Јас овде некна на итна си чекав многу. Барав да ме примат оти бев прегладнета, немам каде да купам и веќе добивав вртоглавици. Значи културно замолив. И пак си почекав. Сите беа итни таму, обично ред не барам да ми отстапат. Со синко исто некни 40 мин чекав на забно и тоа на закажан термин.
Ама ако ти поминуваш низ нешто што е тешко поврзано со бременоста, од на итна нема да те вратат. Ако те вратат значи не ти е ништо повеќе од мала неудобност. Не може сите луѓе на трепки да стојат зошто сме биле бремени. Специјални снегулки сме? Тоа само мажите дома можат така да не тинтрат. Ако си итна нема ни да треба да прашуваш дали да влезеш преку ред, едноставно итна си и ќе добиеш терапија прва. Ако не си итна ќе почекаш ко сите луѓе што чекаат пошто на секого неговиот проблем му е најтежок. Ако влегуваа сите така, безредие ќе беше по ординациите. Фрустрации се ствараат и со право. 10 трудници може да дојдат дента на матичен, сите да се пуштат преку ред, другите нека пукнуваат од мака во чекалната, којзнае со каков сериозен проблем се дојдени.
Последниот пат кога имав температура се јавив на гинеколог, не ме прими. Ми рече не примаме трудници со темп. макар и со болки, оди си во болница. Се јавив кај матичниот, и они ме ме примија. Завршив на итна. Прашала, и одговориле. Ако се чувствувам “фит” и ако немам вистински термин кој ме гази со време во смисол градинка затвара, деца да земам и сл. давам и секогаш сум давала предност, сеедно каде. Ако се чувствувам дека сум пред онесвестувања претпоставувам дека сеедно кој стои пред мене би рекла извинете но не може.
Јас не мислам така. Ако има трудница пред мене, за штафета нека трча во слободно време, ќе ја пуштам преку ред. Ти не мораш. Јас знам низ што сум поминала и знам што значи да чекаш. Ти не знаеш и затоа така реагираш. Баш денес бев на доктор, старо лице дури ми рече, оди бутни се таму, бремена си не чекај. Не отидов, пак си го чекав редот. Биди си силна во свој свет, јас супер херој не сум, ниту имам потреба да се докажувам на некој колку сум издржлива.
Тоа се непишани правила кои доколку си нормален човек со манири ќе ги почитуваш. Замисли во градски на пеколов кај шо нема клими , никој да не ти отстапи место ?
Ти си знаеш. Јас грижа на совест ќе имам да се пикнам пред некого, а знам дека сум можела да си почекам. Не е тоа супер херој, тукј најобична култура.
Да одстапиш место ако можеш и сакаш. Ако не можеш, не одстапуваш и не треба да си коментиран и навредуван за истото.
Луѓе не ми се верува а дека воопшто отстапување место на трудница е тема на муабет за која се дискутира. Еве јас на пример ...цело време на жешково ми паѓа притисок и не можам да стојам. Замисли никој да не ми отстапува место? Очигледно живееме во различни светови. Во мојот е најнормално на трудна да и се дава предност секогаш секаде освен кога на друг живот му зависи и толку. Работата е до принципи и ствар на воспитување
Да, ама може тој што седи е пред онесвестувања самиот…и кој на кого ќе се лути или замерува. Кој може и сака ќе стане. Кој не може си знае самиот зошто. Има луѓе кои прва смена веќе одработиле и баш со последни сили седат, немаат ни една вода да си ја купат, па на право пладне се враќаат накај дома. Секој втор е со дијагноза и болест.
Еве пробам да замислам, што ќе ти се деси ако одиш на лекар со низок притисок и некој не те пушти преку ред? Ако се онесвестиш или ти се стемни од притисокот, ќе те пуштат и без да прашаш. Ако си само малку не енергична зошто од 120 со 80 ти паднал на 100 со 70, што ќе ти се деси ако не те пуштат? Што ако некој пред тебе е со слабо срце и притисок 200 со 150, зошто тој да ти одстапува место?
Не еве замисли ситуација , градски превоз, нема клима ,немам кола морам со автобус да одам, надвор е 39 степени. Седи на столче дете мало од 10 год и не ми отстапува место ,а јас стомакот до заби. Океј ти е ова?
Темата е чекална кај матичен, не автобуси. Веќе кажав наназад, едно е да се одстапува место во автобус и да се пушти преку ред на каса во маркет, сосема друго е да се бара преку ред на лекар кај шо никој не е дојден за убаво.
Дечки, членката се вознемирила поради ова. Прашала, не и дозволиле и тоа е тоа. Секогаш ќе давам предност на мајки со деца, трудници и стари лица, секако ако не сум пред умирање, а рековме кај матичен никој не е итен. Основна култура е, осет и посебно ако си бил на тоа место добро знаеш како е, па сочувствубаш. Вие другите секако не морате, не е правило.
А зошто да не те почитуваат? Секогаш сум давала предност на бремени жени и секогаш ќе давам. И никогаш нема да ги прашам дали бременоста им е тешка или лесна и тука да калкулирам јас дали треба да си почекаат или стварно стварно им е лошо па да им дадам предност. И види, океј, тоа е моја работа и не мора сите така да постапуваат - сите имаме право да одлучиме како ќе постапиме. Јас одлучувам да постапам така. Во врска со фрустрациите, и јас сум била фрустрирана и никогаш не сум се истурила на другите. Сум сведочела и злоупотреби, па не сум зела да се карам во чекална со луѓето. Ме замолиле за предност и секогаш сум ја давала без да барам објаснувања и докази за кој е потешко болен, кој е полесно болен. Не е во ред да се понижува некој зошто нешто прашал, замолил, побарал. Ниту пак да го тера да се докажува како во судница. Ваше право е да го одбиете, ама немате право да ги истурите фрустрациите и да судите. Јас се чудам до каде отиде муабетов. За хипотетички ситуации можеме сите до утре да дискутираме и да не стигнеме до заклучок. Ве гледам сите со илјадници коментари на форумов сте, и уште не научивте да дискутирате, ниту пак да читате освен тоа што ви одговара. Фала ти што ме сфати.
Труден не значи болен. Искрено потешко би ми паднало да нема столче одколку да си почекам и прекуред да сакам да влезам. А ја сфаќам и бабата, сакала да каже дека некои состојби се видливи, некои не се, и пак си чека. Не бара да ја пуштат поради состојбата и не ја вади книшката од ташна за да бара привилегиран однос.
Ама еве јас не сум Мк, и @danichap не е. Во многу покултурни држави сме, па не сум осетила разлика помеѓу мене и граѓаните. На Итна имаш тријажа, влегуваш и оценуваат колку си итен. Кај матичен исто. Во продавница и банка штом можеш да идеш, зошто да очекуваш отстапување на место?
Јас изгледам вака добро, но цела бременост сум со мачнини. Си чекам ред секаде, никој не ми отсапил место, не ни прашувам зашто знам дека ќе ми рече некој нешто, а не сакам да се нервирам. Нашиов народ е некултурен. Треба само старцине да се жалат. Ако си итен бре, ќе одиш на итна, а не глуми во чекална, а внатре кај докторот се смее, уште кафе да испие. А за коментарите на некои членки се згрозив. Какви злобни коментари од жени, мајки. Срамота.