Во четири очи дефинитвно! Зошто?Еве зошто: - трошам пари зборејќи на телефон -Не можам се да и кажам на другарка ми по телефон,нема да ми остане доволно кредит -подобро се разбираат луѓето во живо и многу други причини... Знам дека сум голем филозоф,но такво е моето мислење,а како што се унапредува технологијава,мислам дека луѓето во иднина нема да излегуваат надвор,туку ќе бидат залепени со очите пред компјуетери!
Полесно е преку телефон, а лесно е и во четири очи само треба да имаш храброст за тоа, а јас најчесто немам.
4 очи дефинитивно, ако имам нешто да кажам кажувам у лице, преку телефон или нет не е истото чувство неможеш да ги видиш убаво реакциите и емоциите
Во четири очи!! Имам храброст секогаш на било кој да му кажам во четири очи, храбра сум Преку телефон прават кукавици, кои немаат храброст и се срамат, ама тоа е...
Друго е во очи преку телефон делува малку кукавички, како да немаш храброст во очи да решиш и кажиш некои работи
Во четири очи, дефинитивно. Многу повеќе го ценам тоа кога некој има храброст да ми каже нешто во лице, било што и да е.
колку и да ми кажува некој нешто преку телефон не признавам ,подобро да ми каже во четири очи (во лице што велиме ние),али ако си има храброст
Зависи што е. За некои такви другарски меѓусебни проблеми треба да се решаваат в лице, исто како и раскинувањата. Толку е подло да му раскинеш на некој преку телефон или порака, така излегува како ти воопшто да не си имал почит за таа личност па да и го кажеш тоа во лице. Но за некои работи кога личноста па ептен да нема храброст да ти каже нешто во очи, да кажам дека донекаде е прифатливо да го направи тоа преку телефон.
Во четири очи. Со раскинувањето или било што важно кажано преку телефон или на Фејсбук, за мене е кукавичлук од страна на тој што го кажува, а не за да го поштеди соговорникот. Повредениот секако ќе страда. Тој се штеди себе и исклучиво само себе. Се се решава во четири очи најубаво, а најнечовечко нешто ми е раскинувањето преку телефон. На мои другарки им се има случено и по ФБ и по телефон. Кретени... и веќе ништо да не му значиш тоа е почит кој ти го должи. Секој ден му се заблагодарувам на Господ што бев доволно паметна да не навлегувам во безначајни врски на кои од почеток им се знае крајот.
Секогаш. И тоа го очекувам за возврат. Дури и кога сум крива, се јавувам за да се видиме и да си кажам што имам за кажување. Не се кријам зад суќната на мама..
И убавите и лошите работи секогаш треба да се кажуваат во четири очи, никако по телефон... Кога на некого ќе му кажеш дека го сакаш треба да го гледаш во очи, да го прегрнеш и да го бакнеш, а тоа по телефон неможеш да го направиш...
Хм и кога ми делува дека ми е полесно преку телефон одбирам да разговарам во четири очи. Тоа е многу подобра опција. Секогаш добивате подобри резултати кога ќе го одберите потешкиот пат.