во четири очи!!! кога се работи за да се договориме со другарките за излегување или сл. тогаш користам моб.тел., инаку повеќе преферирам во четири очи, а посебно кога се работи за решавање на некои проблеми ..
Аааааа во четири очи најдобро за мене...ко шо се замарам со ситници у стил каква фаца ќе напраи, на која страна ќе погледне а на која ќе Spoiler прдне откога ќе кажам тоа шо треба eye contact-от ми е ептен важен...важна одлука да соопштувам по телефон за мене е исто ко да си пресудам смрт од неизвесност.
По телефон е полесно, нема дилема, но според мене, тоа е кукавички начин... Во 4 очи е најдобро, според мене, и секогаш така правам кога се работи за сериозен разговор, сериозна одлука и сл. Сепак ми е битно додека разговарам со некој да го гледам во лице, да ги гледам движењата, реакциите на соговорникот, бидејќи и тие многу кажуваат, некогаш повеќе и од зборовите
Решавање за важни праша донесување на важни одлуки по телефон ? е ај ќе ти пишам во инбокс Во очи кажи што имаш да кажеш така е фер . Мислам кој има храброст да е полесно полесно е ако не ти се свиѓа муабетот реакцијата притискаш турн офф и готова работа ама не е тоа тоа
Дефинитивно сум за во четири очи. Тогаш можеш да заклучиш многу работи. Од неговата фаца, од вознемиреноста, да ја видиш нервозата на лицето. телефон, фб и слично ми е кукавички. Тоа е како едвај да чекаш некој да откачиш и го избираш ( најбезболниот ) начин за тоа.
Телефонските разговори мене лично,еве конкретно за врска ќе се изјаснам ми носеле најмногу кавги и недоразбирања поради недореченост,неуспевање да се чита невербалата конуникација и сл.Нема шанса нешто крупно со некој кој многу ми значи да го решавам по телефон,или преку нет или на друг индиректен начин-мора да е во 4 очи јасно и гласно соопштено.По телефон водам онака неврзани разговорчиња во стилот да ми пројде време или договарам средби,а за битните нешта директен и искрен разговор е единственото нешто што го сметам за фер-плеј,а јас настојувам да играм така.
Со согласувам. Не ми е проблем да разговарам на било која тема и да го кажам своето мислење, иако тоа можеби некогаш и ќе ја повреди другата личност, но сметам дека е поубав разговорот во лице бидејќи на тоа гледам како конструктивно, да се најде решение. Е сега нормално, не можеш секаде да се мешаш па и подобро е некои работи да ги одмолчиш. Но тргнувајќи од себе, секако ми е поубаво да слушнам реално мислење во очи, отколку по телефон или (не дај Боже) зад грб. Нема ништо победно од тоа. Го делам мислењето. Преку телефон најчесто едната страна останува неразбрана или недоискажана, а неретко и двете.
Дефинитивно во 4 очи. За разлика од многу постови што ги прочитав дека по телефон било некако полесно да се разбериш со некој, или поотворен да бидиш, јас па имам проблем со тоа. Секогаш подобро се изразувам лице во лице. Користам многу гестикулации, говор на тело и мислам дека по телефон не можам да се изразам како што сакам. Исто битни ми се и реакциите на соговорникот. Сите разговори кои ми се побитни ги водам очи во очи, дури се чувствувам како "осакатена" ако ја немам таа можност. И за добро и за лошо секогаш кога правам со некој муабет сакам eye to eye контакт. Телефонот е да се договориш кога и каде ќе се видите, барем кај мене е така.
Дефинитивно во четири очи, да полесно е по телефон, но во четири очи мислам дека е ем подобро (не е кукавички, како да бегаш) ем имаш можност подобро да се искажеш. Со оној мојон, кога се караме по телефон, е тогаш обично не зборуваме цел ден или ден два, а кога се караме во четири очи, е он тогаш секогаш попушта...затоа скоро секогаш кога се караме гледам да не е преку телефон
Во четири очи. Иако во последно време, избегнував такви разговори од причина што се чуствував послободно некои работи да ги кажам преку телефон(или интернет),сепак сум за разговор во четири очи. Но, ако се работи за некои небитни работи, пример договарање за излагање, тогаш и телефонот ќе заврши работа
Во четири очи-дефинитивно, особено кога е важен муабетот или треба да се донесе некоја важна одлука. Сакам да го гледам соговорникот во очи и да ја забележам неговата реакција. Сепак не е исто по телефон или фб, иако е многу полесно.
Преку телефон е полесно но ми изгледа многу кукавички па ја практикувам втората опција ,,во четири очи,,. Секако дека не е така едноставно во очи да се каже нешто колку што е лесно да се напише во порака, но сите работи не се така едноставни и бараат многу подолго образложение од порака со 2-3 збора.
Зависи од ситуацијата, со една пријателка се скаравме и се и нареков преку телефон, едноставно не можев да ја видам повторно пред мене, ќе ја убиев жими се. Инаку сум личност која практикува очи во очи да ги решава проблемите, така можам да откријам дали лаже или не.
па најчесто во четири очи така сакам да ги решам недоразбирањата бидејки преку телефон сите можеме да сме силни и да си кажеме што сакаме ама кога ке се дојде до средба е тогаш е густото затоа и го преферирам оваа првото така е најдобро ако има нешто да се каже нека е во четири очи тогаш ке видиме за каков човек станува збор
Koга нешто ми смета , не бирам телефон или 4 очи. Сеедно . Пцујам и вака и така. А кога има некое стварно недоразбирање , секако дека подобро е да се дискутира во 4 очи , но полесно е преку телефон. Некогаш така налагаат и условите. Ипак мислам дека битен е и јазикот на телото , да приметиш некој како реагира на тоа што му го кажуваш , дали блефира итн итн.
Ајде да сфатам ако некој не сака да ми каже нешто во 4очи,може да го избере телефонот,ама да ми пишува реферати на фб за мое однесување и без да ме праша ништо за конкретна ситуација-да ми посака се најубаво во животот-моја бивша бест другарка -е тоа никако не ми оди... Некогаш некои работи е поубаво по телефон-ако немаш храброст во четири очи,но можеби од спротивната страна би биле навредени и би рекле-а зошто не ми каже во четири очи...еве и за некои луѓе јас истото го мислам кога некои ствари ми ги кажуваат по телефон-си велам -што не дојде во четири очи да ми каже,значи нема доволно храброст,или пак лаже,па преку телефон е и далеку полесно.. Еве кога ќе почнам расправија со дечко ми-он ми вели-по телефон несакам ништо да дискутирам-или недај боже по смс-кога ќе се видиме ќе разговараме и да во право е.... Секогаш треба да се чујат и двете страни,а ако има проблем да се реши во четири очи ,а преку смс ,фб,телефон многу полесно е...дури и го понижуваш другиот со тоа....јас се осеќав понижено кога другарката ми прати порака на фб,и на нејзиниот реферат и вратив со-барем можеше да се јавиш,на фб е многу лесно секој да напише,а btw фб не ми користи како средство за комуникација потоа слушнав дека ме исмевала на другите другарки што сум рекла така,ама нејзино е -и да не бидам оф-поубаво е во четири очи,ама да се наоружаш со доволноооо храброст
кога се работи за врска-дефинитивно во 4 очи, иако знам дека се губам целата, ама така е подобро, а да ми раскине некој преку телефон... тој би бил мртов за мене
Мислам дека во 4 очи е по добро но најчесто лугето знаат да го користат полесниот начин често кажан по кукавичкиот со користене на телефони ,фејсбук