Секогаш во 4 очи сакам да зборувам со некој,посебно кога е важно нештото.По телефон ми е нкако извештачено и никогаш не можам да зборувам преку телефон,но некогаш кога веќе не можи да се зборува лично тогаш преку телефон.
Во четири очи. Јас сум од оние личности кои не сакаат многу да зборуваат по телефон, едноставно не е тоа тоа.
Да бидам искрена, за некои работи ми е многу полесно да ги кажам преку телефон, но сепак... Не е тоа-тоа. И јас како многумина од вас преферирам во четири очи.
Иако повеќе сакам во четири очи, почесто зборувам на телефон. Некои работи стварно неможам да ги кажам во очи..
Во 4 очи. Директна личност сум без многу влакна на јазикот и не ми смета некому нешто да му кажам во очи иако е некогаш полесно преку телефон.
Во 4 очи е најубаво кога се разговара ќе можеш да видиш и дали те излажале и дали вистината ја кажуваат
Ако треба да се дискутира за нешто преку телефон, не ме бидува. Немам зборови во тој момент. А кога зборувам во четири очи како навиен часовник сум. И со факти се бранам и со се живо. Имам сила во тој момент...сакам квалитетен разговор.
преферирам во четири очи бидејки коа ќе кажам нешто неможам да знам каква фаца ќе напраи личноста позади слушалката така да ако имам проблем викам на кафе и го кажувам. таква личност сум што и да ти лажам на телефон и во живо пак ќе ти напоменам за таа тема.. нема спас
Порано гледав се да решам преку телефон, да не речам преку пораки. Сега не можам тоа да го замислам. Посебно кога се работи за некоја важна работа. Ако ептен немам избор и морам тоа да го направам преку телефон, тогаш оправдано, но преферирам разговор во четири очи. Инаку, порано и јас, а и многу мене ми имаат соопштено важни пораки преку телефон. Сега ми е незамисливо тоа, и детски.
Па ретко кој би одбрал во четири очи бидејки така е малку потешко, треба храброст да се каже, додека по телефон е многу полесно и затоа лугето избираат такво начин на раскинување и сл. Мене ме нервира преку телефон или преку пораки, значи ако сакаш нешто да ми кажеш, во лице кажи ми го, бидејки на секој му е лесно да искуца една порака
Секогаш кажувам во лице, не ми е гајле колку ке се лутат, иако 15 години, и знам дека вистината боли, ама јбг
Сум имала и такво и такво раскинување и искрено подобро е она преку телефон. Памтам кога раскинував во живо настана драма - Ама зашто? Ама јас те сакам,ама неможам без тебе,ама би умрел без тебе..плачење,лигавење..драма.. незнаев каде да бегам и се покаав што го видов воопшто. НО! кога се во прашање долгите врски тогаш дефинитивно раскинувањето треба да биде во четири очи од многу причини. -Сте планирале премногу работи заеднички за се да пропадне без причина. -Доволно се познавате и се знаете за да отидете без одговор. -Си верувате и сте потрошиле долги години заедно за да останете без прегратка. Сум раскинувала (демек) неколку пати со сегашниот но секогаш било во живо затоа што тогаш се чуствуваат оние прави емоции кои ни кажуваат како да одиме понатаму а и се прават многу подолги,повредни и поискрени разговори. А кратките,авантуристчки врски ? Брате,заштеди време и нерви - телефонот и чао пријатно.
Сакам преку четири очи! Затоа што тука можам да ги видам сите емоции а не преку телефон! Очите кажуваат се,сами зборуваат. А преку телефон некој да се кара или пак да раскине врска е тоа мене ми е многу педерски,ама најсериозно. На телефон ми се прават сите "јунаци" а на мегдан ко ќе ги видиш сите "зајци".
Во четири очи.. Многу подобро се чувствувам кога ќе кажам све во очи од колку преку телефон, смс .. Но секако дека постојат и работи кои не можеме баш лесно да ги кажеме во очи па затоа го избираме полесниот начин т.е (смс,пораки,интернет )