата од зад шалтер. Преку ред? Ма нема тоа таму и не знам што ќе беше таа култура, ама ако некој се мајмунеше во сето тоа совршено функционално „опавче“ со ред и поредок, тоа бевме ние. Влегуваме звучно и бучно, чиниш ќе се скрши вратата од нас. Се зборува и смее на сиот глас, сеедно сме си домче или одиме на гости кај стрината наша, се редиме на опашката, т.е последниот човек од редот и почнува туфкање и пуфкање по кое веднаш слушаш.... „може само да прашам нешто?“ А, уствари сите испоредени луѓе тука ти се пола за да аплицираат или уплатат нешто, а пола се за да прашаат и стојат бе стојат, ко војници не се мрдаат молчат или тивко си зборуваат едни меѓу други, како комарчиња си зујкаат. Така да и јас се научив на тоа, а си бев од тие итрите што секогаш наоѓаа простор за шмугнување преку ред, неприметно а и таква некоја фаца имам што дури и да поминало времето за прием, кога ќе го погледнам чичето што пушта таму по човече од редов, одма со прст „ајде момиче“ и ова беше во Бугарија, ама никој бе не ме плукна тука за коса ќе ме фатеа, ќе ми ја соблечеа кожата. Ама еј, тој викнал да влезам и јас не сум побарала пуштете ме преку ред .
Никогаш сум немала проблем да пуштам некој преку ред, доколку сум фино замолена. Имам разбирање, и ако мене не ми е зорт, немам проблем да почекам уште екстра 10 минути. Неколку пати ми се има случено дрско да ме „пројдат“, ама ги снајде ова:
Пуштам преку ред ако ме замолат учтиво и ако не сум нафурана од долготрајно чекање. Такви уфурани фаци од типот Ме чекаат 2 камиона на граница, дај пред тебе да идам, не не! Никако! Ме извадија од такт на Аеродром претходно лето едни. Такви скиснати сите после летот, напикани во тоа ќоше од метар квадратен, жешко, сонце пука, сите се цедат, смрдат, ред пола саат додека да те проверат убаво и едни наши фино лепо си се пикнаа пред нас цела сурија. Што фамилија ќе беше тоа. Кај тоа, па уште и држеа ред, си затераа муабет со чичкото кој очигледно им беше доста близок. Мислам дека сите што бевме таму ги пцуевме најсочно што може.
Би пуштила доколку биде учтив, даде логична причина, и во случај јас да не се брзам. Дури и самата би и понудила да дојде пред мене на трудна жена, жена со бебе, личност со инвалидитет, или навистина изнемоштено старо лице.Ама ако мене не ми е погоден денот, сите живци испокинати дента, болна, се брзам....многу тешко дека некого би пуштила.
Ауу јас па сум многу арогантна со оние госпожи или господа кои цуп, цуп ни извини, ни може ќе те одмине и ќе се нацрта пред тебе. И уште демек паметен е. Еднаш чекам во банка може пола саат ако не и повеќе, почнав да чурам, и таман дојде редот двајца пред мене доаѓа еден малдич, 30 години, костумосан, машносан, парфемисан, влегува и како на татко му да е филијалата оп тој пред мене се нацрта. Ко што бев нервозна, збеснав уште поише, али бон-тон, Бечка школа, културна сум јас му велам: -Извинете господине редот завршува онде, а вие моментално застанавте пред мене. Младиов господин само ме погледна, се сврте, ни а ни б. Ме изнервира максимално, го потчукнав со нокт по грб и со еден крајно дрзок тон му реков: -Слушај ваму дечко, тргај се од пред мене, додека не те исфрлило обезбедувањето. Срамота е ова што го правиш, ни ти личи бре мајмун еден. И тука малце следеше жестока дискусија, по која дотичниот господин си застана на крајот од редот не битно што влегоа нови 3-4 клиенти. Инаку на стари луѓе и на бремени жени секогаш им отстапувам ред, секако отстапувам и доколку некој ме замоли, а јас имам време, па зошто да не, ете сепак и тоа е некој манир, култура. Но еднаш во аптека влегува стар дедо, едвај стои сиротиот, и си застана на крај, никој не го рецка. Тие што беа пред мене си завршуваат работа, а дедово само што не паднал. Имаше едно малечко девојче на ред 10години отрплика, и и велам, повторно културно: -Девојче ќе бидеш ли љубезна да му препуштиш ред на дедото, сепак е стар и изнемоштен, греотка е. А малово одма : -Ама мама ме чека. И сега ја убедувам јас дека мајка и ќе почека уште 5 минути, тантара пантара, и на крај некако се согласи. Инаку највише од такт ме вадат моменти „Извинете ама само да прашам нешто“ или „Извинете, ама јас треба само ова да го предадам„. Е арно де, предади, прашај, ама чекај си ред, сите ние чекаме да прашаме или предадеме, мајку му стара.
