Јас само кога купувам сладолед замолувам да ме пуштат да наплатам преку ред па гледаат дека сум само со сладолед па се сожалуваат да ме пуштат
Кога не се брзам, сама нудам да одат пред мене. Кога времето ми е ограничено не ме интересира. Особено на лекар. Последно беше на гинеколог. Влага жена која и кажува на сестрата дека крвари цела недела и сега денес мора под итно да ја примат. Сестрата и вели ако е итно (кога веќе цела недела крварела и не одела на лекар) треба да оди на клиника, таа вика тука сум сакам матичниот гинеколог да ме види. Сестрата вика ако ве пуштат жените, ако не ќе си чекате, или ќе одите на клиника. Жената решава да чека, и бидејки јас сум на ред ме прашува да иде пред мене, бидејќи "имала мало дете дома". Јас и викам дека и јас оставив бебе од неколку месеца дома, и сите сме таму со мака, никој не се шета на лекар од забава. Прегледот брше рутински, помалку од 10 минути се задржав. Од принцип не ја пуштив. Ако можела да чека цела недела, може да си чека и ред. Јас лично не барам никогаш да одам преку ред, дури и да се брзам. И трудна, и со бебето во раце, ако сум тргнала да завршам некоја работа ќе си оставам време за тоа, а не на некој да му го реметам денот.
Ако имам потреба,учтиво прашувам дали може да ме пуштат пред нив.И јас пуштам луѓе преку ред кога учтиво ме замолуваат.
Луѓе сме и сакам човечки да се разбереме. Доколку некој учтиво замоли да го пуштам преку ред, би го пуштила. Во спротивно не би, посебно не со дрско однесување.
Здраво девојки, сакам да споделам една трудничка случка, малку сум разочарана... Во 9ти месец успеав да се разболам да кренам температура, па бев вчера кај матичната за преглед. Намерно отидов 1 сат пред крај на смена зошто знам дека тогаш ретко има и други пациенти. Нормално се погоди пола чекална да е полна... Влегов кај сестрата, ја прашав дали може да добијам предност со оглед на тоа дека сум трудна. Таа буквално си се повлече и ми рече „мораш да се договориш со пациентите надвор, јас не можам ништо тука“. Доброоо.... Ми беше многу незгодно ама собрав храброст и ги замолив да ме пуштат. Жената што беше до мене ме погледна шокирано, ми рече „зошто?“ (значи јас со стомакот во 9ти...), и викам „трудна сум“. Ми рече „не сакам да те пуштам, јас чекам од прееска, мачно ми е“. И викам „океј, те разбирам, не мораш да ме пуштиш“. Па ми изваде инвалидска книшка, ми рече дека и таа има право на предност, и викам океј, не е проблем. Е тука да завршеше муабетот ќе беше топ и све нормално, ама не издржа срце јуначко на крај да ми рече „јас не ја мафтам инвалидската книшка секаде, а можам, туку си чекам на ред“. Како што знам (поправете ме ако грешам), како трудници имаме право на предност, ама зошто сакав да го искористам моето право, пробаа така лошо да ме понижат. Добро е што сум истренирана да не се замарам за коментарите од другите, не си ставам на срце и такви глупости, ниту пак се докажувам нешто. Сепак не треба да се наоѓаме во вакви ситуации, а се секојдневие. Секој ден ми е се' појасно и појасно дека има премногу луѓе коишто, ако видат шанса да ги истурат фрустрациите на тебе, ќе го направат тоа без разлика на се'. Модератор: Дискусија префрлена од темата труднички муабети
Едно сфатив...во оваа земја ,со прост народ не постои човек кој ке те почитува ради тоа што си трудна ,ете толку сме злобни и просто некултурни. Од таа причина јас не ни барам никаде предност за да не се нервирам. Глупаци
Ептен исфрустриран народ сме значи, пукаме по шевови Чекалните во секоја институција се секогаш така наелектризирани, си викаш еден проблем да искрсне и може војна тука да настане Јас секогаш сум давала предност ако видам дека некој има потреба, давам предност дури и во маркет ако тој зад мене има малку продукти а јас сум со полна корпа. И да ви кажам нема да дозволам исфрустрирани луѓе и мене да ме исфрустрираат и да ме спуштат на нивно ниво.
Срамота! Кај матичен да чекаш во. чекална со болни од се и сешто... Брука Јас пред некој ден во маркет, влезена буквално само за една намирница чекар колона редица и никој буквално мува не го лази. Па јас онака да видам некој со една работа купена сум пуштала а не па трудна 9ти месец. Ептен ептен некултурен народ сме.
Не си во право, еве да те поправам дека рече поправете ме. Нема никаде правило дека на трудница се дава предност, ако се даде предност се дава од желба на тој што дава, а тоа најчесто не се случува на лекар зошто на лекар тие што чекаат може со 10 пати поголеми маки да се дојдени од трудницата. Да не ги нарекуваме прости луѓето што може 5 души пуштиле пред тебе и чекаат 3 саати, сепак не е праведно, нервозата доаѓа од хормоните, а не дека стварно ти се испонашале лошо луѓето За итни работи подобро оди на итна помош кај што нема да чекаш, а за неитни на матичен се чека на ред.
Да ама разно разни болести има по чекалниве... Посебно зборувам да се чека кај матичен... па тука имашѓи деца со Коксаки и Варичела и се и сешто. Јас искрено не би ни отишла на лекар за настинка баш од оваа причина.
