Кога зборуваш преку телефон(или на фб) од каде можеш да видиш што кажува неговит израз на лицето? Како ќе ги видиш очите кои се прозорец на душата? Во 4 очи дефинитивно.
Точно. Можеби превртува очи, иако кажува нешто сосем друго. Како и да е секогаш сум за 4 очи, никако телефон , сметам дека тоа е премногу кукавечки и полесен начин да не се соочиш со тоа што треба.
Во четири очи дефинитивно. Преку телефон е полесно да, но од каде ги знаеш неговите реакции преку телефон? А вака во четири очи ќе видиш и како ќе реагира и се, иако треба храброст и спремност да се прифати спротивната рекација.
Варијантата со телефонот, ја претпочитам само ако станува збор за нешто, за што разумот ми вели дека треба така да биде, додека срцево си тера свој филм. Пак, за да не ме истурка по негово, повеќе сакам без да го гледам во очи другиот, пошто, ако станува збор за некој, што ми значи, просто невозможно ми е да се преправам. Инаку, кога разговарам за било што, макар и да треба да повредам некого, а е нешто во што цврсто сум убедена и нема емоција, нема ништо, тогаш средбата е во четири очи . Кажувам директно, не заобиколувам, не многу се штедам, но гледам пак да не навредам, повредам, макар што кога ќе ме изнервираат оваа финава, мила фаца станува ѓаволески страшна. Бар така велат , шо знам јас знам дека сум душа човек, само дома да не го примаш џаст кидинг.
Телефонот е направа која се поретко ја користам во последно време! Повеќе користам интернет отколку телефон. НО, кога нешто сериозно треба да се соопшти, кога треба да искажам некоја важна одлука тоа го правам во четири очи. Една слика говори повеќе од милион зборови. Колку што ќе прочитам од изразот на лицето не може да ми биде искажано преку телефон....
Секако дека е полесно преку телефон.Но за некои важни работи не може преку телефон мора тоа да биде во четири очи.
Ако нешто сум изнервирана во моментот, стварно не бирам дали е преку тел кажано или во четири очи.Не можам да се стрпам додека да се видиме па ќе си кажам и на тел. тоа што имам да си кажам.Ама ако нешто го планирам муабетот за правење со конкретната личност, тогаш сакам да е во четири очи за да си се искажеме и двајцата се сшто ми лежи на дужа, бидејки преку тел може да остане човек и недоречен.
Многу е јасно дека преку телефон било каков сериозен разговор е полесен. За да кажеш нешто некому в лице треба претходно да собереш храброст !
Не преферирам преку телефон но секогас си имам работа со некои не толку храбри па ми настојуваат преку тел да казам сто имам да казам а јас пак обозавам да дискутирам и сакам во очи да ме гледаат,сакам да анализирам и да ја продлабочам ситуацијата мозе ке ме лазе оти само очите откриваат,незнам ама несакам преку телефон да дискутирам јас би мозела да разговарам па и најоцрнета да сум или единствената виновна во ситуацијата,најдобро е храбро да си стоес зад последиците
Навистина е полесно преку телефон, но избегнувам да правам битни разговори преку телефон. Сепак во четири очи е поинаку, подобро можам да се искажам и да користам гестикулации, а и веднаш можам да ја видам реакцијата на соговорникот
За поважните работи најдобро е разговор во 4 очи. Всушност мене глупаво ми е некој да ми се јави и ми кажува некоја лоша вест на пример во последен момент ме извисил за нешто важно и ми зборува и ан крај „Чао“. Тоа ми е кукавечки.
Некако баш ми е финта она староно, ти лута, дечко ти ѕвони на телефон и ни едно, ни две, штрас слушалката. Во секој случај, телефонските разговори не толку многу, ама интернетов и те како води до недоразбирања. Едно време дури и имаше новости дека кога се пишува e-mail, ќе има постоечка опција која би го одредила тонот со кој зборувате. Паметам кога моја братучетка имаше ставено на топиц на мсн одредена фраза која доловуваше момент за раскинување. Дечко и ја праша сакаш да раскинеме? -се почувствува погоден од напишаното и се прашуваше да не и се мота тоа низ глава. Таа пак разбра дека тој сака да раскинат и ја прашува дали е спремна за крај на врската... Главно, кога станува збор за сериозни нешта кои сметам вредат да бидат кажани во четири очи, макар тешко да е, избегнувам индиректна комуникација и непожелни недоразбирања преку интернет или телефон.
Телефон - средство за споделување на кратки и битни информации од типот на - ќе доцнам 5 минути. Може да се сретнеме на друго место, ме зафркна таксистот а не сакам да ти доцнам? Седнав во тој и тој кафич, таму и таму, те чекам. И слично. Воглавно го користам за договарање, немам обичај да водам километарски разговори, не сега. Тоа ми се случува навистина ретко. Порано знаев да заседнам на телефон со часови, верувале или не и со комшијата кој живееше на два стана од мене. И после саат време му викав - а да се качеше кај мене? - Ај важи. И го гледаш збори со мене и се качува со безжичниот Денес? Денес по телефон велам - таму и таму во толку и толку часот, ај ќе правиме муабет кога ќе се видиме, не ми се зборува сега за тоа. Најсериозно избегнувам што и да е по телефон, а особено битни муабети. Јас искрено веќе не знам по телефон ни муабет да правам, сакам се во четири очи. Сакам да видам реакција, да имам интеракција со дотичниот. Скајпот не го рачунам - ако сум далеку од личноста, тогаш да - подобра варијанта ми е скајп. Но во спротивен случај сакам да испијам кафе, да се прошетам со кој и да е а не да правам муабет по телефон. А раскинување по телефон не дај Боже по порака, мејл, фејсбук? За ова мавам клоца и е израз на крајно кукавички и детски начин на однесување. Јас пораснав од такви глупости и можеби затоа не ја разбирам многу младава генерација, или барем дел од неа, кој проценува се низ призма на некои виртуелни кликања на маусот и куцање на тастатура
Сега телефонот застарена ствар е....финтата е да се расправаш по интернет... Шала на страна, ми се случува на телефон да се испорасправам или да се излигавам, но не толку често, повеќе сакам да се слушнам со пријатели и роднини кои не живеат блиску до мене за да ги видам.
Мразам долги телефонски разговори... ме нервира кога некој ме задржува на тел. без разлика дали станува збор за битна или помалку значајна тема на разговор! Повеќе сакам битните разговори да ги водам во 4 очи, но не секогаш е лесно и не секогаш имам возможност со секој да зборам во очи! Од тие причини се случило понекогаш да ми послужи телефонот и за битни разговори! Можеби е полесно преку телефон, но сепак е многу подобро во очи!
Секако дека е полесно преку телефон да се кажат чувствата. Или преку мсн, скајп. Но дали е тоа, тоа?! Така е многу полено да се скријат чувствата. Дали јас кога човекот не го гледам во очи, знам како се чувствува? Дали јас преку телефон знам дали му е тешко, лесно?! Јас секогаш преферирам со тој/таа што треба да разговарам, да разговарам во четири очи. Бидејќи само тогаш сум сигурна. Очите се огледало на душата. Тие никогаш не лажат
Па фала богу дека битните муабети треба лично да си се кажат. Ама па сеа ако има некоја дешалица, и е присатно она кентвејт чувство, тогаш се раскажува по телефон.
Битните разговори секако мора да се водат во 4 очиња, доколку телефонски или преку нет стварно не ми личат тие разговори на нешто, најубаво кога ја следиш реакцијата на соговорникот како ја прима пораката. Вака тешко малку .