Да, ако видам дека на некој стварно му се брза и културно и фино ме замоли зошто да не го пуштам преку ред.. Јас сум мирна и повлечена така да и некој така да ме помине не би направила сцена туку мирно ќе си почекам.. Знам и јас да избувнам но тоа ретко се дешава.. Шта чеш..
Зависи од ситуацијата, ако видам некој дрзок, па се бута без осет - тоа од такт ме вади, инаку не.. Секогаш им давам да отидат пред мене ако ме замолат. Поготово во банкиве, кога ќе видам некое бабе сирота едвај стои, и сеа ќе се бутне и одпозади урлаат како ненормални, тоа повеќе ме вади од кожа. Ама еднаш јас се бутнав преку ред и тоа ред од 100 души Ама морав! Авионот ќе ми киднеше за 10 минути, а нивниот беше за пола саат...И јас ни два ни три си се бутнав од страна ( во Унгарија беше ова ). Лелеее кога почнаа сите да ме пцујат да урлаат, мислам дека ќе ме утепаа, како и да е појма немав што збореа А јас па уште си свиркам,се праам како да не ни знам дека мене ме пцујат. Срамотилаци
Не почитувам буткање преку ред од било кој. Ако јас сум чекала, и ти ќе чекаш. Ако тебе ти е тешко да стоиш, зошто мислиш дека мене ми е лесно? Обично на факултет, на студентски, не е преку ред, ама ако ми фалел некој документ, а претходно сум чекала 5 саати, и сега го носам тој еден што фалел, мислам дека имам право да поминам пред другите, само да го подадам тоа што фалело. А пред банкомат, ама скоро секогаш - нели застанувам јас, оставам место (културно) меѓу мене и тој/таа што вади пари, и од НИКАДЕ, ќе се убаци некоја тетка, застанува пред мене, ко јас да не постојам воопшто. Тоа ме вади од такт. Оф топик: Ме вади од такт и хаосот во банките, кога чекаат 10 луѓе и викаат по вработените на шалтер дека незнаат да си ја вршат својата работа. Мислат дека на нив им е лесно, со пари работат, не дај боже да не можат да ја сложат касата на крајот на денот, па мора да даваат пари од свој џеб! НЕКУЛТУРА до даска!!
Зависи ако ме замоли некој фино и културно или пак стварно му се брза на човекот ќе го пуштам преку ред, сум чекала толку време ќе дочекам и уште малку. Али ако некоја особа се пикне преку ред, па згора на тоа и ме бутне е тогаш одма избувнувам и кажувам дека јас сум на ред. Инаку јас не сум се нашла во ситуација да влетам преку ред барем јас колку што знам
Aко ме замоли некој фино и културно или пак стварно му се брза на човекот ќе го пуштам преку ред, но ако некој се бутка одма избувувам
Не пуштам никој преку ред. Додека бев бремена се изреволтирав од луѓе кои што немаат осет. Кога и да појдев во продавница, аптека, банка, и сл., ме гледаа со стомак до заби и веднаш вртеа глава. Еднаш си размислив и си велам - кога има луѓе без осет, зошто јас да имам осет и да пуштам преку ред. До сега 2 пати ми се има случено да се испокарам затоа што сакаа да ги пуштам преку ред.
Никогаш не прашувам да ме пуштаат преку ред, од прилика знам дека секаде има чекање. Понекогаш ми е незгодно кога некој со убаво ќе ме праша ме не, ама кога некој дрско ќе ми се испонаша или па се пика помеѓу луѓе, бута, треска ми иде у 300 лепе материне да го отерам
Секогаш пуштам, полесно ми е да речам: Може, одете вие први.. Ништо не ми менува, освен ако ептен се брзам... А кога бев во Охрид на одмор, доаѓам јас на ред во Тинекс и еден постар човек ги фрла Сникерсите преку мене, трча од другата страна, низ друга каса и доаѓа пред мене спремен да му наплати касиерката.. Страшно.
Зависи кога,каде и зошто.И мене не ми е секогаш денот погоден,нели? Значи преку ред пуштам луѓе кога навистина тоа им треба.Во болница и на такви по итни работи. Инаку кога и одам да пазарам пред мене би пуштила некој што има помалку продукти од мене,не е во ред да ме чека цела вечност. Со задоволство ќе пуштам некој што фино и културно ќе ме замоли,а не' некој си невоспитан кој директно оди пред тебе без да праша бар може ли? Тоа е нивни срам и не култура.Секаде постои ред и треба да се почитува.Што би било ако сите сега почнеме да се буткаме,кој пред кого да биде. Исто,гледам споменато е погоре,за во автобус.Па боже,автобусот нема да избега,тие се буткаат ли се буткаат-па затоа ги оставам сите да се качат, јас последна. Инаку ова за преку ред,па некогаш си велам што е уште еден човек пред мене,подобро да го пуштам-отколку да се карам!
Не реагирав, ама во последните години почнав бидејќи констатирав дека при отворени очи и здрава свест ме прават будала. Сега се мрштам и делам “злобни’’ погледи, и мрморам како и мене ми се брза. Ептен бурна реакција.
Леле мн мразам некој ко че се пикни преку ред, бидејќи сите други можат да чекаат само тој се брза, е че почека за така!
Јас би направил за тие што се брзаат и сакаат преку ред да си ја завршат работата да плаќаат на шалтер плус 100-200 денари.
Јас не можам да ги разберам пенизонерине што при нормален ред за автобуска картичка, се пикаат од страна. ,,Злато, ај само една картичка да купам,,. Па сите чекаме за тоа побогу, може на сите од редот ни се брза и што треба, да се истепаме... Или друг пример, во бифе на факултет си застануваш на ред и ти се избацува некој три глави над тебе ,,Се брзам за на предавање, ај едно нес и тост,,. Па на предавање ли ќе јадеш бре некултуро? Ама тоа е кај нас. Пуштам преку ред само трудници, луѓе со деца, инвалиди или во маркет ако имам повеќе ствари. Другите можат да почекаат, како што чекам и јас.
Ауу како ме нервираат такви Баш пред некој ден една бабичка луп труп застана пред мене.. Ај дека беше стара си премолчав, али не е во ред така, никој не сака да чека, не се само они..
Леле еднаш поради опосакав да зине земјата да ме голтне....Еднаш болна во болница со мене дојде баба ми....А она била бабица на времето и сите ја познаваат...и полна болницата баба ми отиде да се кара за прекуред....И вика на таа жената јас животот тука си го изработив и влегоме...А јас оваква цело време ....И плус ми идеше да повратам оти бев болна едвај стоев...И после и викам на баба ми шо беше тоа бре..Ич не е фер...И отсега со неа во болница НЕ...Сеа кога ќе размислам требаше поинаку да постапам...Да не дадам да флезе и да се извинам...ама таа е
Леле мразам кога некое старчиште ќе се испика преку ред.. Па што ако си постара бре, ние не сме луѓе? Како што чекаме ние, така и ти ќе си почекаш. Некултура на ниво! Ова ми се случи вчера. Излеговме со другарка во чаршија па требаше нешто да купам од аптека и влеговме.. Луѓе чекавме можи пола саат , и наеднаш госпоѓата(стариште без култура) оп цуп преку ред си оди и и вика на продавачката демек се брзала за на работа, а со некој помлад човек беше(претпоставувам син) и си влезе таму си се врткаше 10 минути, а нели се брзаше за на работа мори? и после тоа што го купи на синот му го даде..као да не можел тој да почека..