Ова однесување порано не ми пречеше.Но,во последно време реагирам кога некој ќе се уфрли пред мене. Знам дека времето му е драгоцено на секој,но и секојдневните обврски не можеме да ги завршиме кога ќе посакаме.Секој има ред,само се потребни култура и трпение кои за жал ги немаме,особено помладата популација.
Зависи од повеќе фактори, најмногу од тоа дали брзам некаде, но исто така и од ставот на тој што сака да оди преку ред, ако е неучтив/а или ако се прави на Тошо демек ненамерно, не би дозволила, но ако навистина убаво замолат, ќе го препуштам мојот ред. Единствени луѓе кои не можам и не сакам да ги одбијам се бабите и дедовците. Ваквите ситници, ним многу им значат, доволно е само да забележите како им светкаат очите, или искрено се насмевнуваат. Не само ним, туку и вам ќе ви биде поубав денот.
Доколку некој ме замоли да му отстапам ред, фино, културно и воздржано - ќе му отстапам, освен ако навистина немам потреба да завршам побрзо во таа ситуација. Многу ме нервира кога некој се прави наудрен и просто си мине преку ред.
Me нервираат луѓе кои како да не те гледаам туку фрц си заминуваат пред тебе како да се тие први.Како што кажа Коралин-е погоре,ако ме замоли некој културно,особено ако е некој постар човек и ако навистина увидам дека се брза,тогаш ќе отстапам место,ама ако некој како будала се турка пред мене колку да не чека-е тогаш,ќе се карам богами.Секој треба да си чека ред,не е крај на светот ако почекаш 10минути.
Пуштам преку ред ако некој убаво ме замоли. Додуша некој и ако се бутне ќутам, не сакам да се карам тука пред сите, од што сум наивна де. А јас никогаш не одам преку ред, многу ми е незгодно.
Мразам такви,се прават наудрени.И му кажуваш:„Јас бев на ред.“А тие,како да не знаат ти велат:„Ааа,Вие ли?“ Ај,за пет минути работа божем не може да почекаш,мораш преку ред.
Ако не чекам многу и ако е навистина за малку ќе го пуштам. А да дремам таму 1 саат па кој сака нека е, каков сака нека е не го пуштам па те до тука нека е.
Ако не се брзам, би го пуштила. Но, и да се брзам некаде, ако има позади мене постаро лице што едвај оди, сама ќе му речам да оде пред мене.
Ау денес една стара жена како ме изнервира Таман јас стигнав на ред и оваа ми вели аа девојче јас бев на ред само ми се јавија на телефонот Хаха, како не! Ај ја пуштив, ништо не и реков, не сакам да се карам, имаше многу луѓе И ај тоа, па и откога плати си прави муабет со продавачката Алоо, се брзам!
Во ред е да се пушти постар човек, ама и старите ја претераа... Секаде ги има Оди крв да ти земат-гужва од нив Влези во автобус - гужва од нив Ови во Банка - гужва од нив Оди во градска - гужва од нив И кога ќе дојде ред да пуштам некого , нели од морални причини, мене инате ме фаќа Цел ден го имаат на располагање, ние од работа излагаме, деца оставаме да ни пригледне некој а тие се бутаат преку ред И мене ме боли, и јас немам време и јас сум изморена П.С. Иначе вака се испукав добро, а кога ќе дојде ред, пак со мрчење ги пуштам
Најјакиот муабет кога некој сака преку ред да оди: Јас само за прашање сум!!! И ти иде да му/и ја залепиш една.
Но понекогаш навистина е така, посдебно сега со терминиве. Замисли одиш и чекаш на погрешен шалтер и кога ќе ти дојде редот ќе ти кажат не тука оди таму. Така да не секогаш се фолиранти оние што викаат само да прашам.
Мразам вакви луѓе што се пикаат вака. Ми се свиѓа тоа што се почесто гледам дека е со бројче направено да се чека ред, па и да сакаш не можеш да се пикнеш туку така.
Во маркет на каса најчесто ако видам некој има многу малку работи тогаш го пуштам преку ред, исто така и мене ме имаат често преку ред пуштено на каса.
Јас кога ќе има многу гужва без разлика каде и ако некој ме замоли да го пуштам ако се брза би го пуштила секако.