Кај мене кај матичната пишува дека предност имаат трудници и мајки со мали деца. Не е правило, ниту закон, туку бон тон.
Па добро, ама тоа е веќе одлука на трудницата, ни матичниот ни пациентите не можат да направат ништо околу тоа, ако се оди на лекар тогаш маска и дистанца, за своето здравје мора сами да се грижиме, не можеме да очекуваме сите да ни се тргаат од патот. Се случува луѓе да бараат за све и свашта да се пуштат преку ред, ринглата ја заборавила пуштена, лошо и било, само за рецепт била дојдена, само да прашала нешто, и уствари пациенти што може едвај се довлечкале до ординација седат со саати зошто секој мисли дека треба да е пуштен преку ред. Мене прво срце не ми дава да ја користам бременоста на тој начин кога знам дека тие околу мене можат да се стари, со болести, изнемоштени, со притисоци, на жешково излезени и сега јас млада и издржлива, ама битно трудна. Бременоста не е болест и не е причина за итност, а ако има причина за итност не се оди на матичен туку на итна.
Таман си е, фала ти што ме поправи. Мене повеќе луѓе ми кажале дека трудниците имаат предност и јас така знаев. Кога испитувам крв на болница секогаш ме викаат сестрите да влезам кога ќе видат дека се испитувања за бременост. Веројатно за да не сум изложена непотребно на ризици во чекална. Како и да е, јас не се лутам зошто не ме пуштија. Ниту пак нареков некого прост заради истата причина. Тоа што сметам дека не беше во ред во оваа ситуација е понижувачкиот коментар на мојата најнормална молба. Као - како јас така се осмелувам да прашам
Никаде не сум ја искористила бременоста за нешто. Баш дури и кога одев на гинеколог за следење дур бев на строго мирување си чекав по час два во чекална седната. Ама бидејќи сум матичен лекар знам 90% зашто одат стариве изнемоштени на преглед... И секогаш би дал предност на трудница, бидејќи да, бременоста не е болест но имаме секакви бремености со различен ризик.
Ама нели те пуштале само доколку немало некој со потешка состојба пред тебе? Инаку не пуштаат ако чека да речеме некој тешко болен што треба да одмора. А не баш секогаш се гледа болеста надворешно. А така рекла зошто многу често се дешава по матичните да се пикаат луѓе преку ред без особена причина, не велам дека не можела да биде пољубезна, ама и ја разбирам донекаде.
Малку ти е контрадикторен постот. Членката отишла на доктор затоа што имала температура. Бременоста не е болест, но во случајов не одиш на доктор за маникир да правиш, туку имаш болест, а патем и си бремена. Па не е лесно воопшто да си бремена, згора на се со температури да се акаш по доктори. И нормално ќе одиш, затоа што не си сама, туку си одговорна за уште една личност во тебе. За диши диши, од хитна ќе те испратат само назад. И не може да генерализираш за секоја трудница, конкретно јас ниту можам да одам како што треба, ниту можам да седам како што треба. А не ми пишува на чело во каква состојба сум. Ако некој се смилува да ме пушти преку ред добро, ако не пак добро нека им служи на чест.
Не те разбирам. Во коментарот што си го цитирала зборувам за лабораторија и начин на работење на истата, не за прегледи и тешко болни. Не е моја работа да ги прашам сите во чекална што им е проблемот, па да пресудам кој има поголема мака и да направам редослед на чекање. Кај нас ретко каде има регулиран редослед на влегување, како бројчињата да се голема филозофија. Уште помалку има функционален систем за тие што навистина им треба предност. А јас не сум крива за луѓето што го злоупотребуваат системот за да сум изложена на туѓи фрустрации. Не сметам дека е погрешно ако имам потреба да си побарам предност. Ниту пак да дадам предност на некој што ме замолил. И сметам дека никој не заслужува да биде понижен за истото.
Сите што се тука може да се со температура, не само трудницата, никој тука не дошол за маникир. Ако те вратат од хитна, значи не си била хитна. Тоа што ти е малку неудобно, може да се издржи. Сум била бремена и никогаш не сум злоупотребувала на тој начин, особено не преку грбот на стари и болни. Има смисла да те пуштат преку ред во маркет, има смисла да ти одстапат седиште во автобус, на лекар може баш 10 пати некој да е со поголема мака од тебе.
Зошто да те почитуваат што си трудна? Ако можеш да одиш на работа, по шопинзи, да чистиш дома, и ред може да почекаш. Сите кога се болни се исфрустрирани. Плус ако влегол некој пред тебе преку ред. Никој не оди да пие кафе на лекар.
Ама како е злоупотреба нештото не те разбирам? Злоупотреба е да имаш перница под фустан да лажеш дека си трудна, за да очекуваш некој да те пушти преку ред. И пак пишуваш стари и болни. Епа бремена и болна и стар и болен кој според тебе треба да има предност. Да го жалиме стариот, а бременава кој ја врти. На хитна се знае какви случаи одат. За температура и кашлица, те молам, кој ќе те прими. Не значи дека треба дома да седиш, затоа што ти така сметаш. Зборувај си за себе од твое лице и за твоја бременост, но не можеш секоја да ја споредиш со твојата. Затоа што не знаеш прво низ што јас минувам, ниту пак било кој овде.