Разговрот во четири очи не може да замени никаква друга комуникација. Тоа подразбира соодветно место за средба,доволно време за меѓусебна комуникација и секако дискреција.Избегнувањето на ваквата можност за решавање на проблемите значи немање доволно храброст,аргументи за полемика и волја да ги расчистите несогласувањата. Посегнувањето по телефон значи покажување на вашето вистинско јас во негативна смисла,т.е.кукавичлук.
Тешко ми е и на двата начина да признаам,НО таков тип на човек сум што никогаш несака да се крие под маски,да биде во сенка,да бега и затоа ако веќе треба да признаам тоа би го направила лице в лице
Во четири очи. Многу работи може да станат недоразбирање преку телефон. Кога нешто е важно и сакаш да го кажеш, сигурно е значајно да си присутен додека го кажуваш тоа.
Во четири очи дефинитивно. Преку телефон само повеќе се нервирам и на крај ништо нема да направам. Дали е добро или лошо,сакам да биде во живо.
Преку 4 очи на некој нешто кога треба,а преку телефон само со скриен ако некој треба да го зафркавам . Во главно потешко е во четири очи но барем си по храбар!
Во четири очи.Можеби е полесно да прекинеш врска или да кажеш нешто преку телефон,но тогаш се губи достоинството и почитта.За другата личност целосно излегуваш кукавица. Колку и да е тешко и лошо би избрала разговор во четири очи.
многу пати избирав во 4 очи да кажам се што ми лежи на душа, ама никој не го цени тоа! посебно не тие што ми е важно да го ценат. па така, се откажувам. и по фб би пишала веќе. кога ним не им е гајле што јас се препотувам додека да им кажам и признаам некои работи, и мене нема да ми биде. најлесно е преку порака, па така и ќе правам отсега па натаму
Дефинитивно во 4 очи. По телефон а посебно преку фб, во многу случаи можеш да бидеш погрешно сфатен..
се согласувам. пошо ти ако пишеш порака пример преку фб,а нешто комплицирано е .. тешко ти е ова она, он коа ќе чита може кје се смее истото е и со смс пораките.. најдобро е очи во очи
Телефон никако. Едноставно се губам, заборавам што сум сакала да кажам (ова важи за озбилни муабети). Фб ми е океј до некаде ама за озбилни работи практикувам четири очи.
Се сложувам дека никој не го цени кога нешто ке му кажеш во четири очи. Но сепак за да се каже нешто очи во очи треба да си многу храбар човек, а јас тоа ни од далеку не сум.Подостоинствено е очи во очи но за жал никогаш не сум имала храброст да кажам нешто тешко директно во очи. Можам да вртам, да ги вртам зборовите ама директно не, неможам, а сум за во четири очи зошто се губи она, вистинското. Друго е на некој на пример кога ќе му пратиш СМС за Нова Година, друго е преку честитка или во живо да се прегрнеш, да размениш некои убави зборови..
Во 4 очи! Особено за важни работи. А, преку телефон што ќе кажеш??? I just call to say I love you? Сигурно нема да почнеш со пеење.
Во четири очи преферирам за важни работи кога станува збор, освен во случај кога сум изреволтирана, па да треба да чекам некое време за да се видам со особата, не му ја мислам многу.. се јавувам и пукам. Тоа да не ми помине лутината па да оладам.. А и за да ми олесни, неможам долго да чувам негативни емоции и да се трујам.. порано можеби ке чував некое време во себе, ама сега дефинитивно не.
За се настојувам да кажам лично, а не преку телефон, пораки, па да се извртат работите. Но ! Има луѓе со кои никако не можеш да се разбереш во живо, па со нив морам преку пишување.