Во четири очи! По телефон си праам муабети колку да ми измине времето, да се позавркавам со некој или да се договорам кога што како. А да напраам некој поважен чекор преку телефон, тоа НОУ ВЕЈ! Сакам гледање очи во очи кога зборувам за нешто важно
Преферирам зборување во четири очи. Се што некој ми го кажал преку телефон, интернет социјалните мрежи исто како да не ми го кажал. Има исклучоци секако, некогаш не е можно да се сретнете, но повеќе сакам разговор во живо, отколку виртуелен.
Преферирам тет-а-тет средба меѓутоа немањето време и обврските си го прават своето и се повеќе дружењето ми е по телефон. Со мм се фаќаме на моменти како и за важни животни прашања се договараме по телефон, но тоа е веројатно последица на брзото темпо кое ни го налага животот и работата.До пред некое време ми беше чудно ,но сега се навикнав и сметам дека подобро некако отколку никако,па ја вртам поинаку работата односно кога имаме слободно време и кога сме заедно се препуштаме само на уживање
oчи во очи , нормално. за важна работа што сакам да ја кажам или чујам, преферирам live-средби. а за не толку битни работи, го користам телефонот, за нешто онака на кратко. иако имам некои другарки што се и сешто зборат по тел. и тоа по саат-два, губат време (а богами и моето го губат), кога ќе сфатам дека пола саат ми кажувала како била облечена завчера мувачицата на нејзиниот екс дечко и си викам WTF am I listening to?? sometimes i'm too good & nice, when i really wanna say FUCK OFF
Полесно е преку телефон, али ако се некои важни работи сепак подобро е во четири очи и ја да го гледам и он мене
Дефинитивно во 4 очи !!! Сакам работите да ги решавам во 4 очи, а не по телефон или по пораки. Страшно ме нервираат луѓе кои немаат храброст да искочат и да кажат се што имаат.
Секако дека во четири очи е подобра опција. Но сепак, денес ретко кој може искрено и отворено да ти каже се` во очи. Можеби донекаде причината е тоа што луѓето се плашат да не го повредат соговорникот, но мислам дека повеќе е до тоа што на сите им недостасува храброст и со отварањето на картите лице в лице, се плашат од реакцијата на другиот.
Ниту еден разговор, не е како во 4 очи. Кога го гледаш човекот, искреноста и намерите во неговите очи.
Отсекогач било полесно преку телефон.Но треба да собереш храброст и да искочиш пред тој некој во очи да му кажеш се.Мене никад не ми било срам да му кажам на некој во очи,мене лично ми е глупо преку телефон.Сакам да ја видам неговата/нејзината реакција кога ќе кажам нешто бажно.
зависи од што... на почеток може ке ми е полесно преку телефон а потоа ке може и пред очи.. ама повекето работи се за очи во очи
јас повеќе би практикувала очи во очи само мојот карактер да би ми дозволил да истрпам и да кажам све што мислам ама не е секогаш така кога ќе ми дојде нервозата не трпам и не бирам време ни место кажувам само
преку телефон локацијата,а разговорот во четири очи,обично во ресторан да се види и слушне,секако ако има можност се наоѓа солуција без викотници и псовки макар што мое мото е НИТУ ЕДЕН ПРОБЛЕМ НЕ Е НЕРЕШЛИВ
Јас и за нај мала ситница сум практикувала "Еј имаш време да се видиме да правиме убаво муабет? " За некоја важна работа никогаш ама баш никогаш не сум оставила на телефонот,тоа според мене е многу лоша работа. Е сега многу пати ми се случило кога од некој друг нешто зависи да нема храброст да ми каже да се видиме па еј еве преку телефон. Сметам дека за што и да е најубаво е муабет во четири очи.