Зависи од расположението и чекањето Доколку не се брзам многу или не сум чекала многу, еден човек плус или минус исто е Ама тешко оној кој ке ми го погоди нервот Ако сум нервозна (што се гледа по мојата фаца) подобро да не си ја бараат бељата
Зависи колку долго време чекам, од расположението и од тоа дали се брзам. Доколку на некого стварно му треба и културно ме замоли, би можело, иначе не.
Зависно од расположението, и секако состојбата на тој што прашува. Ај ако е некој постар, неможе да чека поради некои Х оправдани причини, ако е стварно за кратко (пр. информација во банка, или чека на каса за едно чоколадо а ти имаш полна корпа) нормално ќе го пуштам. Само прашај културно мајке ми.... До толку имам култура, па тој ако толку нема осет нека му е, кога веќе сум чекала не ми пречи да постојам уште неколку минути. Само ако чекам 3 саати, или ми стапне на живци знам и да возвратам па ни срам ни перде. Никогаш не одам преку ред, секако освен еден исклучок - ред на студентски прашања. Многу се нервирам кога сум назад и некој ќе се "шмугне" кај другар му најнапред, ама ако ми се пружи шанса - ма не трепнувам. Знам дека секој би го направил тоа. Кој е будала да рече "не не ќе си застанам на ред позади. Не ме чекај, нема да завршам во наредни саат време" Не е поврзано со темава ама морам да си кажам... чекање на студентски со 20 индекси во рака ме вади од такт!!!
Последниве два месеци речиси секој ден сум по амбуланти или по болници и луѓево се навистина безобразни. Веќе ред на никого. Отидена јас на лекар од 12 и 30 затоа што не знаев кој лекар е на смена , па викам ако не е прва е втора тој. И си седат две женички си муабетат, прва смена веќе не примала. И негде кај 1 и нето доаѓа една препотентна жена и оп цуп си се пикна во прва смена и ја избркаа. Почнува втора смена и женава се пикна прва. Срамота, јас се виткав од болки, двете жени беа дупло постари од неа и таа така се пикна. Во мешувреме доаѓа уште една жена со дете и почна да плаче може ли да влезе на детето му било многу лошо, можеби операција ќе требало да прави, што ќе каже докторот. Ај си викам греота се расплака, ги убедувам и останатите да и дозволат. За на крај детето да излезе дека е девојка од 20тина години и внатре се задржаа час и нешто. На ред на шалтер чекам јас и една жена доаѓа застанува до мене. Ми доаѓа редот и женава ги подава документите пред мене. Само и ги тргнав и се свртев со грб. Навистина се некои крајно безобразни. Ако тие немаат време , немам ни јас. Па и во болница ако се тие болни и јас сум. Најмногу ме иритираат оние со напрчен нос кога ќе се обидат да завршат пред мене. Е нема!
Еднаш после школо отидов со една другарка да си ги земе резултатите. 6 час завршува во 13:05, а резултатите ги даваат во 13:30. И за да не оди до дома, па пак да се враќа во амбуланта отидовме директно таму и за 5 мин стасаваме. До таму дека се чекаат резултатите е и ординацијата на докторката. А пред вратата имаше луѓе кои чекаат ред. После тој што беше внатре кај докторката, на ред беше еден болен човек, што целиот се тресеше, а и притисокот му беше покачен. И доаѓа една Госпоѓа ( и тоа учителка во основното), ниту чека ред, ниту прашува дали може туку директно влегува, а уште не беше излезен ниту претходниот пациент. И сега излегува тој првиот пациент, па доаѓа една друга Госпоѓа и таа влегува без да праша, а болниот човек целиот уште се тресе пред вратата. А жената која беше после него на ред и пукна филмот, да го гледа како се тресе, го фати за рака и го внесе внатре кај докторката. Многу ми падна жал за човекот. Стварно некои знаат да бидат крајно безобразни. На нив им е итно, а на другите не. Инаку јас секогаш си чекам ред. Не можам преку ред. А ако има многу гужва, а тоа што треба да го завршам не ми е итно, ќе си кренам и ќе се вратам кога нема да има толку гужва. Исто и мене ми се случувало некој да ми дојде пред мене без да праша, ама јас како без уста да сум, си траам и им дозволам да си поминат преку ред.