Секако дека разговор во четири очи е најдобро, но кога се нема таа опција и преку телефон е добро. Разговорот не е битен каде е направен,битно е да се направи.
Oбично разговорите по телефон ги користам за место,време..Сакам секој разговор да ми е во 4 очи,без разлика важен неважен!
Јас ко прво на телефон незнам да зборам, не па ќе кажувам важниработи(ова со намера споено) Дефинитивно во 4 очи.
Телефон никако!Ке се збунам од самата помисла колку ќе ми изнеува сметката на телефонот од таквиот разговор. Штом е нешто важно значи треба очи во очи да се каже и секако да дадам објаснување.А преку телефон ке треба да си скратам од објаснувањето што никогаш не можам, мора да се искажам до крај а во краен случај и пцуењето (мада тоа не го права но не знам кога може да ми пукне филмот ) Подалеку од вакви ризици. Во 4 очи најдобро е.Може би е потешко но нема подобра вистина од онаа што ке ти биде кажено во лице
Подобро е во 4 очи, но незнам зошто секогаш ми е полесно по телефон. По телефон кажувам се што мислам а кога разговарам во 4 очи сум повоздржана и бројам до 10 пред да кажам нешто..
Полесно ми е што и да е, да го кажам во лице, преку телефон и спикер јасно не зборува, никогаш неможеш да се разбереш убаво и секогаш погрешно можеш да бидеш сватен. Кога некој ептен ми се изгадил до таа мера да несакам да го видам, работите остануваат неразјаснети или ги разјаснувам преку ФБ или во 4 очи ако е тоа неизбежно. Како и да е кога некој е крив што и да му кажеш ќе го преврти во друг контекс и усмери во своја корист, нема шанси да се разбереш.
Во очи дефинитивно. преку телефон може и да не се разбереме убаво, а и друго е кога се зборува во 4 очи, тогаш можеме да го видеме говорот на телото на соговорникот, некои изрази кои ги прави кои можат да помогнат во ситуацијата. Преку телефон ми е стварно глупо. Само може преку телефон да му/и кажам дека треба да зборуваме, а што и како не.
Секако дека најдобро е работите да се кажуваат во четири очи иако ретко кој тоа го може.. Барем јас, премолчувам тоа што навистина треба да го кажам, нешто ме спречува, ме кочи.. Немам храброст, се плашам да не повредам некој, со еден збор во живо ретко коа знам на некој да му речам НЕ, а и од друга страна некои работи се многу болни коа се кажуваат, а и јас сум доста чувствителна па не би сакала да пуштам солзи пред некого.. Додека на фб, мсн или преку телефон полесно ми е да го искажам своето мислење.. Знам дека ова е погрешно, но ете срцето не ми дава, се надевам ќе се смени тоа во брзо време
Ако јас се прашувам, би направила измени во денешниве технологии, бидејки колку и да ни се корисни, ни ја одземаат самодовербата. Ретко кој денес ке чуеш дека се пуштил, без претходно да не го аднал на фб, всушност и таму почнува и се дообработува 80% од работата. Лајк за времето кога постоел на врвот од хиерархијата разговорот во четири очи за која и да е тема, бидејки поискрено и пореално од тоа нема. Многу потешко е да се излаже гледајки некого во очи, а и чуствата и емоциите се далеку поинакви одколку преку телефон или интернет. Па кога ке размислам подобро, и телефонот одамна изгуби како посредник средство, од интернетов, а каде каде остваруваш поблизок контакт и преку телефон, додека интернетов ми е како глума, се можеш да пишеш и секоја емоција да ја одглумиш- претставиш. За крај, четири очи и ништо друго!
Кога сум сигурна во тоа,и кога сакам да нагласам на тоа во четири очи секако,по телефон и практикувам многу,многу
кога и да се караме со дечкоми он на телефон е мн посилен а кога ке се видеме у четири очи он не знае да збори,тогаш не знае што да каже и што да направи и затоа секогаш кога ке треба нешто да се реши секад ја у 4 очи,а на тел мислам дека нема ништо да се реши
Bо 4 очи нормално.Cмрт ми беше со бившиот кога ке се скаравме по телефон,ке ми спушти и после не крева се осекам како да имам толку зборови да кажам на врв на јазик ми стојат а не можам да ги кажам зошто не крева или не сака да се видиме.
Дефинитивно во четири очи..секогаш сум го почитувала тоа.. дали било добро или лошо секогаш практикувам средба..пошо сепак преку телефон неможеш да ги видиш/осетиш истите чувства како коа ќе се видиш со личноста.
смешно е тоа што сите се много силни и много брбливи на телефон,а коа ке дојде ситоација очи у очи е тад е друга прича,тогаш сите некако не знаат или забораиле што требало да кажат како пример ке кажам кога и да имаме кавга со ддечкоми он коа ке се јаве на тел е мн силен па вреска,па се закануе ,еден куп срања,у тој момент ја не вракам на кавгата зашо знам он може се да каже ,а коа ке бидеме очи у очи он се згрчува заборава и дека се налутил и дека имало кавга ,коа ке го прауам што е сварта у кавгата он не знае он се згрчува ке ме гушне и ке каже ма заборави тактика очи у очи
Претпочитам сите вести или новости да ги кажам во лице..епа сега ви се допаднало или не тоа е..Преку телефон ми изгледа многу глупо.Па јас сакам да го видам изразот на лицето на личноста..Каква фаца ќе направи,како ќе изреагира на лице место.Преку телефон ми е полесно ако не е ништо сериозно.Или пак ако ми се брза или пак немам време тогаш сигурно ќе соопштам преку телефон.Ама,како и да е, во четири очи може да се изрази и сочувтво и емоции !