Поубаво ми е да разговарам во 4 очи. На телефон можам да кажам некои работи што во живо не би можела.
Очи во очи,што сакам да кажам и што сакаат да ми кажат.Можеби ми се има случено по телефон,но префирам очи во очи,па можно е и некој шамар да наиде во живо
Преку телефон или во четири очи ? полесно е да се каже преку телефон, но подобро е во 4ри очи. и јас сум за тоа, ако имаш нешто подобро кажи ми во очи отколку да ме одбегнуваш или преку смс, повик... сеедно
Преку телефон или во четири очи ? Полесно е да се каже преку телефон но некои тешко те разбираат .. јас кажав не идам денес... а тие до ваму да ме прашаат зашто ...Ете гледате очи во очи- да се разбереш ко човек... некои не разбираат што ќе им се каже.Па мислат некој ги лаже.
Преку телефон или во четири очи ? Мислам дека секогаш е подобро да се разговара очи во очи, бидејќи сметам дека така и се изразува еден вид на почит спрема другата личност со која треба да се разговара. Колку и да е болно или не знам што сепак разговор во живо е она правото. Разговорот по телефон отсекогаш сум го сметала за (се извинувам што ќе морам вака да се изразам ) "педерско бегање" од разговорот или проблемот. Позз
Преку телефон или во четири очи ? И јас сум за во 4 очи,посебно ако зборовите се кон некоја личност која ја почитувам,сум ја почитувала. Преку технологија е полесно,можам да ги одберам зборовите што ќе ги кажам,додека во живо можам да се збунам... Бившиот дечко ми има раскинато преку смс,откако 3 дена никаде го немаше,со содржина:Извини вака не дека немам храброст да ти кажам во лице,туку немам време.Бев повредена,лута.Подоцна сватив дека се секирам за некој што воопшто не ме заслужил,измина некое време,трчаше по мене,ме виде со мојот сегашен дечко.И се се заврши со моите зборови:Немам време моментално.
Преку телефон или во четири очи ? Ех, колку е лесно по телефон, кажуваш што имаш и ТРЕС слушалката. А за очи во очи, треба муда да се има што би се рекло Зависи од ситуацијата, ама јас би избрала очи во очи било како.
Преку телефон или во четири очи ? Јас во секоја ситуација би правела очи во очи муабет. Порано немало технологија, како можеле тие? Преку тех. не можеш да се разбереш, не можеш да воспоставиш емотивна врска и не можеш да му го измериш умот на другиот... Преку порака ми раскина бившиот (пред 1 години) и поидиотско нешто немам видено.
Преку телефон или во четири очи ? се согласувам со брајт .... секогаш сакам во 4 очи ... ако сум згрешила нешто знам да кажам извини никогаѓ не бегам ... мразам кога луѓето на мобилни се караат и оп спуштаат .
Преку телефон или во четири очи ? Телефон, мислам на мобилен не ни користам. На домашниот никој скоро не ме бара. Се шалам, имам раскинувано на многу досега преку порака, ретко на некој да му раскинев во очи Ептен срам ми беше од моменталната реакција... А и мала бев, ми се можеше Сега не, доколку раскинувам тоа ќе биде во 4 очи. Не сум повеќе детиште да си играм мајтап со кој како стигнам.
Преку телефон или во четири очи ? Не можам да се објаснувам по телефон . Дечко ми лошите работи не знае во лице да ми ги каже . Сега викендов демек ми раскина преку телефон , го викнав и дојде . Викам по телефон јак си нема што . По телефон или интернет не сакам ич побитни работи да кажувам , ни да ми кажуваат. Иначе и јас еднаш преку порака раскинав , па бараше дечкото во лице да му раскинам и му раскинав.
Преку телефон или во четири очи ? Мислам дека е најдобро во 4 очи,ама сепак е најлесно преку телефон. Не сум од оние кои сакаат да ги поштедиш од мака или од оние кои се кријат за да немора да ја видат реакцијата или пак да објаснуваат.Сакам се во очи да ми кажеш и се да ти кажам в лице.Нема трето кај мене. На еден му раскинав преку порака.Ден-денес ми лошо поради тоа.Ми иде да одам и му ре-раскинам во очи овој пат Еден ми раскина преку порака и уште неможам да му го простам тоа.Сега ме бара и се лигави околу мене,ама не би можела да бидам со некој онаков кој не е доволно човек за в очи да ми каже тоа што има.
Преку телефон или во четири очи ? Секогаш во четири очи!Ми се случило многу пати да дојде до недоразбирање кога нешто сериозно разговарам преку телефон или на компјутер па резултатот на крај е далеку полош од што требало да испадне.А и да,само кога зборувам со некој во четири очи може да ми се познае сарказмот,а често го користам,па така да секогаш погрешно ме сфаќаат доколку не ми гледаат израз на лице
Преку телефон или во четири очи ? Ух преку телефон е секогаш полесно. Не мораш да се справуваш со реакцијата на соговорникот. Но, тоа секогаш ми било кукавички чин. Ако сакам нешто важно да решам го правам во четири очи.
Јас лично сум коркач за такви работи па секогаш ми е полесно преку телефон да разговарам за што и да е, ама мислам дека е подобро во четири очи да се разговара за посериозни теми !
секогаш во 4 очи мислам дека тоа е најубаво и најискрено. кога се гледа жарта или омразата во очите. преку телефон неможе да се доволат вистинските емоции и чуства. тргнувајки од менесекогаш на почеток проблемите ги решавав по телефон саати и саати разговор и ништо не е решено. затоа сега само кажувам кога ке се видиме треба да разговараме и тоа што ке се каже во 4 очи било да е лошо или добро секогаш повеќе се цени. решавајте ги проблемите па макар и раскинувањата во 4 очи личноста на која и раскинувате се надевам повеќе ке ве цени, а ке си кажете и се што ви лежи на срце без да осетите титттт ви спуштил слушалка. а и некој кој ве сака не е убаво да му направите али чао и пријатно.
Секогаш гледам тоа да е во четири очи..така е најубаво...но доколку ми се брза а гледам дека другата страна не превзима ништо...е тогаш едноставно ставам на игнор.....а ако се уште не превзима ништо...е тогаш следи она мора да разговараме...па ако се реши да се видиме ок ако не..ке си добие заслуженото... И нормално многу зависи од тоа што е таа особа во мојот живот.
Секогаш проблемите ги решавам во 4 очи, без разлика дали се со позитивен или негативен исход. Некако криењето позади телефон ми е ептен детско.